← Leviticus (27/27) |
1. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
2. | "Кажи им на синовите Израилеви и речи им - ако некој се заветува да ја посвети душата своја на Господа со цена, |
3. | цената за маж од дваесет до шеесет години да биде шеесет сребрени дидрахми, според свештената мерка. |
4. | Ако е, пак, за жена, цената да биде триесет дидрахми. |
5. | За машко од пет до дваесет години цената ке биде дваесет дидрахми, а за женски десет дидрахми. |
6. | За машко, пак, од еден месец до пет години цената треба да изнесува пет сребрени дидрахми, а за женско три сребрени дидрахми. |
7. | За маж од шеесет години и нагоре цената ке биде петнаесет среберни дидрахми, додека за жена десет дидрахми. |
8. | Ако е сиромав и нема да плати според цената своја, тогаш тој нека се претстави пред свештеникот, и свештеникот нека го процени: според состојбата на оној, што се заветувал, така нека го процени свештеникот. |
9. | Ако е, пак, добиче од оние што Му се принесуваат како жртва на Господа, ако Му се даде од овие на Господа, ке биде свето; |
10. | да не се заменува доброто со лошо, или лошото со добро; ако некој замени добиче со добиче тогаш и добичето и неговата замена ке бидат светиња. |
11. | Ако е тоа нечист добиток, што не се принесува како жртва на Господа, тој нека му биде претставен на свештеникот, |
12. | и свештеникот да процени, дали е тој добар, или лош; како ке го оцени свештеникот, така и нека биде; |
13. | ако некој сака да го откупи, нека додаде кон цената уште една петина. |
14. | Ако некој Му ја посветува на Господа куката своја за светиња, свештеникот да ја процени, дали е таа добра, или лоша; како што ке ја оцени свештеникот, така и да биде. |
15. | Ако оној што ја посветил, побара да ја откупи куката своја, нека приложи уште една петина во сребро кон цената нејзина, и тогаш таа нека биде негова. |
16. | Ако некој Му посвети на Господа од имотот свој нива, процената треба да биде сразметно со посеаното: за еден гомер јачмен - педесет сребрени дидрахми. |
17. | Ако некој ја посветува нивата своја во прошталната година, тоа треба да биде според нејзината проценка. |
18. | Ако некој ја посветува нивата своја по прошталната година, треба да биде според неа и процената. Ако ја посветува најдоцна до прошталната година, свештеникот нека ја определи цената во сребро според годините што остануваат до идната проштална година, и да одземе и за толку да ја намали цената. |
19. | Ако оној, што ја посветил нивата своја, побара да ја откупи, нека додаде уште една петина во сребро кон цената нејзина, и таа нека биде негова. |
20. | Ако, пак, тој не ја откупи нивата своја и нивата биде продадена на друг човек, тој веке не може да ја откупи; |
21. | таа нива, откако ке биде ослободена во прошталната година, нека биде светиња Господова; таа нека биде земја одделена од сопственост и да биде за свештеникот. |
22. | Ако некој Му посвети на Господа купена нива, која не е во селото на имотот негов, |
23. | свештеникот нека ја определи цената нејзина до прошталната година, и тоај да ја даде, според она како што е пресметано, во истиот ден, како светиња Господова; |
24. | а нивата во прошталната година пак нека мине на оној, од кого била купена и кој што владеел со таа земја. |
25. | Секоја проценка да се врши според свештената мерка - дваесет пенези да чинат една дидрахма. |
26. | А секое првородено што ке се роди ме у добитокот твој, никој не може да го заветува: било вол, било од овците - тие се Господови. |
27. | Ако, пак, добитокот е нечист, да се откупува според цената негова и да се додаде кон неа уште една петина; ако не се откупи, тогаш нека се продаде според неговата процена. |
28. | А се‘ што човек Му ветува на Господа со клетва од она, што ги има - од човек до добиток или нива од имотот свој, да не се продава ниту да се откупува: секој завет со клетва е најсвета светиња Господова. |
29. | И се‘ што е ветено од лу ето со клетва, не се откупува: тоа треба да се предаде на смрт. |
30. | И секоја десетина од земјата, од земните семиња и од плодовите на дрвјата Му припа аат на Господа: тоа се светиња Господова; |
31. | ако некој ја откупи десетината своја, да додаде кон цената нејзина уште една петина. |
32. | И секој десеток од воловите, од овците и од се‘ десето што ке падне под жезал, треба да Му падне на Господа; |
33. | и да не се заменува добро за лошо, ниту лошо за добро; ако некој го замени, тогаш тоа самото и неговата замена да бидат светиња - да не се откупува." |
34. | Тоа се заповедите, кои Господ им ги даде на синовите Израилеви преку Мојсеј на планината Синај. |
← Leviticus (27/27) |