← Lamentations (4/5) → |
1. | Како потемна златото, како се измени најчистото злато! Камењата од светилиштето се расфрлени по сите крстопати. |
2. | Синовите на Сион, некогаш ценети како најчисто злато, а сега ги ценат како земјани садови, дела на грнчарски раце! |
3. | Дури и sверовите подаваат града и ги хранат рожбите свои, а керката на мојот народ стана жестока како ној во пустиња; |
4. | јазикот на цицалчето се прилепува до непцето поради жед; децата бараат леб, но никој не им подава. |
5. | Оние, што јадеа слатки, гинат по улиците; одгледаните во скерлет, се валкаат во смет. |
6. | Казната за бесчестието на керката на мојот народ ја надминува казната на Содом; тој беше срамнет за миг, и раце човечки не се допреа до него. |
7. | Кнезовите и беа почисти од снег, побели од млеко; тие беа телесно поубави од корал, изгледот им беше како сафир; |
8. | а сега лицето им е потемно од се што е црно; не ги узнаваат ни улиците; кожата им се прилепила за коските, па станала сува како дрво. |
9. | Убиваните со меч се почестите од оние, што глад ги убива, зашто тие чезнеат поради недостиг од полски плодови. |
10. | Дури и жалостивите жени ги вареа со рацете децата свои, за да им бидат храна, кога гинеше керката на мојот народ. |
11. | Господ го исполнуваше Својот гнев, ја излеа јароста од гневот Свој, и на Сион запали оган, кој ги проголта основите негови. |
12. | Царевите земни и сите жители по вселената не веруваа, дека противникот и непријателот влегол во портите ерусалимски. |
13. | Сето тоа е поради гревовите на лажните пророци, поради беззаконијата на свештениците негови, кои ме у него проливаа крв на праведници; |
14. | скитаа по улиците како слепи, се осквернуваа со крв, така што не беше можно човек да се допре до одеждите нивни. |
15. | "Отстранете се, нечисти!" им викаа; "отстранете се, отстранете се, не допирајте се!" и тие се отстрануваа посрамени; а ме у народот се зборуваше: "нив ке ги нема веке!" |
16. | Лицето на Господа ги расеа; Он нема веке милостиво да ги погледне, бидејки тие не го почитуваа лицето на свештениците, кон старците милост немаат. |
17. | Очите ни се веке истрошени, очекувајки залудо помош; од нашата стражарска кула чекавме народ, кој не можеше да не спаси. |
18. | А тие демнеа на стапките наши, за да не можеме да одиме по улиците наши; нашиот крај наближува, деновите наши се исполнија; крајот ни дојде. |
19. | Оние, што не гонеа, беа побрзи од орлите небески; по горите не гонеа, ни поставуваа заседи по пустињите. |
20. | Духот на нашиот живот, помазаникот Господен, уловен е во нивните јами; оној, за кого велевме - под сенката негова ке живееме ме у народите. |
21. | Радувај се и весели се, керко Едомова, жителко на земјата Уц! И до тебе ке дојде чашата: ке се опиеш и ке се разголиш. |
22. | Kерко Сионова, казната за твоето беззаконие се сврши; Он нема повеке да те гони; но беззаконието твое, керко Едомова, Он ке го казни и ке ти ги разоткрие гревовите твои. |
← Lamentations (4/5) → |