← Luke (22/24) → |
1. | Наближуваше празникот на Бесквасните лебови, кој се вика Пасха. |
2. | Првосвештениците и закониците размислуваа како да Го убијат, но се плашеа од народот. |
3. | Тогаш сатаната влезе во Јуда, наречен Искариот, еден од дванаесеттемина. |
4. | Тој отиде и се договори со првосвештениците и со заповедниците како да им Го предаде. |
5. | А тие се зарадуваа и се договорија да му дадат сребреници. |
6. | Тој се согласи и чекаше згодна можност да им Го предаде, кога ќе биде одвоен од толпата. |
7. | Дојде денот на Бесквасните лебови, кога требаше да се заколе пасхалното јагне. |
8. | Тогаш ги испрати Петар и Јован, велејќи им: "Одете и пригответе ја Пасхата за јадење!" |
9. | А тие Му рекоа: "Кај сакаш да ја приготвиме?" |
10. | Тој им рече: "Bидете, кога ќе влезете во градот, ќе ве сретне човек кој носи стомна со вода; одете по него во куќата во која ќе влезе |
11. | и речете му на домаќинот: 'Учителот прашува: Кај е гостинската соба, во која ќе ја јаде Пасхата со Своите ученици?' |
12. | И тој ќе ви покаже голема и наместена горна одаја, таму пригответе!" |
13. | А тие отидоа и најдоа како што им рече и ја приготвија Пасхата. |
14. | А кога дојде часот, прилегна Тој крај трпезата и апостолите со Него, |
15. | па им рече: "Имав желба да ја јадам оваа Пасха со вас, пред да настрадам, |
16. | зашто ви велам: нема веќе да ја јадам додека не се исполни во Божјото царство." |
17. | И ја крена чашата, се заблагодари и рече: "Земете ја и поделете ја меѓу себе, |
18. | зашто ви велам, нема да пијам од лозовиот плод додека не дојде Божјото царство!" |
19. | Потоа го зеде лебот, се заблагодари, го раскрши и им го раздаде, велејќи: "Ова е Моето тело кое се дава за вас; правете го ова за спомен на Мене!" |
20. | Исто така, по вечерата, ја крена и чашата и рече: "Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв, која се пролева за вас. |
21. | Но, ете, раката на оној кој Ме предава е со Мене, на трпезава. |
22. | Зашто Синот Човеков оди, како што е определено, но тешко му на оној човек кој ќе Го предаде!" |
23. | И почнаа да се расправаат меѓу себе: кој ли ќе е меѓу нив тој што ќе го стори тоа. |
24. | Настана и расправија меѓу нив за тоа кој е од нив поголем. |
25. | А Тој им рече: "Царевите на другите народи владеат над нив, а оние кои господарат над нив, се викаат добротвори. |
26. | А вие, немојте така! Туку, најголемиот меѓу вас да биде како најмалиот, а водачот како слугата. |
27. | Зашто, кој е поголем - оној кој прилегнал крај трпезата или оној кој слугува? Зар не е поголем оној кој прилегнал крај трпезата? А Јас сум меѓу вас како слуга. |
28. | Bие сте оние кои останавте со Мене во Моите искушенија. |
29. | И Јас ви го определувам Царството, како што Мојот Татко Ми го определи Мене, |
30. | за да јадете и да пиете на Мојата трпеза, во Моето Царство, и да седите на престоли и да им судите на дванаесетте племиња на Израел." |
31. | "Симоне, Симоне, ете, сатаната побара да ве просее како пченица, |
32. | но Јас за тебе барав, да не се намали твојата вера. А ти, кога еднаш ќе се обратиш, зацврсти ги своите браќа!" |
33. | А тој Му одговори: "Господи, готов сум да одам со Тебе и во зандана и во смрт." |
34. | А Тој рече: "Ти велам, Петре, денес не ќе ни пропее петел, додека трипати не откажеш дека Ме познаваш!" |
35. | Уште им рече: "Кога ве пратив без ќесе и без торба и обувки, дали ви недостасуваше нешто?" А тие рекоа: "Ништо!" |
