← Leviticus (21/27) → |
1. | И пак му рече Господ на Мојсеја, велејки: "Кажи им на свештениците, синовите Аронови, и рече им да не се допираат до мртовец од народот свој. |
2. | Само до близок роднина свој, до мајка, до татко, до син и до керка, до брат, |
3. | до сестра, која е мома што живее кај него, а немажена, може да се допира, и со тоа да не се осквернува; |
4. | инаку, не смее да се оскверни со допир до кого и да било од народот свој, за да не стане нечист. |
5. | Не смеат да ја бричат главата своја, ниту да го расипуваат обликот на брадата своја, ни да правата зарези по телото свое. |
6. | Тие треба да бидат свети пред својот Бог и да не го осквернуваат името на својот Бог, бидејки тие сами Му принесуваат дарови на својот Бог, и ке бидат свети. |
7. | Тие не смеат да земаат жени блудници и порочни, не смеат да се женат ни со жена, отерана од својот маж, затоа што се тие свети пред Господа, својот Бог. |
8. | И свет нека ти биде, бидејки тој Му принесува дар на Господа, вашиот Бог; тој треба да ти биде свет, затоа што сум свет Јас, Господ Бог ваш, Кој ги осветува. |
9. | Ако свештеничка керка се оскверни со блудство, таа го осквернила таткото свој: со оган да биде изгорена. |
10. | А големиот свештеник ме у браката свои, врз чија глава е излеан елеј за помазание, и е совршен за да се облекува во одежди, да не ја открива главата своја и облеката своја да не ја кине; |
11. | и до никаков мртовец да не прио а; да не се осквернува со допир ни до умрениот татко свој и ни до мајката своја. |
12. | Чад од светилиштето да не излегува за да не го оскверни осветеното од својот Бог, зашто светиот елеј на Божјото помазание е врз него. Јас сум Господ. |
13. | За жена тој треба да зема девица од родот свој; |
14. | не смее да зема вдовица или оставена или осквернета или блудница, туку само девица од родот свој тој треба да зема за жена. |
15. | И да не го осквернува своето потомство во народот свој: затоа што сум Јас Господ Бог, Кој го осветува." |
16. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
17. | "Кажи му на Арона: никој од твоето семе во сите родови, кој има телесен недостаток, да не пристапува да Му принесува дар на својот Бог. |
18. | Никој, кој има телесен недостаток, да не пристапува; ни слеп човек, ниту хром, ниту, пак, со крив нос, или со рецкано уво, |
19. | ниту таков кому му е раката скршена или ногата скршена, |
20. | ниту грбав, ниту гурелав, ниту со перде на очите, а ни крастав или со лишај, ниту килав. |
21. | Никој човек од родот на свештеникот Арон, кој е со телесен недостаток, не смее да пристапува за да Му принесува жртва на твојот Бог; бидејки има недостаток, нека не пристапува да принесува дарови Божји, |
22. | но од даровите на својот Бог, од осветените жртви, тој може да јаде; |
23. | само до завесата да не се доближува и до жртвеникот да не пристапува, затоа што има недостаток: да не го оскверни светилиштето на својот Бог, оти Јас сум Господ, Кои ги осветува." |
24. | И Мојсеј им го соопшти тоа на Арона и на синовите негови и на сите синови Израилеви. |
← Leviticus (21/27) → |