← Lamentations (3/5) → |
1. | Јас сум човек, кој видов мака од жезалот на Неговиот гнев; |
2. | Он ме поведе и воведе во темнина, а не во светлина. |
3. | Оне се обрна само против мене и цел ден ме биеше со раката Своја; |
4. | го сплеска телото мое и кожата моја, ги здроби коските мои; |
5. | ме загради и ме опколи со горчила и маки; |
6. | ме постави во темно место, како одамна умрените; |
7. | ме огради со sид, за да не изгегувам, ми направи тешки вериги; |
8. | и, кога викав и пискав, ја задржуваше молитвата моја; |
9. | со камења ги прегради патиштата мои, ги искриви патеките мои. |
10. | Он стана за мене како мечка во заседа, како лав на скришно место; |
11. | ги искриви патиштата мои и ме раскина, ме уништи; |
12. | го затегна лакот Свој и ме постави како цел за стрела; |
13. | ги прострела бубрезите мои со стрели од торбата Своја. |
14. | Станав потсмев за сиот народ мој, негова секојдневна песна. |
15. | Ме презасити со горчила, со пелин ме напои; |
16. | со камен ми ги скрши забите мои, со пепел ме покри. |
17. | Избега мирот од душата моја; заборавив за добри работи |
18. | и реков: ја снема силата моја и надежта моја од Господа. |
19. | Помисли на моето страдање и на мојата мака, за пелинот и за жолчката. |
20. | Душата моја силно се секава на тоа и отпа а во мене. |
21. | Еве што му одговорив на срцето мое и поради тоа имам надеж: |
22. | по милоста на Господа не загинавме наполно, бидејки милосрдието Негово не е пресекнато; |
23. | тоа се обновува секое утро; верноста Негова е голема! |
24. | Гсопод е дел мој, ми вели душата, па така на Него ке се надевам. |
25. | Добар е Господ кон оние, кои се надеваат на Него, кон душата, која Го бара. |
26. | Добро му е на оној, кој треперливо го очекува спасението од Господа. |
27. | Добро е за човекот да го носи јаремот свој во младоста своја. |
28. | Сам ке седи и ке молчи, бидејки Господ му го ставил бремето на него. |
29. | Нека ја допре устата своја до земјата, можеби уште има надеж. |
30. | Го подава образот свој на оној, кој бие, да трпи навреди до презастување, |
31. | бидејки Господ не отфрла за навек. |
32. | Пратил ли невоља, Он и ке се смилува според Својата голема милост. |
33. | Зашто Он не по вољата на Своето срце ги казнува и ги огорчува синовите човечки. |
34. | Но, кога ги газат со нозете сите затвореници на земјата, |
35. | кога неправедно го осудуваат човека пред лицето на Севишниот, |
36. | кога го притеснуваат човека во неговата работа: зар Господ не гледа? |
37. | Кој вели - "бива и она што Господ не заповедал да биде?" |
38. | Зар не доа аат и злото и доброто од устата на Господа? |
39. | На што се жалат живите лу е? Секој за гревовите свои? |
40. | Да ги испитаме и да ги истражиме патиштата свои и да се обрнеме кон Господа. |
41. | Нека го подигнеме срцето свое и рацете свои кон Бога, Кој е на небесата. |
42. | Ние згрешивме и се противевме, Ти не не поштеди. |
43. | Ти се облече со гнев и не прогони, не умртвуваше, и не не жалеше; |
44. | Ти се сокри во облак, за да не достигне молитвата наша; |
45. | смет и гнасотија не направи ме у народите. |
46. | Ги отворија против нас устите широко сите наши непријатели. |
47. | Ужас и јама, пустош и разорение - тоа е делот наш. |
48. | Потоци солзи лее окото мое за погибелта на керката од мојот народ. |
49. | Окото ми се прелива и не престанува, бидејки нема одмор |
50. | се додека Господ не погледне милостиво и види од небесата. |
51. | Окото мое е причина да страда душата моја заради сите керки на мојот град. |
52. | Постојано се силат непријателите мои да ме уловат како птичка, без никаква причина. |
53. | Го фрлија во јама животот мој и ме засипаа со камења. |
54. | Водата се подигна над главата моја; па си реков - "загинав." |
55. | Го призвав името Твое, Господи, од јамата длабока. |
56. | Ти го чу гласот мој; не прикривај го увото Свое од мојата воздишка и од мојот плач! |
57. | Ти се приближуваше, кога ке повикав кон Тебе, и велеше - не бој се! |
58. | Ти го заштитуваше, Господи, делото на мојата душа; го откупуваше мојот живот. |
59. | Ти го гледаш, Господи, моето притеснување; пресуди го делото мое. |
60. | Ти ја гледаш сета одмазда нивна, сите намери нивни против мене. |
61. | Ти ги слушаш, Господи, навредите нивни, сите намери нивни против мене, |
62. | зборовите на оние, што стануваат против мене, и лукавствата нивни против мене секој ден. |
63. | Погледај, седнат ли, станат ли, јас сум песна за нив. |
64. | Отплати им, Господи, според делата на рацете нивни; |
65. | прати им помрачение на срцето нивно и проклетсвото Твое врз нив; |
66. | гони ги, Господи, со гнев и истреби ги од поднебјето! |
← Lamentations (3/5) → |