← Leviticus (8/27) → |
1. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
2. | "Земи го Арона и синовите негови и одеждите, и елеј за помазание, и теле како жртва за грев, и два овна, и кошница пресни лебови, |
3. | па собери го целиот народ пред вратата од скинијата на сведоштвото." |
4. | И направи Мојсеј како што му заповеда Господ, и го собра народот пред вратата од скинијата на сведоштовто. |
5. | Потоа му рече Мојсеј на народот: "Еве што заповеда Господ да се направи - " |
6. | па го доведе Мојсеј Арона и синовите негови и ги изми со вода. |
7. | И му облече хитон, и го опаша со појас, го облече со горна одежда, па му стави згора на тоа ефод, и го опаша појасот од ефодот наокоу, и го стегна со него, |
8. | а на градите одозгора му стави наградник, и на наградникот постави и "урим" и "тумим". |
9. | Му стави уште на главата и кидар, а на капата спроти лицето му стави златна плочка, знак на светоста, како што му заповеда Господ на Мојсеја. |
10. | И зеде Мојсеј од елејот за помазание |
11. | и го попрска жртвеникот седумпати, и го помаза жртвеникот, и го освети, и сите работи на него, и умивалникот, и подножјето негови и ги освети; ја помаза и скинијата, и сите работи во неа и ја освети. |
12. | И изли од елејот за помазание врз главата Аронова, и го помаза и го освети; |
13. | потоа ги приведе Мојсеј и синовите Аронови, им облече хитони, ги опаша со појаси, им стави капи на главите, како што му беше заповедал Господ. |
14. | Го приведе Мојсеј телето како жртва за грев, а Арон и синовите негови ги возложија рацете свои врз главата на телето за грев. |
15. | Потоа Мојсеј го закла телето и зеде од крвта негова и со прстот свој стави од неа на роговите од жртвеникот наоколу, и го очисти жртвеникот, а другата крв ја изли во подножјето на жртвеникот, и го очисти за да се принесува молитва пред него. |
16. | Потоа го изведи сиот лој што беше на утробата, и кошулката од слезинката, како и двата бубрега, и лојот околу нив, и сето тоа го стави врз жртвеникот. |
17. | А телето, со кожата негова и месото негово и нечистотијата ги изгоре со оган надвор од логорот како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
18. | Потоа Мојсеј го приведе првиот овен како жртва сепаленица, а Арон и синовите негови ги возложија рацете свои врз главата на овенот; |
19. | и Мојсеј го закла овенот, и изли од крвта негова на жртвеникот наоколу, |
20. | па го изече овенот на делови, и ги изгори Мојсеј главата и деловите и лојот; а утробата и нозете ги изми со вода |
21. | и така го вознесе Мојсеј целиот овен на жртвеникот: тоа е жртва сепаленица со пријатен мирис, принос пред Господа, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
22. | Потоа го доведе Мојсеј вториот овен, овен за посветување; и Арон и синовите негови ги ставија рацете свои врз главата на овенот. |
23. | Па, откако го закла, зеде Мојсеј од крвта негова и го помаза со неа крајчето од десното уво на Арона и крајот на десната рака негова и крајот на десната нога негова. |
24. | Го доведе Мојсеј и синовите Аронови, па и ним им ги помаза краевите на десното уво, краевите на десната рака и краевите на десната нога; а другата крв ја изли кај жртвеникот наоколу. |
25. | Потоа го извади лојот, ги зеде бедрата и лојот што беше на утробата, а и кошулката од слезината, како и двата бубрега, па лојот околу нив, и десната плешка, |
26. | а од кошницата за посветување, која е пред Господа зеде еден бесквасен леб, и леб со елеј, како и една питка, па ги стави врз лојот и врз десната плешка. |
27. | И сето тоа му го предаде на Арона в раце и во рацете на синовите негови и го вознесе како жртва пред Господа. |
28. | Потоа го зеде тоа од рацете нивни Мојсеј и го изгори на жртвеникот заедно со жртвата сепаленица; тоа е жртва за посветување со пријатен мирис, принос пред Господа. |
29. | Па ги зеде Мојсеј градите и ги одвои од жртвата пред Господа, од овенот за посветување; тоа е Мојсеев дел, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
30. | Потоа зеде Мојсеј од елејот за помазание и од крвта, што беше на жртвеникот, па го попрска Арона и одеждите негови, и синовите негови, и одеждите нивни, го освети Арона и одеждите негови и одеждите нивни. |
31. | И му рече Мојсеј на Арона и на синовите негови: "Сварете го ова месо пред дверите на скинијата на сведоштвото, на место свето, и јадете го таму со леб, кој што е во кошницата за посветување, како што ми се заповеда и рече - Арон и синовите негови нека го јадат тоа. |
32. | А она, што ке остане од месото и од лебот, изгорете го со оган. |
33. | И не излегувајте од дверите на скинијата на сведоштвото седум дена, додека не се завршат деновите на посветувањето ваше, зашто седум дена ке се посветуваат рацете ваши. |
34. | Како што се направи денес, така да се прави секогаш според Господовата заповед, за да се очистите од гревот. |
35. | Затоа пред дверите од скинијата на сведоштвото стојте дење и ноке седум дена и така запазате ги заповедите Господови, за да не умрете, зашто така ми заповеда Господ Бог." |
36. | А Арон и синовите негови направија се‘ онака, како што им беше заповедал Господ преку Мојсеја. |
← Leviticus (8/27) → |