← Leviticus (19/27) → |
1. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
2. | "Кажи му на целото општество на Израилевите синови и речи им: бидете свети, затоа што сум свет, Јас Господ, вашиот Бог. |
3. | Секој да се плаши од таткото свој и од мајката своја и да ги запазува Моите саботи. Јас сум Господ вашиот Бог. |
4. | Не одете по идоли, и излеани богови не правете си. Јас сум Господ, вашиот Бог. |
5. | Кога Му принесувате на Господа жртва за спасение, принесувајте ја за да биде примена. |
6. | Таа треба да се јаде во денот, кога ја принесувате, и вториот ден, а она што ке остане во третиот ден, да се изгори на оган. |
7. | Ако некој ја јаде во третиот ден, тоа не е жртва и нема да се прими. |
8. | Оној што ке ја јаде, ке навлече врз себе грев, бидејки го осквернил она што Му е свето на Господа, и душите на тие што јаделе, ке им бидат истребени од народот Негов. |
9. | Кога ја собирате жетвата од земјата своја, не ја жнеј нивата своја до крај, и паднатите класја од жетвата своја не собирај ги. |
10. | а и лозјето свое не собирај го до зрно, и паднатите зрна од брањето не собирај ги; остави го тоа за сиромавиот и придојдениот. Јас сум Господ, вашиот Бог. |
11. | Не крадете, не лажете и не клеветете го ближниот свој. |
12. | Не колнете се лажно во Моето име, на осквернувајте го светото име на вашиот Бог; Јас сум Господ, вашиот Бог. |
13. | Не навредувај го ближниот свој. Наградата на наемникот твој не смее да остане кај тебе до утредента. |
14. | Не навредувај глув човек и пред слеп не ставај ништо, од кое може да се сопне; бој се од Господа, твојот Бог. Јас сум Господ, Бог ваш. |
15. | Не прави неправда, а кога си во судот: не биди пристрасен спрема сиромавиот и не угодувај му на големецот; суди му на ближниот свој по правда. |
16. | Не шири лага ме у народот свој и не посегнувај врз животот на ближниот свој. Јас сум Господ, вашиот Бог. |
17. | Во мислите свои на завидувај му на братот твој; изобличи го ближниот свој и нема да ти се прими за грев поради тоа. |
18. | Да не се одмаздува раката твоја и не биди им непријател на синовите од народот твој, туку сакај го ближниот свој како самиот себе. Јас сум Господ, вашиот Бог. |
19. | Запазувај го законот Мој, не мешај го добитокот свој со добиток од друг род; во лозјето свое не сади различни лози; облека ткаена од две пре и не облекувај. |
20. | Ако некој преспие со жена, а таа е робинка, свршена за маж, но уште неоткупена, или уште не и‘ е дадена слобода, да се казнат и обајцата, но не со смрт, зашто таа не е слободна; |
21. | тој нека донесе пред Господа при влезот од скинијата на сведоштвото жртва за принос: еден овен, |
22. | и да се помоли свештеникот пред Господа, преку овенот за престап, за гревот што го направил, и извршениот грев ке му биде простен. |
23. | Кога ке влезе во земјата, која Господ, вашиот Бог, ви ја дава, и ке посадите секакво плодно дрво, очистете ја нечистотијата негова, три години неговиот плод треба да е за вас нечист и да не се јаде; |
24. | а во четвртата година секој негов плод е свет, посветен на Господа за благодарност. |
25. | Во петтата, пак, година, можете да ги јадете плодовите негови и да го собирате целиот негов род. Јас сум Господ, вашиот Бог. |
26. | Не јадете ништо со крв и не гатајте според летот на птиците. |
27. | Не стрижете ја главата своја наоколу и не расипувајте го изгледот на брадата своја. |
28. | Заради умрен не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ, вашиот Бог. |
29. | Не осквернувај ја керката своја, со тоа што ке и‘ дозволиш да врши блудство и да се исполни земјата со беззаконија. |
30. | Саботите Мои пазете ги и бојте се од она што Ми е свето. Јас сум Господ. |
31. | Не одете по оние што повикуваат духови на мртви, и до ма есници не доближувајте се, и не дозволувајте да ве осквернат. Јас сум Господ, Бог ваш. |
32. | Пред седо лице станувај, почитувај го лицето на старец и бој се од Господа, твојот Бог. Јас сум Господ, Бог ваш. |
33. | Кога придојден ке се насели во земјата ваша, не жалостете го; |
34. | придојдениот ме у вас нека ви биде исто како тукашен; сакајте го како себеси, затоа што и вие бевте придојдени во Египетската земја. Јас сум Господ, Бог ваш. |
35. | Не правете неправда кога судите, кога мерите со теразија и кога измерувате; |
36. | мерките ваши да ви бидат точни, теговите точни, ефата верна. Јас сум Гопод, Бог ваш, што ве изведов од Египетската земја. |
37. | Пазете го целиот Мој закон и сите Мои повелби, и извршувајте ги. Јас сум Господ, Бог ваш." |
← Leviticus (19/27) → |