← Luke (21/24) → |
1. | А кога ги подигна очите, виде како богатите ги спуштаат своите дарови во ковчегот за прилози. |
2. | А виде и една бедна вдовица како пушти таму две парички, |
3. | и рече: "Bистина ви велам, беднава вдовица пушти повеќе од сите, |
4. | зашто сите овие приложија од тоа што им е повеќе, а таа во својата немаштија пушти сè што имаше за живеачка." |
5. | И кога некои зборуваа за Храмот дека е украсен со убави камења и со заветни дарови, Тој им рече: |
6. | "Ќе дојдат денови кога од ова што го гледате не ќе остане ни камен на камен кој не ќе биде урнат!" |
7. | А тие Го прашаа, велејќи Му: "Учителе, кога ќе биде тоа, и какви ќе бидат знаците кога ќе се случат тие настани?" |
8. | Тој пак им рече: "Bнимавајте да не ве заведат, зашто мнозина ќе дојдат во Мое име и ќе речат: 'Јас сум' и 'Bремето се приближи!' Не одете по нив! |
9. | Кога ќе чуете за војни и немири, не плашете се, зашто прво треба тоа да настане, но крајот не доаѓа веднаш!" |
10. | Тогаш им рече: "Ќе стане народ против народ и царство против царство, |
11. | ќе има големи земјотреси, а на разни места ќе има глад и помор; ќе има стравотии и големи знаци на небото. |
12. | Но пред сето тоа, ќе ставаат раце врз вас и ќе ве прогонуваат, ќе ве предаваат на синагогите и в зандани и ќе ве водат пред цареви и управители, заради Моето име. |
13. | Тоа ќе ви даде можност да сведочите. |
14. | И така, нека ви е при срце мислата да не се подготвувате однапред како ќе се браните, |
15. | зашто Јас ќе ви дадам зборови и мудрост, на која не ќе може да и се спротиви и да и противречи никој од вашите противници. |
16. | А ќе ве предаваат и родителите, и браќата, и роднините и пријателите, и ќе бидат убиени некои од вас, |
17. | и сите ќе ве мразат заради Моето име. |
18. | Но вам нема да ви падне ни влакно од главата. |
19. | Со трпение ќе ги спасите своите души!" |
20. | "А кога ќе видите дека Ерусалим е опколен од војски, знајте оти е близу неговото запустување. |
21. | Тогаш, оние што се во Јудеја нека бегаат во горите, оние што се во градот нека излезат надвор, а оние што се во полето, нека не влегуваат во градот! |
22. | Зашто тоа се дни на одмазда, за да се исполни сè што е напишано! |
23. | Тешко им на бремените и на доилките во тие дни, зашто ќе има голема невола по земјата и гнев врз овој народ. |
24. | Ќе паѓаат од сечилото на мечот, и ќе ги одведат во ропство меѓу сите народи; а неевреите ќе го газат Ерусалим додека не се исполнат времињата на неевреите." |
25. | "Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите, а на земјата народите ќе бидат опфатени од страв и збунетост од бучавата на морето и на брановите. |
26. | Луѓето ќе изнемоштуваат од страв и од исчекувањето на она што ќе го снајде светот, зашто небесните сили ќе се разнишаат. |
27. | И тогаш ќе Го видат Синот Човеков како доаѓа на облак со голема сила и слава. |
28. | А кога ќе почне да се случува тоа, исправете се и поткренете ги главите, зашто наближува вашето откупување." |
29. | Потоа им кажа една споредба: "Погледнете ја смоквата, а и сите дрвја. |
30. | Кога ќе видите како разлистуваат, сами знаете дека летото е веќе близу. |
31. | Така и вие, кога ќе видите дека ова се збиднува, знајте дека Божјото царство е близу! |
32. | Bистина ви велам дека ова поколение нема да мине, додека сето ова не се збидне. |
33. | Небото и земјата ќе минат, но Моите зборови нема да поминат." |
34. | "Туку, вардете се, вашите срца да не бидат обременети со ненаситност, со пијанство и со грижи за животот, за да не ви дојде ненадејно тој ден, |
35. | зашто како стапица ќе дојде за сите што живеат на целата земја. |
36. | Туку, бдејте и молете се да имате сила да избегнете од сето тоа што ќе настане, и да застанете пред Синот Човеков." |
37. | Дење Тој поучуваше во Храмот, а навечер излегуваше и ноќта ја поминуваше на гората наречена Маслинова. |
38. | А целиот народ рано наутро доаѓаше кај Него во Храмот, за да Го слуша. |
← Luke (21/24) → |