← Leviticus (26/27) → |
1. | Не правете ракотворни образи, ни делкани; и не издигајте столб и не поставувајте во земјата камења со знаци, за да им се клањате, зашто Јас сум Господ, вашиот Бог. |
2. | Пазете ги Моите саботи и бојет се од Моите светињи, Јас сум Господ. |
3. | Ако постапувате според Моите повелби и ги запазувате Моите наредби, и ги исполнувате, |
4. | ке ви дадам дожд во своте време, и земјата ке го даде родот свој, и дрвјата полски ке го дадат својот плод, |
5. | и вршидбата ке трае кај вас до гроздоберот, гроздоберот ке трае до сеидбата, и ке го јадете својот леб до наситка и ке се настаните на земјата ваша со сигурност, и војна нема да мине по целата ваша земја. |
6. | Kе и‘ дадам мир на земјата ваша, ке спиете и никој нема да ве обеспокојува, ке ги истребам лутите sверови од земјата ваша; |
7. | војна нема да мине преку вашата земја. Па ке ги гоните непријателите ваши, и тие од меч ке паднат убиени пред вас; |
8. | петмина од вас ке прогонуваат сто души, и стотина од вас ке прогонуваат иљадници, и непријателите ваши ке паднат од меч пред вас. |
9. | Kе погледам на вас и ке ве благословам, ке ве расплодам плодни, ке ве умножам и ке го поставам заветот Мој со вас. |
10. | И ке јадете од старото и од постарото и старото ке го исфрлите поради новото. |
11. | Kе ја поставам скинијата Моја ме у вас, и душата Моја нема да се гнаси и одврака од вас. |
12. | Kе се движам ме у вас и ке бидам ваш Бог, а вие ке бидете Мој народ. |
13. | Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве изведе од Египетската земја, каде што бевте таму робови, и ги скршив врските на јаремот ваш и ве изведов охрабрени. |
14. | Ако, пак, не Ме слушате и не ги исполнувате овие Мои повелби, |
15. | и не им се покорувате, и ако душата ваша вознегодува од Моите закони, и со тоа што нема да ги испонувате сите Мои заповеди, за да го нарушите заветот Мој, - |
16. | тогаш и Јас ке постапам со вас вака - ке ви пратам скудност, красти и жолтица, од кои ке ослабат очите ваши и ке се измачува душата ваша, па ке сеете семе залудо, зашто непријателите ваши ке го јадат. |
17. | Kе го свртам лицето Мое против вас и ке паднете пред непријателите ваши; над вас ке владеат непријателите ваши, и ке бегате дури и кога никој не ве гони. |
18. | Ако и покрај сето ова не Ме послушате, седумпати ке ја зголемам казната за гревовите ваши; |
19. | ке ја скршам вашата тврдоглавост, ке го направам небото ваше како железо, и земјата ваша како бакар; |
20. | па залудо ке се истоштува силата ваша, и земјата ваша нема да го дава својот плод, и дрвјата на земјата ваша нема да ра аат плодови свои. |
21. | Ако, пак, и потоа тргнете настрана и не ке сакате да Ме слушате, ке ви нанесам седумкратни удари поради гревовите ваши; |
22. | ке испратам против вас лути земни sверови, кои ке ве изедат, ке го уништат добитокот ваш и ке ве намалат, така што ке се запустат патиштата ваши. |
23. | Ако и потоа не се поправите и трнете против Мене, |
24. | тогаш и Јас ке тргнам против вас со јарост и ке ве поразам седумкратно за гревовите ваши. |
25. | И ке испратам против вас одмаздувачки меч за одмазда поради заветот; ако, пак, избегате по градовите ваши, ке испратам на вас помор и ке бидете предадени во рацете на непријателот. |
26. | Kе оскудевате за леб; десет жени ке го печат лебот ваш во една печка и ке ви даваат леб со мерка; ке јадете и нема да се наситите. |
27. | Ако и покрај сево ова не Ме послушате и тргнете против Мене, |
28. | и Јас ке тргнам против вас со гнев и седумкратно ке ве казнам според гревовите ваши, |
29. | и ке ги јадете телата на синовите свои, и телата на керките ваши ке ги јадете. |
30. | Kе ги разрушам жртвениците ваши, ке ги разрушам ракотворните столбови ваши и ке ги фрлам труповите ваши врз урнатините од идолите ваши, и душата Моја ке се одврати од вас. |
31. | Градовите ваши ке ги претворам во пустињи и ке ги опустошам светињите ваши, и нема да примам благопријатен мирис од жртвите ваши. |
32. | Kе ја запустам земјата ваша, така што ке се чудат над неа непријателите ваши, што ке живеат во неа; |
33. | вас, пак, ке ве растурам ме у народите и ке ве истреби мечот што ке дојде; земјата ваша ке биде пуста, и градовите ваши - разрушени. |
34. | Тогаш земјата ке се вознагради за своите саботи преку сите денови, додека биде пуста; а вие ке бидете во земјата на непријателите ваши; земјата ке си почива и ке се вогнагради за своите саботи; |
35. | таа ке почива за сето време додека ке биде пуста, што не почиваше за сите саботи ваши кога живеевте во неа. |
36. | А на оние од вас што ке останат, ке им всадам страв во срцата во земјата на непријателите нивни, па и шумот од развеан лист ке ги прогонува; ке бегаат како од меч, и ке па аат кога и никој не ги гони. |
37. | И брат брата ке презира и кога никој нема да ве напа а; не ке имате сила да им се противставувате на непријателите ваши; |
38. | ке загинете ме у народите, и ке ве проголта земјата на непријателите ваши; |
39. | а другите од вас ке истлеат поради беззаконијата свои во земјите на непријателите ваши и поради беззаконијата на татковиците ваши ке исчезнат. |
40. | Тогаш ке ги исповедаат беззаконијата свои и беззаконијата на татковците свои, заради тоа што Ме презреа, престапија и станаа против Мене; |
41. | поради кое и Јас ке станам со јарост против нив и ке ги погубам во земјата на непријателите нивни; тогаш ке се засрами нивното необрезано срце, и тогаш ке се сетат за гревовите свои. |
42. | И Јас ке си спомнам за заветот Мој со Јакова, и на заветот Мој со Исака, и на заветот Мој се Авраама, |
43. | и на земјата ке се сетам и земјата ке биде напуштена од нив и земјата ке се вознагради за своите саботи, откако ке биде испразнета од нив, и тие ке ја добијата својата казна за беззаконијата свои, затоа што ги презреа законите Мои и душата нивна вознегодува поради наредбите Мои. |
44. | Но кога тие ке бидат во земјата на непријателите свои, - Јас нема да ги презрам, и нема да се налутам на нив толку, за да ги истребам и да го раскинам Мојот завет со нив, зашто Јас сум Господ, Бог нивни. |
45. | Kе се сетам на заветот прв, кога ги изведов од Египетската замја од домот на ропството пред очите на народите, за да им бидам Бог. Јас сум Господ." |
46. | Тоа се наредбите, заповедите и законот кои Господ им ги даде на синовите Израилеви преку Мојсеја на планината Синај. |
← Leviticus (26/27) → |