← Leviticus (16/27) → |
1. | И му зборуваше Господ на Мојсеја по смртта на двајцата Аронови синови, кога тие, откако принесоа ту оган пред Господа умреа; |
2. | па му рече; - "Кажи му на братот твој Арона да не влегува во светилиштето зад завесата во секое враме пред очистилиштето, што е врз ковчегот на сведоштвото, за да не умре, бидејки Јас ке се јавувам над очистилиштето во вид на облак. |
3. | Еве вака да влегува Арон во светилиштето: со теле како жртва за грев и со овен за сепаленица. |
4. | Тој треба да го облекува осветениот ленен хитон, на долната половина од телото свое да има ленена облека и да се опашува со ленен појас, ленен кидар да става - тоа се свети облеки; прво треба да го измие целото свое тело со вода и потоа да ги облекува. |
5. | И од заедницата на синовите Израилеви да земе Арон два козела од козите како жртва за грев и еден овен за сепаленица. |
6. | Потоа Арон да приведе теле како жртва поради гревот свој и да се помоли за себе и домот свој, |
7. | па ке ги земе двата козела и ке ги постави при вратата од скинијата на сведоштвото. |
8. | И тогаш Арон ке фрли жреб за двата козела: еден жреб за Господа, а другиот за отпуштање. |
9. | И да го доведе Арон козелот на кој паднал жребот за Господа, и да го приведе како жртва за грев; |
10. | а козелот на кој паднал жреб за отпуштање, да го постави жив пред Господа, и откако се помоли над него, да го пушти во пустињата за отпуштање, и козелот ке ги понесе врз себе сите нивни беззаконија во непроодна земја. |
11. | Потоа Арон да го приведе телето како жртва поради својот грев и да се помоли за себе и за домот свој и да го заколе како жртва поради гревот свој. |
12. | А потоа да земе кадилница, полна со разгорени јаглења од жртвеникот, што е пред Господа, и да ги наполни рацете со чист темјан, и тоа да го внесе зад завесата; |
13. | и да го стави темјанот врз огнот пред Господа; и димот од темјанот ке го покрие очистилиштето, што е над ковчегот на сведоштвото, за да не умре. |
14. | И ке земе од крвта на телето и со прст ке го попрска очистилиштето од источната страна; седумпати да попрска од крвта со прстот свој пред очистилиштето. |
15. | Тогаш да го заколе козелот пред Господа - жртва поради грев на народот, и да внесе од крвта негова зад завесата, и со неа да направи исто што направи со крвта од телето, и да попрска врз очистилиштето и спрема очистилиштето, |
16. | и да го очисти светилиштето од нечистотиите на синовите Израилеви и од неправдите нивни, и од сите нивни гревови. Така треба да постапи тој и со скинијата на сведоштвото, која е ме у нив, среде нечистотиите нивни. |
17. | Кога влегува во светилиштето треба да се помоли, и се‘ додека тој не излезе, никој да нема во скинијата, а и да се помоли за себе, за домот свој и за целото општество на Израилот. |
18. | Потоа ке пристапи пред жртвеникот, што е пред Господа, и ке се помоли над него и ке земе од крвта на телето и од крвта на козелот, и ке го помаже роговите на жртвеникот наоколу, |
19. | и ке попрска со прстот свој од крвта седумпати, за да го очисти и освети од нечистотиите на синовите Израилеви. |
20. | Па, откако ке ги очисти светилиштето, скинијата на сведоштвото и жртвеникот и откако ке ги очисти свештениците, ке го приведе живиот козел. |
21. | Потоа да ги положи Арон двете свои раце врз главата на живиот козел, да ги исповеда над него сите беззаконија на синовите Израилеви, и сите нивни престапи, и сите нивни гревови, и да ги стави врз главата на живиот козел, и да го пушти преку раката на определен човек во пустињата; |
22. | и козелот ке ги понесе врз себе сите нивни беззаконија во непроодна земја; и да го пушти козелот во пустињата. |
23. | Тогаш Арон да влезе во скинијата на сведоштвото, да ја соблече ленената облека, во која беше облечен при влегувањето во светилиштето, и таму да ја остави, |
24. | и да го измие телото свое со вода на свето место, да ги облече своите алишта, па, штом ке излезе, да принесе сепаленица за себеси и за сиот народ, да се помоли за себе, за домот свој, за народот и за свештениците; |
25. | лојот пак од жртвата за грев да го принесе врз жртеникот. |
26. | А оној, што ке го одведува козелот за отпуштање, да ја испере облеката своја, да го измие телото свое со вода, и по сето тоа може да влезе во населбата. |
27. | А телето за грев и козелот за грев, чија крв се внесува во светилиштито за очистување, да ги изнесат надовор од населбата, и да ги изгорат на оган кожите нивни, месото нивно и нечистотиите нивни; |
28. | оној, пак, што ке ги пали, да ги испере алиштата свои и да го измие телото свое со вода, и тогаш ке може да влезе во населбата. |
29. | И тоа да ви биде вечен закон: во седмиот месец, на десетиот ден од месецот, смирувајте ги душите ваши, и никакава работа да не вршите, ни вие, нити придојдените, населени ме у вас, |
30. | зашто во тој ден ке се помоли за вас за да ве очисти од сите ваши гревови пред Господа, и ке бидете чисти; |
31. | тоа да биде сабота над саботите; смирувајте ги душите ваши - тоа ке биде вечен закон. |
32. | Ако се помоли оној свештеник што ке биде помазан и посветен да свештенодејствува место татка си: нека облекува ленена облека, облека света; |
33. | и да ги очисти свјатаја свјатих и скинијата на сведоштвото, и жртвеникот да го очисти, и да се помоли за свештениците и сиот собран народ. |
34. | Ова да биде за вас вечен закон: и да се помоли за синовите Израилеви еднаш годишно поради сите нивни гревови, како што му заповеда Господ на Мојсеја." |
← Leviticus (16/27) → |