← Leviticus (4/27) → |
1. | И уште му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
2. | "Кажи им на синовите Израилеви: ако некој згреши пред Господа не сакајки, против која и да било заповед Господова изврши нешто, што не треба да прави, - |
3. | ако помазаниот првосвештеник згрешил и го обвинил народот, тоа за гревот свој, што го направил, нека Му принесе на Господа за гревот, дар од Говедата свои теле без недостаток, |
4. | па откако ке го доведе телето пред влезот од скинијата на сведоштвото пред Господа, нека ја положи раката своја врз главата на телето и да го заколе телето пред Господа. |
5. | А совршено помазаниот свештеник нека ја собере крвта од телето со рацете, и нека ја внесе во скинијата на сведоштовото. |
6. | И свештеникот нека го накваси прстот свој во крвта, и со крвта седумпати нека попрска пред Господа спрема завесата на светилиштето. |
7. | А потоа свештеникот со таа крв нека ги помаже роговите на жртвеникот, на кој се кади со благопријатен мирис пред Господа, Кој е во скинијата на сведоштвото, а остатокот од крвта на телето нека го излие во подножјето на жртвеникот за жртви сепаленици, кој е при влезот во скинијата на сведоштвото. |
8. | И нека го извади сиот лој од телето за грев, лојот што ја покрива утробата и сиот лој што е на утробата; |
9. | и обата бубрега, и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката на слезината со бубрезите нека ги извади. |
10. | онака како што се вади тоа од теле на жртва за спасение; и нека ги изгори свештеникот на жртвеникот за приноси. |
11. | А кожата од телето со сето месо со главата и со крајниците и утробата и нечистотијата, |
12. | односно целото теле нека го изнесат надвор од логорот на чисто место, каде што се истура пепелта, и нека го изгорат со оган на дрва; на местото, каде што се истура пепелта, нека се изгори. |
13. | А ако целиот собир на синовите Израилеви згреши, на сакајки, а тоа се сокрие од собирот, па направат нешто што Господ забранил да се прави, ке згрешат; |
14. | кога ке се узнае гревот нивни, во што згрешиле, тогаш собирот нека принесе здраво теле како жртва за гревот, и нека го доведе пред скинијата на сведоштвото. |
15. | А старешините на собирот нека положат раце врз главата на телето пред Господа, и да го заколат телето пред Господа. |
16. | А помазаниот свештеник нека внесе крв од телето во скинијата на сведоштвото. |
17. | Потоа нека го натопи свештеникот прстот свој во крвта, и седумпати нека попрска пред светилиштето на Господа, |
18. | а од таа крв нека стави и на роговите од жртвеникот за кадење што е пред Господа во скинијата на сведоштвото, додека сета друга крв нека ја излие во подножјето на жртвеникот за приноси, кој е при влазот од скинијата на сведоштвото. |
19. | Сиот, пак, лој, откако ке го извади од него, нека го изгори на жртвеникот. |
20. | И со тоа теле да направи онака како што прави со телето за грев - така нека направи со него; и потоа нека се помоли свештеникот за нив, и гревот ке им се прости. |
21. | А телето цело нека го изнесат од таборот, и нека го изгорат како и првото теле; тоа е жртва за гревот на целиот собир. |
22. | Ако згреши началникот и направи, не сакајки нешто што неговиот Господ Бог забранил да се прави, грешен е оти направил престап. |
23. | Кога ке узнае во себеси за гревот свој што го направил, тогаш нека принесе дар свој заради гревот козел, од машки род, без недостаток. |
24. | И нека ја стави раката своја врз главата на козелот и нека го заколе на она место, каде што се колат жртвите сепаленици пред Господа; тоа е жртва за грев. |
25. | И нека земе свештеникот крв од жртвата за грев и со прстот свој нека ги намачка роговите на жртвеникот за сепаленици; а сета друга крв негова нека ја излие во подножјето на жртвеникот за сепаленици. |
26. | А сиот лој нека го изгори на жртвеникот како лој од жртвата за сепаленици; и да се помоли свештеникот за гревот негов, и ке му се прости. |
27. | И ако некој од народот згреши, на сакајки направи нешто што Господ забранил да се прави, виновен е. |
28. | Кога ке узнае, пак, за гревот свој што го направил, тогаш нека принесе дар свој - коза од козите свои, без недостаток, поради гревот што го направил; |
29. | и нека ја стави раката своја врз главата од жртвата за грев, и нека се заколе козата поради гревот на местото, каде што се колат жртвите сепаленици. |
30. | Потоа нека земе свештеникот крв од неа на прстот свој и нека ги помаже роговите на жртвеникот за сепаленици: а сета друга крв нека ја излие во подножјето на жртвеникот. |
31. | И сиот лој од неа нека го извади како што се вади лојот од жрвата за спасение, и нека го изгори свештеникот на жртвеникот за пријатен мирис пред Господа; и да се помоли свештеникот за него, па ке му биде простено. |
32. | Ако принесува дар овца поради гревот, нека донесе здрава и без недостаток. |
33. | И нека ја стави раката своја врз главата од жртвата за грев, па нека се заколе поради гревот на она место, каде што се колат жртвите сепаленици. |
34. | И свештеникот нека земе крв од жртвата за грев и со прстот свој со неа нека ги намачка роговите на жртвеникот, на кој се гори жртвата; а сета друга крв нека ја излие во подножјето на жртвеникот за сепаленици. |
35. | И сиот лој нека го извади, како што се вади лојот од овца на жртва за спасение; и нека го изгори свештеникот врз жртвеникот како жртва сепаленица Господова; па нека се помоли свештеникот за гревот негов, што го направил, и ке му се прости." |
← Leviticus (4/27) → |