← Leviticus (22/27) → |
1. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
2. | "Кажи му на Арона и на синовите негови да постапуваат внимателно со светите приноси од синовите Израилеви и да не го осквернуваат Моето свето име во тоа, што Ми го посветуваат. Јас сум Господ. |
3. | Кажи им: ако некој во целото ваше потомство во вашите родови има на себе некакава нечистотија и пристапи кон светите дарови, што синовите Израилеви Му ги посветуваат на Господа, да се истреби таа душа од пред Мене. Јас сум Господ, вашиот Бог. |
4. | Оној човек од семето Ароново, кои е лепрозен, или има излив на семе, да не јаде од светите дарови се‘ додека не се исчисти, и кој се допре до нешто нечисто од мртовац, или кому му се случи излив на семе при спиење, |
5. | или кој ке се допре до некој гад, па се оскверни, или до човек од кого се оскверни од каква и да било нечистотија, |
6. | тој што се допрел до тоа да биде нечист до вечерта и да не јаде од светите приноси, пред да го измие целото свое тело со вода; |
7. | но, штом зајде сонцето, да биде чист, тогаш да јаде од осветените дарови, бидејки тоа е негова храна. |
8. | Мрша или sверојадина тој да не јаде, за да не оскверни од нив. Јас сум Господ. |
9. | Нека ги пазат заповедите Мои, за да не навлечат поради нив грев врз себе и да не умрат поради нив, ако се осквернат. Јас сум Господ Бог, Кој ги осветува. |
10. | Никој од друг род да не јаде од светите приноси: кој се населил кај свештеник, ни наемникот негов, не смее да јаде од светите приноси. |
11. | Ако свештеникот си купи човек со пари, тој нека јаде од лебовите негови; исто така и домашните негови можат да јадат од неговите лебови. |
12. | Ако свештеничка керка се омажи за човек од друго племе, таа не смее да јаде од првините на светото, |
13. | а ако таа остане вдовица или биде разведена, а нема деца, и се врати во татковата кука, како што била на млади години, тогаш таа може да јаде од лебовите на татка си; но никој друг род не смее да јаде од нив. |
14. | Кој поради незнаење јаде нешто од осветените приноси, тој дел треба да му го врати толку на свештеникот и да додаде кон него уште една петина од тоа. |
15. | И да не ги осквернуваат светињите на синовите Израилеви, принесувани на Господа; |
16. | и да не навлекуваат врз себе беззаконие поради престап, со тоа што ке јадат од нивните дарови, зашто Јас сум Господ, Кој ги осветува." |
17. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
18. | "Кажи им на Арона и на синовите негови и на сите синови Израилеви кажи им: ако некој од синовите Израилеви, или од придојдените ме у народот Израилв, било поради исповедание или од благодарност принесува жртви какви што Му се принесуваат на Господа, за сепаленица, |
19. | за да му се прими жртвата милостиво, треба да биде од машки пол од стадата волови или овци, или кози, без недостаток; |
20. | а се‘ што има недостаток, да не Му се принесува на Господа, бидејки тоа ке Му биде непријатно. |
21. | И ако некој Му принесува на Господа жртва за спасение, исполнувајки завет или по своја воља, или на вашите празници, тогаш тоа треба да биде од стадата на говедата или овците и да биде без недостаток, за да му биде примена - и да нема никаков недостаток. |
22. | Животно слепо или сакато, или со пресечен јазик, или шугаво, или краставо, или со лишај - такви не принесувајте Му на Господа и од нив не давајте на Господа жртва на жртвеникот. |
23. | Теле или овца со долги уши или кратки нозе можеш да принесеш како жртва по своја воља: но ако е за завет, нема да се прими. |
24. | Животно со дробови слаби и болни, резано или тргано, не принесувај Му на Господа; во земјата ваша не правете го тоа. |
25. | И од рацете на ту инец на принесувате Му на Господа никакви дарови на вашиот Бог, затоа што тие се повреда, имаа недостаток: тие нема да ви се примат." |
26. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
27. | "Кога ке се роди теле, или јагне, или козле, да остане кај мајка си седум дена, а од осмиот ден и натаму ке може да се принесува како дар на Господа, - |
28. | но не колете ни теле, ниту јагне во ист ден заедно со мајката негова. |
29. | Ако Му принесувате на Господа жртва по завет, со радост принесувајте ја. |
30. | Таа да се изеде истиот ден, не оставајте од месото за другиот ден. Јас сум Господ. |
31. | Пазете ги заповедите Мои и извршувајте ги. Јас сум Господ. |
32. | Не осквернувајте го Моето свето име, за да бидам свет ме у синовите Израилеви. Јас сум Господ, Кој ве осветува, |
33. | Кој ве изведов од Египетската земја, за да бидам ваш Бог. Јас сум Господ." |
← Leviticus (22/27) → |