← Leviticus (2/27) → |
1. | "Ако некој Му принесе на Господа лебна жртва, нека принесе пченично брашно, и нека го прелие со елеј, па на него нека стави ливан; |
2. | нека ја донесе тој кај синовите Аронови, свештениците, а свештеникот да земе полна рака од брашното пченично со елеј и сиот нејзин ливан, па нека ја запали таа свештеникот на жртвеникот како спомен нејзин; тоа е жртва со пријатен мирис на Господа, |
3. | а она што ке остане од жртвата нека биде за Арона и за синовите негови: тоа е најголема светиња ме у жртвите на Господа, |
4. | Ако, пак, се принесува дар жртва од пченично брашно печена во печка, тоа нека бидат бескрасни лебови, замесени со елеј, и бесквасни питки, намажани со елеј. |
5. | Ако ти е жртвата дар пржен во тава, нека биде со пченично брашно, земесено со елеј, без квас; |
6. | раскрши ја на парчиња и полеј ја со елеј: тоа е жртва на Господа. |
7. | Ако ти е дарот твој жртва од огниште, таа треба да биде направена од пченично брашно со елеј. |
8. | И принеси ја жртвата, што си ја приготвил од тоа, на Господа: претстави ја пред свештеникот, а тој нека ја положи на жртвеникот; |
9. | и свештеникот нека земе дел од таа жртва за спомен и нека ја изгори на жртвеникот: тоа жртва со благопријатен мирис пред Господа; |
10. | остатокот, пак, од жртвата нека биде за Арона и синовите негови; тоа е најголема светиња ме у жртвите на Господа. |
11. | Секоја жртва, што Му ја принесувате на Господа, не правете ја со квас, зашто ни квас ниту мед не треба да се принесува како жртва на Господа. |
12. | Принесувајте Му ги нив на Господа како привини од плодовите; но на жртвеникот да не се полагаат како пријатен мирис пред Господа. |
13. | Секој дар од вашата жртва со сол засоли го, и не оставај ја жртвата своја на заветот на твојот Бог без сол: при секоја жртва принеси сол. |
14. | Ако Му принесуваш на Господа жртва од првите житни плодови, принесувај ја како дар од своите први плодови во зрна од исчукани пресни класја, исушени на оган, |
15. | полиј ја со елеј и стави врз неа ливан: тоа е жртва, |
16. | а свештеникот да изгори дел од зрната и елејот со сиот ливан за спомен: тоа е принос на Господа." |
← Leviticus (2/27) → |