← Luke (2/24) → |
1. | Bо она време цезарот Август издаде заповед за попис на сите жители. |
2. | Тоа беше прв попис за време на управувањето на Квириниј во Сирија. |
3. | И сите одеа да бидат запишани, секој во својот град. |
4. | Така, и Јосиф отиде од Галилеја, од градот Назарет, горе во Јудеја, во Давидовиот град, наречен Bитлеем, затоа што беше од домот и родот на Давид, |
5. | да се запише со Марија, својата свршеничка, која беше бремена. |
6. | А токму кога беа таму, и дојде времето за раѓање, |
7. | и го роди својот Син, првенец, па го пови и Го легна в јасли, зашто за нив немаше место во анот. |
8. | А во тој ист крај некои пастири ноќеваа на отворено, чувајќи го своето стадо. |
9. | И одеднаш Господов ангел застана пред нив и Господовата слава ги осветли, па многу се исплашија. |
10. | Ангелот, пак, им рече: "Не бојте се, зашто еве, ви носам добра вест, голема радост, која ќе биде за сите народи: |
11. | зашто денес, во Давидовиот град, ви се роди Спасител Кој е Христос Господ. |
12. | И ова ќе ви биде знак: ќе најдете Бебе повиено, како лежи в јасли!" |
13. | И одеднаш со ангелот се појави многубројно небесно воинство кое Го славеше Бог, велејќи: |
14. | "Слава на Бога во висините и на земјата мир меѓу луѓето кои се по Неговата волја!" |
15. | А кога ангелите си отидоа од кај нив на небото, пастирите си зборуваа еден на друг: "Да појдеме до Bитлеем и да го видиме тоа што се случило таму, за кое ни соопшти Господ!" |
16. | И на брзаница дојдоа и ги најдоа Марија и Јосиф, и Бебето како лежи во јасли. |
17. | А штом ги видоа, кажаа сè што им беше речено за Детето. |
18. | И сите што слушнаа, се восхитуваа на тоа што им го рекоа пастирите. |
19. | А Марија ги запамети сите тие зборови и размислуваше за нив во своето срце. |
20. | Пастирите се вратија, славејќи и фалејќи го Бог, за сè што чуја и видоа, токму онака како што им беше речено. |
21. | И кога навршија осум дена, за Неговото обрежување, Му го дадоа името Исус, како што Го нарече ангелот, пред Неговото зачнување. |
22. | И кога се навршија деновите на нејзиното исчистување, според Мојсеевиот Закон, Го донесоа во Ерусалим за да Го принесат пред Господ, |
23. | како што е напишано во Господовиот Закон: "Секое првородено машко, да Му се посвети на Господ!", |
24. | и да се принесе жртва, како што е речено во Господовиот Закон - две гугутки или два гулаба. |
25. | И ете, во Ерусалим живееше човек по име Симеон, и тоа човек праведен и побожен, кој ја чекаше израеловата утеха, а Светиот Дух беше над него. |
26. | Нему, преку Светиот Дух, му беше кажано дека нема да види смрт сè додека не Го види Господовиот Помазаник. |
27. | И, воден од Духот, дојде во Храмот. И кога родителите Го внесоа детето Исус, за да го извршат врз Него обичајот на Законот, |
28. | Го зеде во своите раце, Го благослови Бога и рече: |
29. | "Сега, Господару, го отпушташ Својот слуга, во мир, според Твојот збор, |
30. | зашто моите очи го видоа Твоето спасение, |
31. | кое го подготви пред лицето на сите луѓе, |
32. | светлина за откровение на народите и слава на Твојот народ, Израел." |
33. | А Јосиф и мајка Му се чудеа на она што го зборуваше за Него. |
34. | Симеон ги благослови, и и рече на мајка Му Марија: "Еве! Овој е определен да собори и да подигне мнозина во Израел и за знак на кој ќе му се противат, |
35. | а Тебе самата меч ќе ти ја прободе душата, за да се откријат мислите на многу срца." |
36. | Таму беше и пророчицата Ана, ќерката на Вануел, од Ашеровото племе; таа беше во многу напредната возраст; во бракот беше проживеала со мажа си седум години, |
37. | а како вдовица до осумдесет и четвртата година, не го напушташе Храмот, служејќи со постови и молитви дење и ноќе. |
38. | И во истиот час се појави таа, благодарејќи Му на Бога и им зборуваше за детето на сите што го очекуваа избавувањето на Ерусалим. |
39. | И кога извршија сè според Господовиот Закон, се вратија во Галилеја, во својот град Назарет. |
40. | А детето растеше и закрепнуваше, напредувајќи во мудрост, и Божјата благодат беше врз Него. |
41. | Секоја година Неговите родители одеа во Ерусалим на празникот Пасха. |
42. | Кога имаше дванаесет години, отидоа според обичајот во Ерусалим, на празникот. |
43. | И откако таму ги поминаа деновите, на враќање дома, момчето Исус остана во Ерусалим, а Неговите родители не знаеја за тоа, |
44. | туку, мислејќи дека е меѓу сопатниците, изминаа пат од еден ден и почнаа да Го бараат меѓу роднините и познатите. |
45. | И кога не Го најдоа, се вратија да Го бараат во Ерусалим. |
46. | И по три дни Го најдоа во Храмот како седи меѓу учителите, слушајќи ги и прашувајќи ги. |
47. | А сите што Го слушаа им се восхитуваа на Неговиот ум и на одговорите. |
48. | Кога Го видоа, се зачудија, а мајка Му Му рече: "Чедо, зошто ни направи така? Еве! Татко Ти и јас се намачивме барајќи Те." |
49. | Тој им рече: "Зошто Ме баравте? Не знаете ли дека Јас треба да бидам во она што е од Татко Ми?" |
50. | Ама тие не ги разбраа Неговите зборови. |
51. | И слезе со нив та дојде во Назарет, и им беше послушен. Неговата мајка ги негуваше сите тие зборови во своето срце. |
52. | А Исус напредуваше во мудроста, во растењето и во благонаклоноста пред Бога и пред луѓето. |
← Luke (2/24) → |