← Leviticus (15/27) → |
1. | И им рече Господ на Мојсеја и на Арона, велејки: |
2. | "Зборувај со синовите Израилеви и кажи им: ако некој маж има излив од телото свое, неговиот излив е нечист. |
3. | А ова е законот за неговата нечистотија: кога изливот истечува од неговото тело, и кога изливот се задржува во неговото тело, тоа е негова нечистотија во него самиот. Во сите денови на изливот од неговото тело, со што е опфатено неговото тело - тоа е негова нечистотија. |
4. | Секоја постела, на која ке легне оној што има излив од семе, нечиста е; и секој предмет, на кој ке седне оној кој има излив од семе, нечист е. |
5. | И кој ке се допре до неговата постела, да ја испере облеката своја и да го измие телото свое со вода и да биде нечист до вечерта. |
6. | А и кој ке седне на некој предмет, на кој седел оној што има излив од семе, да ги испере алиштата свои и да се измие со вода и ке биде нечист до вечерта. |
7. | И кој се допре до телото на оној што има излив од семе, да ја испере облеката своја и да се измие со вода и да биде нечист до вечерта. |
8. | Ако оној, што има излив од семе, плукне на чист, тогаш тој да ги испере алиштата свои и да се измие со вода и ке биде нечист до вечерта; |
9. | и секое седло на добиток, на кое седнал оној што има излив од семе, нечисто да е до вечерта; |
10. | и секој што ке се допре до што и да било, што било под него, нечисто ке биде до вечерта; и оној што ке го крене тоа, да ја испере облеката своја и да се измие со вода и ке биде нечист до вечерта. |
11. | И секој, до кого што ке се допре оној што има излив од семе, а не си ги измил рацете свои, да ги испере алиштата свои и да го измие телото свое со вода и нечист ке биде до вечерта. |
12. | Гленен, пак, сад до кој што ке се допре оној што има излив од семе, да се скрши; а секој дрвен сад да се измие со вода и ке биде чист. |
13. | А кога оној, што има излив од семе, ке си определи седум дена за очистување свое, да ја испере облеката своја и да го измие телото свое, со изворска вода, па ке биде чист; |
14. | а на осмиот ден да земе две грлици или два млади гулаба, и да ги донесе пред Господа при влезот до скинијата на сведоштовото, и да му ги даде на свештеникот. |
15. | А свештеникот едната од тие птици ке ја принесе како жртва за грев, а другата за сепаленица, а потоа пред Господа за него ке се помоли за изливот негов. |
16. | Ако некому му се случи излив на семе во сон; тогаш тој треба да го измие со вода целото тело свое и ке биде нечист до вечерта; |
17. | секоја облека или кожа, на која ке се излие семе, треба да се испере со вода и ке биде нечист до вечерта. |
18. | Ако маж легне со жена своја со излиено семе, тие и обајцата треба да се измијата со вода и ке бидат нечисти до вечерта. |
19. | Кога жена има излив на крв, што тече од нејзиното тело, треба да биде одделена седум дена додека е нечиста, и секој што ке се допре до неа, да биде нечист до вечерта. |
20. | И се‘, на што ке легна таа, додека трае очистувањето нејзино, да е нечисто; и се‘, на што ке седна таа, да е нечисто. |
21. | И секој што ке се допре до постелата нејзина, треба да ја испере облеката своја и да го измие со вода телото свое, и ке биде нечист до вечерта. |
22. | А и секој, што ке се допре до постелета нејзина, треба да ја испере облеката своја и да го измие со вода телото свое, и ке биде нечист до вечерта. |
23. | И ако некој се допре до што и да било што е на постелата нејзина, или на што и да е, на што седела таа, нечист да биде до вечерта. |
24. | А ако се неа биде некој, нечистотијата нејзина ке мине на него: ке биде нечист седум дена, и секоја постела на која ке легне тој, ке биде начиста. |
25. | Ако некоја жена има излив на крв многу денови, но не во текот за време очистувањето нејзино, и ако таа има излив подолго од нејзиното обично чистење, се‘ додека трае нечистотојата нејзина, нечиста е како за време на чистењето свое. |
26. | Секоја постела, на која ке легна таа во деновите на изливот нејзин, да биде нечиста како и постелата за време на нејзиното чистење; и се‘ она, на што ке седна таа, да биде нечисто, поради нечистотијата нејзина. |
27. | И секој што ке се допре до неа, да биде нечист, да ги испере алиштата свои и да го измие телото свое и нечист ке биде до вечерта. |
28. | А кога жена ке се исчисти од изливот свој, да изброи седум дена и потоа ке биде чиста. |
29. | Во осмиот ден да зема две грлици или два млади гулаба и да му ги однесе на свештеникот при влезот од скинијата на сведоштвото; |
30. | а свештеникот да принесе една од птиците како жртва за грев, а другата за сепаленица, и да се помоли за неа пред Господа поради изливот на нечистотијата нејзина. |
31. | Така пазете ги синовите Израилеви од нивната нечистотија, за да не умрат поради нечистотијата своја, ако го осквернат Моето живеалиште, кое е ме у нив. |
32. | Тоа е законот за оној што има излив од семе, и за оној што ке му се случи да има излив на семе при спиење, бидејки тоа го прави нечист; |
33. | а и за онаа што страда од излив на крв, и за оние што имаа излив, маж или жена, и за маж што ке преспие со нечиста." |
← Leviticus (15/27) → |