← Leviticus (11/27) → |
1. | И му рече Господ на Мојсеја и на Арона, велејки: |
2. | "Кажете им на синовите Израилеви и речете им: ова се животните што ги има на земјата, кои можете да ги јадете - |
3. | секое животно што има раздвоени копита и длабок рез ме у копитата, и кое прежива, тоа да го јадете. |
4. | Но од оние што само преживаат или само што имаат раздвоени копита, како што е камилата, да не јадете, бидејки прежива, но нема и раздвоени копита; таа е за вас нечиста. |
5. | И питом зајак, бидејки прежива и нема раздвоени копита, нечист да ви е, |
6. | и див зајак кој прежива, а нема раздвоени копита, нечист да ви е, |
7. | и свињата, бидејки има раздвоени копита, а не прежива - нечиста да ви е. |
8. | Од месото нивно да не јадете, ниту, пак, мршите нивни да ги допирате - тие се за вас нечисти. |
9. | А од се‘ она, пак, што е во вода ова јадете го: - се‘ што има перки и лушпи во водата, во морињата и езерата, јадете го. |
10. | Она, пак, што нема перки и лушпи во водата, во морињата и езерата, се‘ она што плива по вода и живее во вода, осквернето е и нечисто да ви е. |
11. | Од месото нивно да не јадете и од мршата нивна да се гнасите. |
12. | Се‘ што нема перки и лушпи во водата, тоа да ви е нечисто. |
13. | А ме у приците гнасете се и да не ги јадете, гнасни се - орелот и јастребот и морскиот орел, неситот, крагујот и слични на нив; |
14. | и нојот, и совата, и галебот, |
15. | и врапчето, |
16. | и секаков гавран и сличен нему, и јастребот и слични нему |
17. | и секаков буф, нуркач и ибис и слични на него; |
18. | и пеликанот, и лебедот, дропјата |
19. | и штркот, и чапјата и слични на нив, и пупунецот и лиљакот; |
20. | и сите крилести гадови што одат на четири нозе, да ви се одвратни. |
21. | Но од се‘ она што има криља и оди на четири нозе, а има и колена на нозете свои, за да скока по земјата, јадете. |
22. | Од нив јадете ги само овие: скакулците и слични на нив, салемот и слични на него, арголата и слични на неа, и агавата и слични на неа. |
23. | Се‘ друго што има криља и оди на четири нозе одвратно да ви е; со тоа да не се осквернувате. |
24. | И секој што ке се допре до нивно пцовисано тело, нечист ке биде до вечерта. |
25. | И секој што ке понесе нивно пцовисано тело, нечист ке биде до вечерта. |
26. | Сите животни што имаат нераздвоени копита и што не преживаат, нечисти да ви се; секој што ке се допре до такви пцовисани, нечист ке е до вечерта. |
27. | И се‘ што оди на лапите свои, ме у сите четвороножни животни, нечисто да ви е; кој ке се допре до трупот нивни, нечист ке биде до вечерта |
28. | И кој ке понесе труп нивни пцовисан, нека ја испере облеката своја и нечист е до вечерта; тие да ви бидат одвратни. |
29. | А ме у животните што лазат по земја да ви бидат нечисти: ласицата, глувчето и гуштерот, |
30. | и ежот и камелеонот, дождалецот, творот, полжавот и кртот. |
31. | Тие да ви се нечисти ме у животните што лазат по земјата, и кој ке се допре до нив пцовисани, нечист да е до вечерта. |
32. | И на кои или на што ке падне нешто од нив пцовисано, ке биде нечист, било да е сад дрвен или облека или кожа или врека, и секој сад што е потребен за некоја употреба, да се стави во вода и ке биде нечист до вечерта; потоа ке биде чист. |
33. | А и секој сад земјен, во кој ке падне нешто од тоа, и се‘ што ке е во него, ке биде нечисто, и садот скршете го. |
34. | И секое јадење што го јадете, ако на него се излие таква вода, ке биде нечисто, и секое питие што се пие во секој таков сад, ке ви биде нечисто. |
35. | И се‘ на што ке падне нешто од нивните пцовисани тела нечисто ке е; и печката и огништето нека се растурат, зашто се нечисто, и нечисто ке ви бидат. |
36. | А освен изворот, потоците и бунарот, каде што се собира водата, ке бидат чисти; но се‘ што ке се допре до пцовисан труп, ке биде нечисто. |
37. | Ако нешто, пак, од пцовисан труп падне на семе, што се сее, тоа ке ви биде чисто. |
38. | Но ако на семето се излие вода, па тогаш падне нешто од пцовисан труп на семето, тоа да ви биде нечисто. |
39. | И кога ке пцовиса што и да е од она од добитокот што го јадете, ако некој се допре до неговито труп, нечист ке биде до вечерта. |
40. | А оној што ке јаде од трупот негов, нека ја испере облеката своја и нечист ке е до вечерта; и кој ке фати нивни пцовисан труп, нека ја испере облеката своја и нечист ке е до вечерта. |
41. | И секаков гад што лази по земјата, да ви е одвратен и да не се јаде. |
42. | Се‘ што се влече на мев и се‘ што оди на четири нозе или што е со многу нозе ме у се‘ она што се влече по земјата, тоа да не го јадете, бидејки е нечисто. |
43. | Не поганете ги душите ваши со ниедно од животните што лазат и не осквернувајте се од нив, за да не бидете нечисти со нив, |
44. | зашто Јас сум Господ, вашиот Бог, осветувајте се и бидете свети, бидејки Јас сум свет; и немојте да се осквернувате од сите гадови што се движат по земјата. |
45. | Оти Јас сум Господ што ве изведе од земјата Египетска, за да ви бидам Бог; и така - бидете свети, зашто Јас сум свет. |
46. | Тоа е закон за добитокот и за птиците, и за секоја душа што се движи во вода, и за секоја душа што лази по земја, |
47. | за да се распознава чистото од нечистото и за да ги научите синовите Израилеви за животните кои можат да се јадат од животните што не треба да се јадат." |
← Leviticus (11/27) → |