← Leviticus (14/27) → |
1. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
2. | "Еве го законот за лепрозен, кога се извршува неговото очистување: во денот кога треба да го доведат кај свештеникот. |
3. | Свештеникот треба да излезе надвор од населбата, па ако увиди дека тој се исцерил од лепрата, |
4. | да нареди за оној што се очистил да се замат две чисти живи птици, кедрово дрво, црвениот јаток и исоп. |
5. | Потоа свештеникот да заповеда да се заколе една од приците над глинен сад, над изворска вода; |
6. | и да ја земе живата птица, кедровото дрво, црвениот јаток и исопот, и да ги натопи нив и живата птица во крвта на птицата заклана над живата вода, |
7. | и попрскувајки го седумпати оној, што се очистил од лепрата, да го прогласи за чист, а живата птица да ја пушти в поле на слобода. |
8. | Оној, што се очистил, да ги испере алиштата свои, да ја истриже сета коса, да се измие со вода, и ке биде чист; потоа да влезе во населбата и да престои седум дена надвор од домот свој. |
9. | На седмиот ден да се избричат сите влакна на главата, на брадата, на ве ите - сите влакна да ги избричат и да ги испере алиштата, потоа да го измие телото свое со вода, и ке биде чисто; |
10. | на осмиот ден да земе две машки јагниња, едногодишни, без недостаток, и една овца едногодишна без мана како и три десетини од ефа пченично помешано брашно со елеј, со лебен принос, и една мерка елеј. |
11. | Свештеникот, што ке го врши очистувањето, да го претстави оној што се очистува заедно со приносот пред Господа при влезот од скинијата на сведоштвото. |
12. | И ке го земе свештеникот едното јагне и ке го приведе како жртва за престап, и мерка со елеј, а ке го принесе тоа, положувајки ги пред Господа; |
13. | и ке го заколе јагнето на она место, каде што се колат жртвите сепалеции поради грев, и тоа на свето место, зашто жртвата за грев како и за престап му припа а на свештеникот: тоа е светост над светостите. |
14. | И свештеникот ке земе од крвта на жртвата за престап и ке го намаже крајчето од десното уво на оној кој се очистува, и палецот на десната рака, и палецот на десната нога. |
15. | Потоа свештеникот ке земе елеј од чашата и ке го излие во својата лева рака, |
16. | Па ке го натопи својот десен прст во елејот што му е во левата рака, и со прстот ке попрска од елејот седумпати пред Господа, |
17. | а со остатокот од елејот, што му е во раката, ке го намачка крајчето од десното уво на оној што се очистува, и палецот на десната нога, и палецот на десната рака, на оние места каде што е крвта од жртвата поради престап. |
18. | Преостанатиот, пак, елеј, што му е во раката на свештеникот, тој ке го излие врз главата на оној што се очистува; и свештеникот ке се помоли за него пред Господа. |
19. | Потоа свештеникот ке ја принесе жртвата за грев и ке се помоли за оној што се очистува од гревот свој, а потоа ке ја заколе жртвата сепаленица. |
20. | и ке ги принесе жртвата сепаленица и лебниот принос на жрвеникот пред Господа; потоа свештеникот ке се помоли за него и тој ке се очисти. |
21. | Ако е, пак, сиромав и не е во можност, тој нека земе едно едногодишно јагне за она во што престапил, за да се помоли свештеникот за него, и еден десетти дел од ефа пченично брашно, помешано со елеј, како лебен принос, и една чаша со елеј, |
22. | и две грлици или два млади гулаба, што ке најде, - едната од тие птици да е жртва за грев, а другата како жртва сепаленица. |
23. | На осмиот ден, за да се очисти, да му ги донесе тој на свештеникот при вратата од скинијата на сведоштвото, пред Господа. |
24. | Свештеникот ке го земе јагнето како жртва за престап и мерката со елеј, за да ги принесе, како жртва пред Господа. |
25. | И, штом ке го заколе јагнето како жртва за престап, свештеникот ке земе од крвта на жртвата за престап и ке го намаже крајчето од десното уво на оној, кој се очистува, и палецот на десната рака, и палецот на десната нога. |
