← Leviticus (18/27) → |
1. | И му рече Господ Бог на Мојсеја, велејки: |
2. | "Кажи им на синовите Израилеви и речи им: Јас сум Господ Бог ваш. |
3. | Не постапувајте според делата на Египетската земја, во која живеевте, не постапувајте ни според делата на земјата Хананска, во која ве водам, и не управувајте се според нивните закони. |
4. | Извршувајте ги сите Мои наредби и пазете ги сите Мои заповеди, одете по нив, Јас сум Господ, Бог ваш. |
5. | Пазете ги сите Мои наредби и сите заповеди и извршувајте ги, и секој што ги извршува жив ке биде, Јас сум, Гопода, Бог ваш. |
6. | Никој не смее да се доближува до сродниците по тело, за да ја открие голотијата нивна. Јас сум Господ. |
7. | И голотијата на таткото свој и голотијата на мајката своја да не ја откриваш; таа ти е мајка, не откривај ја голотијата нејзина. |
8. | Голотијата на татковата жена не откривај ја: таа е таткова голотија. |
9. | Голотијата на сестрата твоја, која е од татка ти или од мајка ти твоја, родена во куката или надвор од куката, да не ја откриваш голотијата нејзина. |
10. | Голотијата од керката на синот твој или од керката на керката твоја, не откривај ја голотијата нивна, зашто тие се твоја голотија. |
11. | Голотијата на керката од татковата жена, не откривај ја, таа ти е сестра по татко. |
12. | Голотијата на татковата сестра не ја откривај; таа е од иста крв со таткото твој. |
13. | Голотијата на мајкината сестра не ја откривај, таа е од иста крв со мајката твоја. |
14. | Голотијата на татковиот брат не ја откривај и до неговата жена не се доближувај, таа ти е стрина. |
15. | Голотијата на снаата своја не ја откривај, таа е жена на твојот син - затоа не ја откривај голотијата нејзина. |
16. | Голотијата на братовата жена не откривај ја, таа е голотија на братот твој. |
17. | Голотијата на жена и на керка и‘ не ја откривај; керката на синот нејзин и керката на керката нејзина не ги земај, за да ја откриваш голотијата нивна: тие се од иста крв; тоа е беззаконие. |
18. | Не земај ја за наложница сестрата на твојата жена за да ја откриеш голотијата нејзина пред неа, се‘ уште додека е жива таа. |
19. | И до жена, се‘ додека трае чистењето од нечистотијата нејзина, не доближувај се за да ја откриеш голотијата нејзина. |
20. | И со жената на ближниот твој не легнувај, за да излееш семе и да се оскверниш со неа. |
21. | Од децата свои не му давај жртва на Молоха и не го обесчестувај светото име. Јас сум Господ. |
22. | Не легнувај со маж, како со жена: тоа е одвратност. |
23. | И со ниедно четвороножно животно не легнувај за да излееш семе, па да се оскверниш со него; и жена на смее да легнува по ниедно четвороножно животно, за да се спои со него: тоа е гнасотија. |
24. | Не осквернувај се со сево ова, затоа што со сето тоа се оскверниле народите, кои Јас сакам да ги отфрлам од вас; |
25. | и земјата се оскверни од нив, и Јас ги казнив поради неа, и така земјата ги исфрли своите жители. |
26. | А вие пазете ги сите Мои закони и сите Мои повелби и не вршете ниедно од сите овие гнасотии, ниту вие овдешните, ниту придојдените кои живеат ме у вас, |
27. | зашто сите тие гнасотии ги правеа лу ето на таа земја, што беа пред вас, и земјата се оскверни; |
28. | за да не се налути земјата и на вас, кога ке ја оскверните, па да не ве исфрли, како што ги исфрли народите што беа пред вас. |
29. | Зашто сите, што ги вршат овие гнасотии, ке бидат истребени од народот свој. |
30. | И така, пазете ги сите Мои повелби за да не извршувате ниеден од нивните гнасни закони, како што постапуваа оние што беа пред вас, и да не се оскверните со нив, оти Јас сум Господ, Бог ваш." |
← Leviticus (18/27) → |