← Leviticus (17/27) → |
1. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
2. | "Кажи му на Арона и на синовите негови и на сите синови Израилеви и речи им: еве што заповеда Господ, велејки: |
3. | ако некој од синовите Израилеви или придојден, присоединет кон вас, заколе теле или овца или коза во населбата, или надвор од населбата, |
4. | а не го приведе при влезот од скинијата на сведоштвото, за да принесе сепаленица или жртва за спасение, угодна пред Господа, со благопријатен мирис, и ако некој заколе надвор од населбата и не го донесе при влезот од скинијата на сведоштовото, за да Му принесе дар на Господа пред скинијата Господова, тогаш тој човек да се обвини за крв: тој пролеал крв, да се истреби од народот негов. |
5. | Така да ги принесуваа синовите Израилеви жртвите свои, што ги колат в поле и да ги приведуваат пред Господа при влезот од скинијата на сведоштвото, кај свештеникот, и да ги колат пред Господа како жртви за спасение, |
6. | и за да излие свештеникот крв околу жртвеникот пред Господа при влезот од скинијата на сведоштвото и да ги изгори лојот за благопријатен мирис пред Господа. |
7. | И да не принесуваа залудо жртви свои на идоли, во кои самите блудствуваат следејки ги. Ова нека биде вечна наредба и за поколенијата ваши. |
8. | Кажи им уште - ако некој од домот Израилев или од придојдените, кои живеат ме у вас, принесува сепаленица или жртва |
9. | и да не ја приведе при влезот од скинијата на сведоштвото, за да ја принесе пред Господа, таа душа да се истреби од народот свој. |
10. | Ако, пак, некој од домот Израилев или од придојдените, што живеат ме у вас, јаде каква и да било крв, тогаш Јас ке го свртам лицето Мое против душата на оној, што ке јаде крв, и ке го истребам од народот Мој, |
11. | зашто душата на секое тело е неговата крв, и Јас ви ја дадов за жртвеникот за да се молите за душите ваши, бидејки таа крв ке се помоли место душата. |
12. | Поради тоа и им реков на синовите Израилеви: ниедна душа ме у вас не смее да јаде крв, па ни придојдениот, кој живее ме у вас, не смее да јаде крв. |
13. | А, ако некој од синовите Израилеви и придојдените, што живеат ме у вас, фати во лов sвер или птица, што се јаде, да ја пушти крвта да истече и да ја покрие со земја, |
14. | зашто душата на секое тело е во крвта негова и им реков на синовите Израилеви: не јадете крв од никакво тело, бидејки душата на секое тело е во крвта негова, секој што ке ја јаде ке се истреби. |
15. | И секој што јаде мрша или sверојадина, ваш или придојден, нека ја испере облеката своја, да го измие телото свое со вода и ке биде нечист до вечерта, а потоа ке биде чист. |
16. | Ако, пак, не ги испере алиштата свои, и не го измие телото свое со вода, ке го прими своето беззаконие врз себе". |
← Leviticus (17/27) → |