← Luke (19/24) → |
1. | И откако влезе во Ерихон, минуваше низ градот. |
2. | И ете, некој човек, по име Закхеј, кој беше началник на даночниците и беше богат, |
3. | сакаше да види Кој е Исус, но не можеше од народот зашто беше низок по раст. |
4. | И истрча напред, се качи на црница за да Го види, зашто требаше да мине покрај неа. |
5. | И кога Исус дојде на тоа место, погледна нагоре и му рече: "Закхеј, слези бргу, денес треба да бидам во твојот дом!" |
6. | И слезе веднаш и Го прими на гости со радост. |
7. | А сите што го видоа тоа почнаа да негодуваат и да зборуваат: "Отиде на гости во куќа на грешен човек!" |
8. | Закхеј стана и Му рече на Господ: "Еве, Господи, половината од својот имот ќе ја дадам на сиромасите, и ако сум зел од некого нешто несправедливо, ќе вратам четирикратно." |
9. | А Исус му рече: "Денес дојде спасението во овој дом, зашто и тој е син на Авраам. |
10. | Бидејќи Синот Човеков дојде да го бара и да го спаси загубеното." |
11. | И додека тие го слушаа тоа, им кажа една споредба, зашто беа близу до Ерусалим, а тие мислеа дека Божјото царство ќе се појави веднаш. |
12. | И рече: "Еден благородник замина во далечна земја за да се зацари и да се врати. |
13. | Откако ги повика своите десет слуги, им даде десет сребреници и им рече: "Тргувајте додека се вратам!" |
14. | Но неговите поданици го мразеа и испратија по него пратеници да кажат: "Не сакаме тој да царува над нас." |
15. | А кога се врати, по примањето на царството, заповеда да му ги повикаат оние слуги на кои им беше дал сребреници, за да види кој колку спечалил. |
16. | И така, првиот дојде и рече: 'Господаре, твојот сребреник донесе десет сребреници.' |
17. | И му рече: 'Арно сторено, добар слуго, затоа што беше верен во нешто сосем мало, имај власт над десет градови.' |
18. | Дојде и вториот и рече: 'Господаре, твојот сребреник донесе пет сребреници.' |
19. | Му рече и на овој: 'А ти биди над пет градови!' |
20. | Дојде и друг, и рече: 'Господаре, еве го твојот сребреник, што го чував во шамивче, |
21. | зашто се плашев од тебе, бидејќи си строг човек: земаш што не си оставил и жнееш што не си посеал!' |
22. | Му рече: 'Нечесен слуго, ќе ти судам според твоите зборови. Знаеше дека сум строг човек, дека земам што не сум оставил и дека жнеам што не сум посеал. |
23. | Зошто тогаш не ги вложи моите сребреници кај трговците, а јас по доаѓањето ќе ги земев со интерес?' |
24. | А на оние, кои беа присутни, им рече: 'Земете му го сребреникот и дајте му го на оној кој има десет!' |
25. | Тогаш му рекоа: 'Господаре, ама тој има десет!' |
26. | Bи велам, на оној кој има ќе му се даде уште, а на оној кој нема, ќе му се одземе и тоа што го има. |
27. | А моите непријатели кои не сакаа да царувам над нив, доведете ги тука и погубете ги пред мене!" |
28. | Откако го рече тоа продолжи натаму, качувајќи се нагоре кон Ерусалим. |
29. | А кога се приближи до Бетфага и Бетанија, до гората наречена Маслинова, испрати двајца ученици |
30. | и им рече: "Појдете во селоно што е отспротива! И кога ќе влезете во него, ќе најдете врзано магаренце, на кое никој никогаш не јавал. Одврзете го и доведете го. |
31. | И ако некој ве праша: 'Зошто го одврзавте?' - речете му вака: 'Потребно Му е на Господ.'" |
32. | А испратените отидоа и најдоа како што им рече. |
33. | Кога го одврзуваа магаренцето, неговите сопственици им рекоа: "Зошто го одврзувате магаренцето?" |
34. | Тие рекоа: "Потребно Му е на Господ!" |
35. | И го доведоа магаренцето пред Исус, па ги ставија врз него своите облеки, и Го качија Исус. |
36. | А кога одеше, ги постилаа своите облеки по патот. |
37. | Кога веќе наближуваше до стрмнината на Маслиновата Гора, целата врволица ученици почна радосно и гласно да Го прославува Бог за сите моќни дела што ги видоа, |
38. | велејќи: "Благословен е Царот Кој доаѓа во Господово име! Мир на небото и слава во висините!" |
39. | А некои од фарисеите меѓу народот, Му рекоа: "Учителе, прекори ги Твоите ученици!" |
40. | Тој одговори: "Bи велам, ако овие замолчат, камењата ќе извикуваат." |
41. | А кога се приближи и го виде градот, заплака за него и |
42. | рече: "Е, да знаеш барем во овој ден за оние нешта кои носат мир! Но сега се скриени од твоите очи. |
43. | Зашто ќе дојдат денови за тебе, кога твоите непријатели ќе те опкружат со ровови, ќе те опколат и ќе те притеснат од сите страни. |
44. | И ќе те срамнат со земјата тебе, и твоите деца во тебе; и не ќе остане во тебе ни камен на камен, зашто не го препозна времето кога беше посетен!" |
45. | Потоа влезе во Храмот и почна да ги брка надвор продавачите, |
46. | велејќи им: "Напишано е: 'Мојот дом треба да е дом за молитва', а вие го направивте разбојничко дувло." |
47. | И поучуваше секој ден во Храмот. А првосвештениците, закониците и народните првенци гледаа како да Го погубат. |
48. | Но не можеа ништо да сторат, зашто сиот народ Го слушаше секој Негов збор. |
← Luke (19/24) → |