← Leviticus (6/27) → |
1. | Пак му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
2. | "Ако некој згреши и направи престап против заповедите на Господа и го откаже на ближниот свој она, што му дал на чување, или од него украдено, или пак, го измами својот близок, |
3. | или нашол нешто загубено и тоа го одрече, или лажно се заколне за која и да било работа, што лу ето обично го прават и со тоа грешат, |
4. | па кога така згреши и направи престап, тој треба да го врати она што го украл, или сосила го присвоил, или повереното што му било дадено на чување, или што го нашол како загубено. |
5. | За секоја работа, за која се заколнал криво, нека го врати она истото, и на тоа нека му додаде уште петти дел на оној чие е; тоа да му го даде во оној ден кога ке биде обвинет за својот грев. |
6. | А за престапот свој нека Му принесе на Господа кај свештеникот овен од стадото свое, здрав, според процена на престапот; |
7. | а свештеникот нека Му се помоли за него на Господа, и ке му се прости секоја работа, со која згрешил или направил престап." |
8. | И пак му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
9. | "Заповедај му на Арона и на синовите негови, и кажи им: ова е законот за жрви сепаленици - жртвата сепаленица нека гори врз жртвеникот цела нок до изутрина; и огнот нека гори на жртвеникот и да не се гасне. |
10. | Свештеникот нека ја облече ленената одежда, а и ленената долна облека нека ја облече на телото свое, па потоа нека ја собере пепелта од жртвата што огнот ја изгорел и нака ја стави покрај жртвеникот. |
11. | А откако ке ги соблече одеждите свои и облече други, нека ја изнесе пепелта надвор од логорот на чисто место. |
12. | А огнот што е на жртвеникот, нека гори на него, да не се гасне. Свештеникот нека клава врз огнот дрва секое утро, и нека ја поставува на него жртвата сепаленица, нека го гори на него лојот од жртвата за спасение. |
13. | Огнот да гори постојано на жртвеникот, нека не се гасне. |
14. | Тоа е законот за жртвите: што ке ги принесуваат синовите Аронови пред Господа при жртвеникот. |
15. | Свештеникот нека земе грст од жртвата и од пченичното брашно и од елејот и целото кадиво, што е врз жртвата, и нека го изгори, тоа на жртвеникот како спомен за благопријатен мирис пред Господа. |
16. | А она што ке преостане од неа, му припа а за јадење на Арона и на синовите негови; нека го јадат пресно, на свето место; во дворот од скинијата на сведоштвото нека го јадат. |
17. | Да не се пече со квас: тоа е дел што им го давам како дар од приносите Господови; тоа е најголемата светиња како жртвата за грев и жртвата за престап. |
18. | Секое машко ме у синовите Аронови нека го јаде. Тоа е вечен закон за потомството нивно од приносите на Господа; секој, што ке се допре до него, ке биде осветен." |
19. | И уште му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
20. | "Тоа е дарот од Арона и синовите негови што ке Му го принесуваат на Господа во оној ден кога ке биде помазан: десетти дел од мерката ефа пченично брашно како постојана жртва, половина за наутро, а другата половина за навечер. |
21. | Жртвата треба да се приготвува во тава, со елеј; со елеј и во парчиња принесувај ја; принесувај ја како благопријатен мирис пред Господа. |
22. | А свештеникот ме у синовите негови, што ке биде помазан по него, нека го прави тоа; тоа е вечен закон што ке се извршува. |
23. | И секоја свештеничка жртва треба целата да се гори, и да не се јаде." |
24. | И пак му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
25. | "Кажи му на Арона и на синовите негови, и речи им: тоа е закон за жртвата поради грев - на местото каде што се коле жртвата сепаленица, на тоа место нека се коле и жртвата за грев пред Господа, бидејки тоа е најголемата светиња. |
26. | Свештеникот што ке ја принесува, нека јаде; на свето масто нека ја јаде, во дворот од скинијата на сведоштвото. |
27. | Се‘ што ке се допре до местото нејзино ке се освети; а ако некој ја испрска облеката своја со крвта нејзина, оној дел што ке биде испрскан нека го испере на свето место. |
28. | И садот земјен, во кој се варела, нека се скрши; ако е, пак, готвена во бакарен сад, нека се истрие со вода нека се измие. |
29. | Секое машко ме у свештениците нека го јаде тоа; тоа е најголема светиња пред Господа. |
30. | А секоја жртва за грев, од која се внесува крв во скинијата на сведоштвото, за да се изврши очистување во светилиштето, да не се јаде; тоа треба да се изгори." |
← Leviticus (6/27) → |