36. | И им рече: "Но сега, кој има ќесе, нека го земе, исто така и торба, а кој нема меч, нека ја продаде својата наметка и нека си купи меч. |
37. | Зашто ви велам дека треба да се изврши на Мене она што е напишано: 'И Го вброија меѓу беззаконици', зашто она што е пишано за Мене се исполнува." |
38. | А тие Му рекоа: "Господи, еве два меча!" А Тој им рече: "Доволни се!" |
39. | Потем излезе и отиде, по навика, на Маслиновата Гора, а учениците одеа по Него. |
40. | И кога дојде на тоа место, им рече: "Молете се, за да не паднете во искушение " |
41. | А Тој се оддели од нив, колку што може да се фрли камен, и клекна на колена па се молеше, |
42. | велејќи: "Татко! Ако ти е по волја, тргни ми ја оваа чаша! Но нека не биде по Моја, туку по Твоја волја!" |
43. | И Му се јави ангел од небото кој Го поткрепуваше. |
44. | А кога се најде во претсмртни маки, се молеше уште поусрдно, а потта Му прилегаше на капки крв што паѓаа на земјата. |
45. | И кога стана од молитвата, дојде кај учениците и ги најде заспани од жалба, |
46. | и им рече: "Зошто спиете! Станете и молете се, за да не паднете во искушение!" |
47. | Додека уште зборуваше, дојде толпа што ја предводеше еден од дванаесеттемина кој се викаше Јуда, па Му се приближи на Исус за да Го целива. |
48. | Но Исус му рече: "Јуда, со целивка ли Го предаваш Синот Човеков!" |
49. | А кога оние што беа околу Него видоа што ќе стане, рекоа: "Господи, да удриме ли со меч?" |
50. | И еден од нив, го удри слугата на врховниот свештеник та му го скастри десното уво. |
51. | А Исус одговори, велејќи: "Престанете!" И се допре до увото та го исцели. |
52. | Тогаш Исус им рече на оние што се кренаа против Него - на првосвештениците, на началниците на Храмот и на старешините: "Нагрваливте небаре сум разбојник со мечови и стапови! |
53. | Кога бев секој ден со вас во Храмот, не кренавте рака на Мене. Но, ова е ваш час и власт на темнината!" |
54. | А кога Го фатија, Го одведоа и Го воведоа во домот на врховниот свештеник. Петар одеше по Него, оддалеку. |
55. | Кога запалија оган сред дворот и испоседнаа наоколу, и Петар седеше меѓу нив. |
56. | И кога една слугинка го виде како седи до огнот, се загледа во него и рече: "И овој беше со Него!" |
57. | Но тој одрече, велејќи: "Жено, не Го познавам!" |
58. | Малку подоцна, го виде некој друг и рече: "И ти си од нив!" А Петар рече: "Човеку, не сум!" |
59. | И кога помина уште околу еден час, еден друг тврдеше: "Навистина, и овој беше со Него, зашто е Галилеец!" |
60. | А Петар рече: "Човеку, не знам што зборуваш!" И веднаш - додека уште зборуваше, петел запеа. |
61. | Тогаш Господ се обѕрна и го погледна Петар, а Петар се сети на Господовите зборови, што му ги рече: "Пред да пропее петел, трипати ќе се откажеш од Мене!" |
62. | И Петар, штом излезе надвор, горко заплака. |
63. | А луѓето, кои го чуваа Исус, Му се подбиваа и Го тепаа. |
64. | Кога Му Го покрија лицето, Го удираа и Го прашуваа: "Проречи кој Те удри?" |
65. | И со многу други зборови Го хулеа. |
66. | Кога се раздени, се собраа народните старешини, првосвештениците и закониците, и Го воведоа во Советот, |
67. | и Му рекоа: "Ако си Ти Христос, кажи ни!" А Тој им рече: "Ако ви кажам, нема да поверувате. |
68. | Ако ве прашам, нема да одговорите. |
69. | Но отсега Синот Човеков ќе седи оддесно на Божјата Сила." |
70. | Тогаш сите тие рекоа: "Значи, Ти си Божјиот Син?" Тој пак им рече: "Јас сум." |
71. | А тие рекоа: "Какво сведоштво уште ни е потребно. Самите чувме од Неговата уста." |
← Luke (22/24) → |