← Luke (17/24) → |
1. | И им рече на Своите ученици: "Неизбежно е да дојдат соблазни, но тешко на оној преку кого доаѓаат! |
2. | Подобро ќе биде за него да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море, отколку да наведе на грев еден од овие малечкиве. |
3. | Bнимавајте! Ако згреши твојот брат, искарај го и ако се покае прости му. |
4. | И ако седумпати на ден згреши против тебе и седумпати се обрати кон тебе и рече: 'Се каам!' - прости му!" |
5. | Апостолите Му рекоа на Господ: "Зголеми ни ја верата!" |
6. | А Господ им рече: "Ако имате вера колку едно синапово зрно - па и речете на црницава: 'Откорни се и пресади се в море", таа ќе ве послуша. |
7. | Кој од вас, ако има слуга, што му ора или му го чува стадото, ќе му рече кога ќе се врати од поле: 'Дојди бргу и прилегни крај трпезава!' |
8. | Не ќе му рече ли: 'Приготви ми нешто за вечера и опаши се за да ми служиш додека јадам и пијам, а потоа и ти јади и пиј!' |
9. | Ќе му заблагодари ли на слугата затоа што ја исполнил заповедта? |
10. | Така и вие, кога ќе исполните сè што ви е заповедано, речете: 'Ние сме бесполезни слуги, зашто го извршивме она што бевме должни да го извршиме.'" |
11. | Кога одеше за Ерусалим, поминуваше низ Самарија и Галилеја. |
12. | И при влегувањето во едно село, го сретнаа десетмина лепрозни мажи, кои застанаа подалеку |
13. | и го подигнаа гласот, велејќи: "Исусе, Господаре, смилувај ни се!" |
14. | А Тој, кога ги виде, им рече: "Одете и покажете им се на свештениците!" И додека одеа, се исчистија. |
15. | А еден од нив, кога виде дека оздравел, се врати гласно прославувајќи Го Бог. |
16. | Падна ничкум пред Неговите нозе и Му благодареше. А тој беше самарјанин. |
17. | Тогаш Исус одговори, велејќи: "Зар не се исчистија десеттемина? Кај се другите деветмина? |
18. | Не се најде ли уште некој да се врати и да Го прослави Бог, освен овој туѓинец!" |
19. | Притоа му рече: "Стани и оди си, твојата вера те исцели!" |
20. | А кога фарисеите Го прашаа: "Кога ќе дојде Божјото царство?" Тој им одговори, велејќи: "Божјото царство не доаѓа тукутака, та да може да се забележи; |
21. | ниту пак ќе се каже: 'Еве го, тука е, или таму!' - зашто, ете, Божјото царство е во вас." |
22. | А на учениците им рече: "Ќе дојдат денови, кога ќе посакате да видите еден од дните на Синот Човеков, ама не ќе го видите. |
23. | И ќе ви зборуваат: 'Еве Го тука!' или 'Ене Го онаму!' Не одете таму и не трчајте по нив!" |
24. | "Зашто, како што молскавицата кога секнува од едниот крај на небото и болскоти до другиот крај, така ќе биде Синот Човеков во Својот Ден. |
25. | Меѓутоа, првин Тој треба да настрада многу и да биде отфрлен од ова поколение. |
26. | И како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и во деновите на Синот Човеков: |
27. | јадеа, пиеја, се женеа и се мажеа сè до денот кога Ное влезе во ковчегот; и дојде потопот и ги сотре сите. |
28. | Исто така, беше во деновите на Лот: јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа и ѕидаа; |
29. | а во денот кога Лот излезе од Содом, падна од небото оган и сулфур па ги сосипе сите. |
30. | Исто така ќе биде во Денот, кога ќе се јави Синот Човеков. |
31. | Bо тој Ден, кој ќе биде на покривот, а неговата покуќнина во домот, нека не слегува да ја прибере! Исто така оној што ќе се најде в поле, нека не се враќа по оставените работи. |
32. | Спомнете си за Лотовата жена. |
33. | Кој сака да си ја спаси душата, ќе ја загуби, а оној што ќе ја загуби, ќе ја спаси. |
34. | Bи велам, таа ноќ двајца ќе бидат во една постела; едниот ќе биде однесен, а другиот ќе биде оставен. |
35. | Две жени ќе мелат заедно; едната ќе биде однесена, а другата ќе биде оставена. |
36. | Двајца ќе бидат на нива; едниот ќе биде однесен, а другиот ќе биде оставен." |
37. | Тогаш проговорија и Му рекоа: "Кај ќе биде тоа, Господи?" А Тој им рече: "Кај што е трупот, таму ќе се собираат и мршојадците!" |
← Luke (17/24) → |