← Luke (18/24) → |
1. | Им кажа споредба за да им покаже како треба секогаш да се молат и да не се обесхрабруваат. |
2. | И рече: "Bо еден град имаше некој судија кој не се плашеше од Бог, и не се грижеше за луѓето. |
3. | А во истиот град живееше и една вдовица, која постојано доаѓаше кај него и го молеше: 'Заштити ме од мојот соперник!' |
4. | Извесно време тој не сакаше да ја слуша, а потоа си рече во себеси: 'Иако не се плашам од Бог, ниту луѓето ме засегаат; |
5. | ќе ја заштитам вдовицава, зашто постојано ми додева'", |
6. | а Господ рече: "Чујте, што зборува неправедниот судија! |
7. | Та нема ли Бог да ги заштити Своите избраници кои Го повикуваат дење и ноќе, и ќе ги остави ли долго да чекаат? |
8. | Bи велам, брзо ќе ги заштити. Сепак, кога ќе дојде Синот Човеков, ќе најде ли вера на земјата?" |
9. | А на некои, кои беа уверени во себе дека се праведни, и кои со презир гледаа на другите, им ја кажа следнава споредба: |
10. | "Двајца влегоа во Храмот да се помолат: едниот фарисеј, а другиот даночник. |
11. | Варисејот застана и се молеше во себеси вака: 'Боже! Ти благодарам што не сум како другите луѓе: разбојници, неправедници, прељубници, или како овој даночник. |
12. | Постам двапати во седмицата и давам десеток од целиот свој приход.' |
13. | А даночникот стоеше далеку и не сакаше ниту очите да ги поткрене кон небото, туку се удираше в гради и велеше: 'Боже, биди милостив спрема мене грешникот!' |
14. | Bи велам, овој се врати дома оправдан, а другиот не. Зашто секој кој се возвишува себеси, ќе биде понижен, а кој се понизува себеси, ќе биде возвишен." |
15. | Му носеа и мали деца, за да ги допре, а кога учениците го видоа тоа, им забрануваа. |
16. | Но Исус ги повика и рече: "Оставете ги децата да доаѓаат кај Мене и не бранете им, зашто на таквите им припаѓа Божјото царство! |
17. | Bистина ви велам, кој не го прима Божјото царство како дете, тој никако нема да влезе во него." |
18. | А еден началник го праша, велејќи: "Учителе добар, што треба да сторам за да наследам вечен живот?" |
19. | Исус му рече: "Зошто Ме нарекуваш добар? Никој не е добар освен Самиот Бог. |
20. | Ги знаеш заповедите: 'Не врши прељуба, не убивај, не кради, не сведочи лажно и почитувај ги татка си и мајка си!' |
21. | Тој пак рече: "Сето тоа сум го запазил уште од мојата младост!" |
22. | А кога Исус го чу тоа, му рече: "Уште едно ти недостига: продај сè што имаш, и раздај го на сиромасите и ќе имаш богатство на небесата! Потоа, дојди и следи Ме!" |
23. | Кога го чу тоа, многу се нажали, зашто беше многу богат. |
24. | А кога Исус го погледна, рече: "Колку тешко им е да влезат во Божјото царство на оние кои имаат богатство! |
25. | Полесно и е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богат да влезе во Божјото царство." |
26. | А оние кои го чуја тоа, рекоа: "Тогаш, кој може да се спаси?" |
27. | Тој пак рече: "Она што е невозможно за луѓето, можно е за Бог." |
28. | А Петар рече: "Еве, ние оставивме сè и тргнавме по Тебе!" |
29. | Тој им рече: "Bистина ви велам, нема таков којшто ако заради Божјото царство оставил: куќа, жена, браќа, родители или деца, |
30. | а да не прими многу повеќе во ова време, а во идниот век и вечен живот." |
31. | Потоа ги зеде со Себе дванаесеттемина и им рече: "Еве, одиме горе во Ерусалим и ќе се исполни сè што пишувале пророците за Синот Човеков, |
32. | зашто ќе биде предаден на неверниците, и ќе Му се потсмеваат, и ќе биде измачуван и плукан; |
33. | и откако ќе биде камшикуван, ќе Го убијат, но Тој ќе воскресне на третиот ден." |
34. | Но тие не разбраа ништо од тоа, зашто тој збор беше скриен од нив и не го сфатија кажаното. |
35. | А кога се приближи до Ерихон, некој слеп човек седеше крај патот и просеше. |
36. | Кога чу дека поминува народ, праша што е тоа? |
37. | Му рекоа дека минува Исус од Назарет, |
38. | а тој извика, велејќи: "Исусе, Сине Давидов, смилувај ми се!" |
39. | А оние што одеа напред го прекоруваа да молчи. Но тој викаше уште посилно: "Исусе, Сине Давидов, смилувај ми се!" |
40. | Исус застана и заповеда да Му го доведат. И кога се приближи го праша: |
41. | "Што сакаш за тебе да сторам?" А тој рече: "Господи, да прогледам!" |
42. | Тогаш Исус му рече: "Прогледај! Твојата вера те исцели." |
43. | И тој прогледа веднаш и тргна по Него, славејќи Го Бог. И сите луѓе, кои го видоа тоа, Му оддадоа слава на Бог. |
← Luke (18/24) → |