Luke (1/24) → |
1. | Откако мнозина почнаа да ги опишуваат настаните што се случија меѓу нас, |
2. | како што ни ги предадоа оние кои од почетокот беа очевидци и служители на Словото, |
3. | ми се виде добро, откако испитав сè подробно од почетокот, да ти ги опишам по ред, честити Теофиле, |
4. | за да ја разбереш веродостојноста на она во коешто си бил поучуван. |
5. | Bо деновите на јудејскиот цар Ирод, беше еден свештеник, по име Захарија, од Абиевиот род, а тој имаше жена од Ароновите ќерки, по име Елисавета. |
6. | Двајцата беа праведни пред Бог, следејќи ги непорочно сите Господови заповеди и повелби. |
7. | Немаа дете, зашто Елисавета беше неплодна, а двајцата беа во години. |
8. | Еднаш, кога тој ја вршеше свештеничката служба пред Бог, според редоследот на неговиот чин, |
9. | според свештеничкиот обичај, му се падна со жрепка да влезе во Господовиот Храм и да покади. |
10. | За време на кадењето сиот насобран народ се молеше надвор. |
11. | Тогаш му се јави Господов ангел, стоејќи оддесно на кадилниот жртвеник. |
12. | Кога го виде, Захарија се збуни и страв го обзеде. |
13. | Но, ангелот му рече: "Не плаши се, Захарија! Молитвата ќе ти се исполни! Жена ти, Елисавета, ќе роди син, кому треба да му го дадеш името Јован. |
14. | Ќе се радуваш и ќе се веселиш, и мнозина ќе се зарадуваат на неговото раѓање, |
15. | зашто ќе биде велик пред Господ - не ќе пие ни вино, ниту опојни пијалаци. Ќе се исполни со Светиот Дух уште во утробата на својата мајка, |
16. | и многу израелови синови ќе обрати кон Господ, нивниот Бог. |
17. | Тој ќе врви пред Него во духот и силата на Илија, за да ги обрати срцата на татковците спрема децата, а непокорните спрема мудроста на праведниците, и да подготви луѓе кои се спремни за Господ." |
18. | А Захарија му рече на ангелот: "По што ќе го познаам тоа? Јас сум стар, а и жена ми е во поодминати години!" |
19. | Ангелот одговори, велејќи: "Јас сум Гаврил, кој стои пред Бог, а испратен сум да зборувам со тебе и да ти ја донесам оваа радосна вест. |
20. | Ете, ќе онемиш и не ќе можеш да зборуваш до денот кога ќе се збидне ова, затоа што не им поверува на моите зборови, што ќе се исполнат кога ќе дојде времето." |
21. | А луѓето го чекаа Захарија и се чудеа зошто толку долго се задржа во Храмот. |
22. | Кога излезе, не можеше да им зборува и тие сфатија дека имал видение во Храмот. А тој им даваше знаци и остана нем. |
23. | И кога завршија деновите на неговата служба, се врати во својот дом. |
24. | А по тие дни, жена му Елисавета зачна та се криеше пет месеци, велејќи: |
25. | "Ова го стори Господ во деновите кога погледна на мене, за да го отстрани мојот срам меѓу луѓето." |
26. | А во шестиот месец, Бог го испрати ангелот Гаврил во галилејскиот град што се викаше Назарет, |
27. | кај девица, свршена за маж по име Јосиф, од Давидовиот дом. Името пак на девицата беше Марија. |
28. | И кога ангелот дојде кај неа, и рече: "Радувај се љубима! Господ е со тебе, благословена си меѓу жените! |
29. | Таа се уплаши од овие зборови и размислуваше каков поздрав може да биде тоа? |
30. | Тогаш ангелот и рече: "Не плаши се Маријо, зашто најде милост кај Бог. |
31. | Ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус. |
32. | Тој ќе биде велик и ќе се нарече Син на Севишниот. И Господ Бог ќе Му го даде престолот на Давид, Неговиот татко. |
33. | Тој ќе царува над Јакововиот дом довека, и Неговото царство не ќе има крај." |
34. | А Марија му рече на ангелот: "Како ќе биде тоа, кога не знам за маж?" |
35. | Ангелот одговори, велејќи и : "Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; затоа Светото дете кое ќе биде родено - ќе се нарече Божји Син. |
36. | Bиди, твојата роднина Елисавета, и таа зачна син во својата старост. Таа која ја нарекуваат неплодна, веќе е во шестиот месец. |
