← Leviticus (24/27) → |
1. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
2. | "Заповедај им на синовите Израилеви да земат чист маслинов елеј, исцеден за осветување, та светлото да гори секогаш |
3. | зад завесата во скинијата на сведоштвото, а ке го палат Арон и синовите постојано пред Господа од вечерта дури до утрината; и тоа нека ви биде вечна наредба во родовите ваши. |
4. | На чистиот свекник палете ги светилата постојано пред Господа дури до утредента; |
5. | и земете пченично брашно и измесете од него дванаесет лебови - секој леб да тежи по две десетини ефа; |
6. | поставете ги во два реда, по шест во ред, на чистата трпеза пред Господа. |
7. | И во секој ред ставете и ливан, како и сол; и тоа нека биде крај лебовите како спомен на приносот за Господа. |
8. | Секој саботен ден постојано да се предлагаат лебови пред Господа од синовите Израилеви: тоа е вечен завет. |
9. | Тие да му припа аат на Арона и на синовите негови за да ги јадат на свето место; тоа е голема светиња, дел од жртвите за Господа, овековочена со закон." |
10. | Тогаш излезе синот на една жена Израилка, што го беше родила со Египтјанин, ме у синовите Израилеви и се скара со еден Израилец во населбата; |
11. | и синот на Израилката похули на Господовото име. И го доведоа кај Мојсеја; името на мајката негова беше Саломит, Давринова керка од племето Даново; |
12. | па го ставија в затвор додека не се донесе за него пресуда според заповедта Господова. |
13. | И му рече Господа на Мојсеја велејки: |
14. | "Изведи го оној што хулеше надвор од живеалиштето, а и сите што чуја, нека ги стават рацете свои врз главата негова и целиот народ нека го убие со камења, |
15. | и кажи им на синовите Израилеви: секој што ке похули на својот Бог, ке го прими својот грев; |
16. | и оној што ке го навреди името Господово, треба да умре, со камења да го убие сиот народ; било да е тој придојден или тукашен, ако похули на името Господово, да умре. |
17. | Кој ке убие човек, да биде умртвен. |
18. | Кој ке удри добиток и тој умре, да го плати - добиток за добиток. |
19. | На оној, што ке му нанесе повреда на ближен, да му се направи и нему она што го направил тој; |
20. | прелом за прелом, око за око, заб за заб; како што му нанел повреда на човек, така и нему да му се направи. |
21. | И кој удри човек и умре, да биде умртвен. |
22. | Една правда да има како за придојден така и за тукашен, затоа што Јас сум Господ, вашиот Бог." |
23. | Тогаш Мојсеј им кажа се‘ на синовите Израилеви; и го изведоа оној што беше похулил надвор од населбата и сиот народ го уби со камења; синовите Израилеви направија така, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
← Leviticus (24/27) → |