← Leviticus (23/27) → |
1. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
2. | "Кажи им на синовите Израилеви и објасни им за празниците Господови, кои треба да се нарекуваат свети. Ова се празниците Мои: |
3. | во шесте денови да работите, а седмиот ден е сабота - ден за одмор, свет на Господа; никаква работа да не вршите, тоа е сабота Господава во сите ваши домови. |
4. | А ова се празниците Господови, наречени свети, а што треба да ги свикувате во нивните определени времиња: |
5. | во првиот месец, на четиринаесеттиот ден од месецот ме у двете вечери е Пасха Господова, |
6. | а на петнаесеттиот ден од истиот месец е празникот на Господа Бесквасници; седум дена јадете бесквасен леб; |
7. | и првиот ден да ви биде свет, не вршете никаква работа; |
8. | а во седумте дена принесувајте Му на Господа сепаленици, и седмиот ден да ви биде свет; не вршете никаква работа." |
9. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
10. | "Јави им на синовите Израилеви и кажи им: кога ке влезете во земјата, која ви ја давам, и почнете тами да жнеете жетва, првиот сноп од жетвата ваша донесете го кај свештеникот; |
11. | тој ке го вознесе тој сноп пред Господа, за да ви биде примен; на вториот ден од празникот свештеникот ке го вознесе; |
12. | а во оној ден кога го принесувате снопот, принесете Му на Господа и жртва сепаленица - едногодишно јагне без недостаток, |
13. | а зедно со него и жртви драговолни - две десетини ефа пченично брашно, прелиено со елеј, жртва - дар на Господа со блаопријатен мирис и со прелив за него од една четвртина ин вино; |
14. | никаков нов леб ниту печени класје не јадете до денот, во кој ке принесувате дар ваш на вашиот Бог: тоа нека ви биде вечна наредба во родовите ваши по сите ваши населби. |
15. | Избројте од првиот ден по празникот, од денот во кој го принесувате снопот како вознесување - седум полни седмици, |
16. | дури до првиот ден од последната седмица избројте педесет дена, и тогаш принесете Му на Господа нова жртва. |
17. | Од своите домови принесете Му на Господа леб на дар - два леба за вознесување, кои треба да бидат месени од две десетини ефа пченично брашно со квас, да се испечени од првите плодови за Господа. |
18. | Заедно со лебовите принесете и седум јагниња без недостаток, едногодишни и од крупниот добиток едно теле и два овна без недостаток; тоа нека би биде жртва сепаленица за Господа како лебен принос со принос за прелив, за благопријатен мирис пред Господа. |
19. | Принесете исто така од стадата на козите еден козел - жртва за грев, и две едногодишни јагниња - жртва за спасение со лебовите од првите жита. |
20. | И свештеникот нека го принесе тоа со лебовите од првите жита пред Господа, заедно со двете јагниња: тоа ке биде свет принос за Господа, за свешеникот што ги принесува. |
21. | И тој ден наречете го свет, нека ви биде особено свет, никаква работа не вршете во него - тоа нека ви биде вечна заповед за родовите ваши по сите населби. |
22. | И кога жнеете жетва на вашата нива, не ја дожневајте нивата своја до крај, и она што ке падне од твојата жетва не собирај го: остави го за сиромавиот и придојдениот. Јас сум Господ, вашиот Бог." |
23. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
24. | "Кажи им на синовите Израилеви, велејки - во седмиот месец, во првиот ден од месецот, имајте спокој, Празник на трубите; тој ден нека ви биде свет. |
25. | Никаква работа не вршете во него, а принесувајте Му на Господа жртви сепаленици." |
26. | И пак му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
27. | "И десеттиот ден од седмиот месец, денот на очистувањето, нека ви биде свет: смирете ги душите ваши и принесувајте Му сепаленица на Господа. |
28. | Никаква работа не вршете во тој ден, зашто тоа е ден за очистување ваше, за да се очистите пред лицето на Господа, вашиот Бог. |
29. | А секоја душа, што не ке го почитува тој ден, ке биде истребена од народот свој. |
30. | И секоја душа што ке врши каква и да било работа во тој ден, таа душа ке загине од својот народ. |
31. | Никаква работа не вршете: тоа ви е вечна наредба и за родовиет ваши по сите ваши живеалишта. |
32. | Тоа е за вас сабота над саботите, па затоа смирете ги душите ваши, оти од вечерта на деветтиот дена од месецот дури до вечерта на десеттиот ден од месецот празнувајте ја вашата сабота." |
33. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
34. | "Кажи им на синовите Израилеви, велејки: во петнаесеттиот ден од истиот месец, седмиот месец, е празникот Сеници, Господов празник што трае седум дена. |
35. | И денот прв ке ви биде наречен свет, никаква работа не вршете; |
36. | седум дена принесувајте Му на Господа сепаленици; а и осмиот ден нека ви биде свет, и тогаш принесувајте Му на Господа сепаленици; - тоа е крајот на празникот, и никаква работа не вршете. |
37. | Тоа се Господовите празници, што ке ви бидат наречени особено свети, кога ке Му принесувате на Господа сепаленици и приноси со нив како и преливи врз нив од ден во ден, |
38. | освен во саботите Господови, освен даровите ваши, заветите ваши, што ке Му ги давате од благодарност на Господа. |
39. | А на петнаесеттиот ден од седмиот месец, кога ја завршувате жетвата на житата ваши, празнувајте празник Господов седум дена: првиот ден нека ви биде починка, а во осмиот ден нека ви е одмор. |
40. | Во првиот ден земете плодови од убави дрвја, и гранки од палми, и гранки од широколисни дрвја како и од врби, речни растенија, и развеселете се пред Господа, вашиот Бог - седум дена во годината. |
41. | Ова е вечна наредба за вас и за родовите ваши; во седмиот месец празнувајте го празникот Сеници. |
42. | Седум дена престојувајте во сеници: секој тукашен во Израилот треба да престои во сеница, |
43. | за да знаат поколенијата ваши, дека Јас во сеници ги вселив синовите Израилеви, кога ги изведов од Египетската земја. Јас сум Господ, вашиот Бог." |
44. | И Мојсеј им говореше на синовите Израилеви за празниците Господови. |
← Leviticus (23/27) → |