← Lamentations (2/5) → |
1. | Како ја помрачи Господ во гневот Свој керката Сионова! Од небесата ја симна славата Израилева и не се потсети за подножјето на нозете Свои во денот на Својот гнев. |
2. | Господ ги сотре сите живеалишта на Јакова, не ги поштеди; ги разруши во јароста Своја сите тврдини на керката Јудина, ги кутна на земја, ги отфрли царството негово и кнезовите негови, како нечисти. |
3. | Во жестокиот гнев Свој ги скрши сите рогови Израилеви, ја повлече десницата Своја од непријателот и се разгори против Јакова како огнен пламен, кој проголтува се наоколу; |
4. | го затегна лакот Свој како непријател, ја управи десницата Своја како непријател и уби се што е мило за очите; врз скинијата на керката Сионова ја излеа како оган јароста Своја. |
5. | Господ стана како непријател, го истреби Израилот, му ги разори сите домови негови, ги разруши тврдините негови и умножи при керката Јудина тага и плач. |
6. | И ја сруши оградата Своја како од градина; го разори местото Свое во собранието, Господ направи на Сион да се забораваат поразниците и саботите; и во Своето гневно негодување отфрли и цар и свештеник. |
7. | Го отфрли Господ жртвеникот Свој, го одврати срцето Свое од светилиштето Свое, ги предаде на непријателите sидовите на дворците нивни; во домот Господен тие се развикаа како во празничен ден. |
8. | Господ реши да ја разруши карпата на керката Сионова, оптегна јаже, не ја одврати раката Своја од разрушувањето; ги сосипа надворешните тврдини, и sидовите беа заедно со нив разрушени. |
9. | Портите нејзини во земја потонаа; Он ги разруши и ги уништи резињата нивни; царот нејзин и кнезовите нејзини се ме у незнабошците; нема веке закон, и пророците нејзини веке не се удостојуваат со виденија од Господа. |
10. | Старешините на керката Сионова седат на земи и молчат, си ги посипуваат со пепел главите свои, се препашуваат со врекиште; ги наведнале главите кон земјата девојките ерусалимски. |
11. | Ми се истрошија од солзи очите мои, утробата ми се превртува, срцето ми се кине, зашто гине керката на мојот народ, кога децата и цицалчињата умираат од глад по плоштадите на Ерусалим. |
12. | Умирајки како ранети по градските улици, тие им велат на мајките свои: "каде има жито и вино?" и ги испуштаат душите свои во мајчините прегратки. |
13. | Што да ти кажам и со што да те споредам, керко ерусалимска? Што да ти направам, за да те утешам, девојко, керко Сионова? Зашто раната твоја е како море голема; кој може да те исцели? |
14. | Пророците твои ти кажуваат работи неостварливи и лажни, не ги откриваа твоето беззаконие, за да те одвратат од твоето ропство, и искажуваа лажни откровенија, кои те доведоа до прогонство. |
15. | Раце плескаат за тебе сите што минуваат по пат, си потсвирнуваат и си ги нишаат главите за керката ерусалимска, па велат: "Ова е градот, што го нарекуваа совршенство на убавината, радост на целата земја?" |
16. | Ги отвориле устите на тебе сите непријатели твои, си потсвирнуваат и си крцкаат со забите свои, велејки: "Го проголтавме, та само овој и ден го чекавме ние, го дочекавме и го видовме!" |
17. | Господ го изврши она, што беше определил, го исполни зборот Свој, изречен во поранешните времиња, безмилосно го разори и го предаде на непријателот, за да се порадува над тебе, го крена високо рогот на твоите непријатели. |
18. | Срцето нивно повикува кон Господа. Карпо на керката Сионова! Лиј солзи дење и ноке, не давај си мир, не затворај ги зениците на очите свои! |
19. | Станувај, викај ноке при почетокот на секоја стража; изливај го како вода срцето свое пред лицето на Господа; протегај ги кон Него рацете свои за душата на децата свои, кои умираат од глад по аглите на сите улици. |
20. | "Погледај, Господи, и види: кому си му направил вака - жените да го јадат плодот свој, младенците, од нив отхранети? Во светилиштето Господово да биваат убивани свешеник и пророк? |
21. | Децата и старците лежат на земи по улиците; момите и момците мои паднаа од меч; Ти ги убиваше во денот на Твојот гнев, колеше безмилосно." |
22. | Како на празник ги повика сите мои ужаси, и во денот на гневот Господен никој не се спаси, никој не побегна; оние, што бев ги отхранила и одгледала, непријателот ми ги истреби. |
← Lamentations (2/5) → |