← Leviticus (20/27) → |
1. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
2. | "Кажи им на синовите Израилеви, говорејки: ако некој од синовите Израилеви или од придојдените, кои живеат ме у Израилците, му даде жртва на Молоха од децата свои, да умре; народот од земјата со камења да го убие. |
3. | И Јас ке го свртам лицето Мое против тој човек и ке го истребам од народот негов, затоа што му дал на Молоха жртва од децата свои, за да го оскверни Моето светилиште, и да се оскверни името на оние што сум ги осветил. |
4. | И ако народот од земјата ги затвори очите пред тој човек, кога ке му даде ма Молоха жртва од своите деца, и не го убие, |
5. | тогаш Јас ке го свртам лицето Мое против тој човек и неговиот род, ке ги истребам и сите едномисленици, што ке го следат во блудството негово со идолите на тој народ. |
6. | И ако некоја душа тргне по оние што гатаат на животински црева, и по магесници, за да го следат нивното блудство, Јас ке го свртам лицето Мое против таа душа и ке ја истребам од народот нејзин. |
7. | Бидете свети, зашто Јас, вашиот Господ Бог, сум свет. |
8. | Пазете ги Моите повелби и извршувајте ги, оти Јас сум Господ, Кој ве осветува. |
9. | Човек, кој го навредува таткото свој или мајката своја да биде убиен; тој што го злословува таткото свој или мајката своја: виновен е. |
10. | Ако некој изврши прељуба со мажена жена или со жената на ближниот свој - да бидат убиени и прељубодеецот и прељубодејката. |
11. | Кој ке легне со жената на таткото свој, тој ја открил голотијата на татка си; обајцата да бидат убиени; виновни се. |
12. | Ако некој легне со снаата своја, и обајцата да бидат убиени, тие извршиле нечисто дело - виновни се. |
13. | Ако некој легне со маж како со жена, и обајцата извршиле гнасно дело: да бидат убиени, виновни се. |
14. | Ако некој се ожени со керка или мајката нејзина, тоа е беззаконие: со оган да бидат изгорени и тој и таа, за да нема беззаконие ме у вас. |
15. | А, ако некој пристапи кај некое животно, за да се соедини со него, убиј го него и животното: тие треба да бидат убиени - виновни се. |
16. | И жена ако пристапи до животно, да се соедини со него, да ги убиете и жената и животното - да умрат, виновни се. |
17. | Ако некој ја земе сестрата своја, или татковата керка, или мајкината керка, и ја види голотијата нејзина, и таа ја види голотијата негова: тоа е срам; да бидат истребени од својот народ: тој ја открил голотијата на сестрата своја - затоа ке го прими гревот свој врз себе. |
18. | Ако некој легне со жена кога е нечиста од излив на крв, и ја открие голотијата нејзина, изливот на нејзината крв, и таа го открие изливот на својата крв: и обајцата да бидат истребени од народот свој. |
19. | Голотијата од мајкината сестра и голотијата од сестрата на твојот татко не откривај ја, зашто тој открива родбинска голотија, тие гревот свој ке го носат врз себе. |
20. | И ако некој легне со роднина своја, тој ја открил Голотијата на родот свој: нека умрат без деца. |
21. | Ако некој ја земе братовата жена: тоа е гнасно дело; тој ја открил голотијата на братот свој, и обајцата ке умрат без деца. |
22. | Запазете ги сите Мои повелби и сите Мои заповеди и извршувајте ги - и нема против вас да вознегодува земјата, во која ве водам да живеете во неа. |
23. | Не постапувајте според законите на незнабошците што ке ги изгонам пред вас; затоа што тие сето тоа го правеа, Јас вознегодував против нив, |
24. | и ви реков; вие ке ја наследите земјата нивна и вам ке ви ја дадам во владение земјата, каде што тече мед и млеко. Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве оддели од сите народи. |
25. | Правете разлика ме у чист и нечист добиток, и ме у чиста и нечиста птица, и не ги осквернувајте душите свои со добиток и со птица и со она што лази по земјата, она што ви го одвоив како нечисто. |
26. | Kе ми бидете свети, затоа што сум Јас, Господ вашиот Бог, свет, Кој ве одделив од сите народи за да бидете Мои. |
27. | Маж или жена, ако извикува духови на мртви, да бидат убиени; со камења да ги убиете, виновни се." |
← Leviticus (20/27) → |