37. | Зашто, за Бог, ништо не е невозможно." |
38. | Марија му рече: "Еве ја Господовата слугинка, нека ми биде како што рече!" И ангелот си отиде откај неа. |
39. | Bо тие дни, Марија стана и бргу отиде во планинскиот крај, во Јудиниот град. |
40. | Bлезе во куќата на Захарија и ја поздрави Елисавета. |
41. | И штом Елисавета го чу поздравот од Марија, бебето и заигра во утробата, а Елисавета се исполни со Светиот Дух. |
42. | Па извика гласно и рече: "Благословена си ти меѓу жените! И благословен е плодот во твојата утроба! |
43. | Како тоа, мајката на мојот Господ да дојде кај мене? |
44. | Зашто, ете, кога гласот на твојот поздрав дојде до моите уши, плодот заигра од радост во мојата утроба. |
45. | Блажена е таа која поверува дека ќе се исполни она што Господ и го рекол." |
46. | А Марија рече: "Мојата душа Го велича Господ! |
47. | И мојот дух се зарадува во Бог, мојот Спасител, |
48. | зашто погледна на понизноста на Својата слугинка. И ете, отсега сите поколенија ќе ме сметаат за блажена, |
49. | зашто Силниот стори големи дела за мене. Неговото име е свето, |
50. | и Неговата милост од поколение до поколение, е за оние кои имаат страхопочит кон Него. |
51. | Со Својата рака направи моќни дела, ги распрсна оние со горделиви мисли во нивните срца, |
52. | ги симна владетелите од престолите, а ги воздигна понизните; |
53. | гладните ги насити со добра, а богатите ги остави со празни раце; |
54. | му помогна на Израел, Својот слуга, како спомен на Неговата милост, |
55. | како што им зборуваше и на нашите татковци - на Авраам и неговото семе, довека." |
56. | А Марија остана со неа околу три месеци и се врати во својот дом. |
57. | На Елисавета и дојде време за раѓање, и роди син. |
58. | И кога нејзините соседи и роднини чуја дека Господ и укажа голема милост, се радуваа со неа. |
59. | А на осмиот ден дојдоа да го обрежат детето, и сакаа да го наречат Захарија, по името на татко му. |
60. | Но неговата мајка рече: "Не, туку ќе биде наречен Јован!" |
61. | А тие и рекоа: "Нема никој во твојот род кој се вика така." |
62. | И со знаци го прашаа татко му, како сака да се вика неговото дете. |
63. | А тој побара штичка и напиша: "Името му е Јован." И сите се зачудија. |
64. | А устата и јазикот веднаш му се отворија и тој прозборе па Го благословуваше Бог. |
65. | Притоа страв ги обзеде сите нивни соседи, а за сето тоа се прикажуваше по целиот планински крај на Јудеја, |
66. | и сите што слушнаа, го примија тоа во своите срца, велејќи: "Што ќе биде од ова дете?" Зашто Господовата рака беше со него. |
67. | А татко му, Захарија, се исполни со Светиот Дух и пророкуваше, велејќи: |
68. | "Благословен е Господ, Богот на Израел, зашто го посети и го откупи Својот народ; |
69. | и ни издигна рог на спасение во домот на Својот слуга Давид; |
70. | како што вети од дамнина: преку устата на Своите свети пророци: |
71. | 'Спасение од нашите непријатели и од рацете на сите кои нè мразат', |
72. | за да ја пројави милоста над нашите татковци и да се сети на Својот свет завет, |
73. | за заклетвата со која му се заколна на нашиот татко Авраам, дека ќе ни даде |
74. | да Му служиме без страв, избавени од рацете на непријателите, |
75. | во светост и праведност пред Него, во сите наши дни. |
76. | А ти, чедо, ќе бидеш наречено пророк на Севишниот, зашто ќе одиш пред Господ, за да ги подготвиш Неговите патишта, |
77. | за да му дадеш на Неговиот народ да познае спасение преку проштавањето на нивните гревови, |
78. | заради милосрдноста на нашиот Бог, со која ќе нè посети Зората од висините, |
79. | за да ги осветли оние кои седат во темнината и во смртната сенка, и да ги упати нашите нозе по патот на мирот." |
80. | А детето растеше и закрепнуваше со духот, и живееше во пустините до денот кога јавно истапи пред Израел. |
Luke (1/24) → |