26. | А од елејот свештеникот ке излие во својата лева рака; |
27. | и со десниот прст, од елејот што му е во раката, да попрска седумпати со прст пред Господа. |
28. | И да го намаже свештеникот со елеј, од оној што му е во раката, крајчето на десното уво на оној што се очистува, и палецот на десната рака, и палецот на десната нога, на она место каде што е крвта од жртвата за престап. |
29. | Остатокот, пак, од елејот што му е во раката, да ги излие врз главата на оној што се очистил, и да се помоли за него пред Господа. |
30. | Потоа нека ја принесе свештеникот едната грлица, или едниот млад гулаб, каков што ке најде, оној, кој се очистува; |
31. | едната птица жртва за грев, а другата жртва сепаленица заедно со лебникот принос; и нека се помоли пред Господа за оној, кој се очистува." |
32. | Тоа е законот за оној што добил лепра, а при чистењето нема доволно средства. |
33. | И им рече Господ на Мојсеја и на Арона, велејки: |
34. | "Кога ке влезете во земјата Хананска, што ви ја давам да ја владеете, и испратам лепра во куките што ке бидат ваши, |
35. | тогаш оној, чија е куката, треба да отиде кај свештеникот и да каже - во мојата кука се појави рана. |
36. | А свештеникот ке нареди куката да се изпразни пред да влезе тој за да ја прегледа заразата, за да не стане нечисто се‘ што е во куката, потоа свештеникот ке влезе и ке ја прегледа куката. |
37. | И тој, кога ке ја прегледа раната и види дека заразата по sидовите на куката се состои од зеленикави или црвеникави длабнатинки и по својот изглед се всадила во sидовите, |
38. | тој, тогаш ке излезе од куката низ вратата, а куката ке ја затвори за седум дена. |
39. | А во седмиот ден кога ке се врати, и види дека заразата се проширила по sидовите на куката, |
40. | ке нареди да се извадат камењата на кои има зараза, и да ги фрлат надвор од населбата, на нечисто место; |
41. | а куката одвнатре целата да ја истружат и струганиците да ги исфрлат надвор од населбата, на нечисто место; |
42. | И да земат други камења и да ги стават на местото на извадените и со друга мачканица да ја измачкаат куката. |
43. | Ако заразата пак се појави и почне да се шири по куката, откако се извадени камењата и куката е истругана и премачкана, |
44. | свештеникот, штом ке влезе и види дека заразата се раширила по куката, во таа кука има лепра - нечиста е. |
45. | Таа кука да се урне, а камењата и дрвата и целата струганица од мачканицата на куката да се изнесат надвор од населбата, на нечисто место. |
46. | Оној што ке влегува во таа кука, додека е таа затворена, нечист ке биде до вечерта; |
47. | а оној што ке спие во таа кука да ја испере облеката своја и нечист да е до вечерта; а кој ке јаде во таква кука, и тој треба да ја испере облеката свој и нечист ке е до вечерта. |
48. | Ако, пак, свештенкот дојде и види дека заразата во куката не се раширила, откако е куката премачкана, нека ја очисти куката, бидејки заразата поминала. |
49. | А за да ја очисти куката, ке земе две чисти живи птици, кедрово дрво, црвен јаток и исоп, |
50. | и ке ја заколе едната птица во гленен сад над изворска вода. |
51. | Потоа тој ке го земе кедровото дрво и исопот, црвеникот јаток и живата птица и ке ги натопи во крвта од закланата птица и во изворската вода, и ке ја попрска куката седумпати, |
52. | и ке ја очисти куката со крвта од птицата и со живата вода, со живата птица и кедровото дрво, со исопот и со црвениот јаток; |
53. | потоа живата птица да ја пушти во полето на слобода, надвор од населбата, да се помоли за домот и домот ке биде чист. |
54. | Тоа е законот за секоја зараза од лепра и за друга проказа, |
55. | и за лепра по облеката и по куките, |
56. | и за оток, и за лишај, и за пеги, - |
57. | за да се знае кога се нечисти, а во кој ден ке бидат чисти: ова е законот за лепра." |
← Leviticus (14/27) → |