Lamentations (1/5) → |
1. | Како сам остана градот, некогаш полн со народ! Стана како вдовица; некогаш голем ме у народите; кнезот над областите сега плака данок. |
2. | Горко плаче ноке, а солзите му па аат по образите. Од сите оние што го сакаа, сега нема никој да го утеши; сите негови пријатели го извенерија и му станаа непријатели. |
3. | Поради беда и ропство Јуда се пресели; се насели ме у незнабошци, и не најде спокој; сите што го гонеа, го притеснија. |
4. | Патиштата на Сион тагуваат, зашто нема кој да оди на празник сите негови порти запустеа; свештениците воздивнуваат, момите негови се нажалени, а и самиот е беден! |
5. | Непријателите негови станаа глава; на противниците негови им е добро, бидејки Господ испрати врз него тага поради неговите бројни беззаконија; децата негови отидоа во ропство пред непријателот. |
6. | И отиде од керката Сионова сета нејзина слава; кнезовите нејзини се како елени, што не нао аат пасиште; обесилени, тие тргнаа пред терачот. |
7. | Се присетува Ерусалим во деновите на својата беда и на своите страдања за сите свои убавини, што ги имаше во поранешните дни, а сега, пак, народот падна од непријателска рака, и нема кој да му помогне; непријателите гледаат на него и се смеат на неговите саботи. |
8. | Тешко згреши Ерусалим, па затоа стана и одвратен; сите што го почитуваа, сега го гледаат со презир, оти ја видоа голотијата негова; и тој самиот воздивнува и го свртува лицето назад. |
9. | Нечистотија имаше по полите негови, но тој не помислуваше за својата иднина, па заради тоа многу се понизи и падна, па нема сега кој да го утеши. "Погледај, Господи, на мојата мака, зашто непријателот се возгордеа!" |
10. | Непријателот пружи рака над се што му беше најдраго; и тој гледа како незнабошците вегуваат во неговото светилиште, за кое си заповедал да не влегуваат во Твојот храм. |
11. | Сиот негов народ воздивнува, барајки леб, ги дава своите скапцени работи за храна - душата да ја поткрепи. "Погледај, Господи, и види колку сум презрен!" |
12. | Нека не ве снајде ова сите вас, кои врвите по патот. Погледајте и видете - има ли болка каква што е мојата болка, која ме постигна, каква што Господ ја испрати врз мене во денот на Својот пламенен гнев? |
13. | Он испрати оган одозгора во коските мои, и огнот ги опфати; распосла мрежа за нозете мои, ме кутна ничкум, ме направи беден и да тагувам секој ден. |
14. | Јаремот на беззаконијата мои го стегна со раката Своја; тие се испреплеткани и ми се искачија на вратот; Он ја ослаби силата моја; Господ ме предаде во раце, од кои не можам да се подигнам. |
15. | Сите јунаци од мојата средина Господ ги собори; свика против мене собрание за да ги истреби младичите мои, како во каца ја изгази Господ девојката, керката Јудина. |
16. | Заради тоа јас плачам: окото мое, окото мое солзи лие, зашто далеку е од мене утешителот, кој би ја оживеал душата моја; синовите мои пропаднаа, бидејки непријателот ги надвладеа. |
17. | Сион ги протега рацете, но за него нема утешител. Господ заповеда за Јакова, па го опколија непријатели; Ерусалим стана нечистотија ме у нив. |
18. | Праведен е Господ, зошто не му се покорував на словото Негово. Чујте, сите народи, и погледнете ја мојата болка; момоите мои и момчињата мои отидоа во ропство. |
19. | Ги повикувам пријателите свои, но тие ме измамија; свештениците мои и старешините мои умираат во градот, барајки храна за да ја поткрепат душата своја. |
20. | Погледај, Господи, оти сум притеснет, утробата моја се буни, срцето ми се превртува, бидејки жестоко се противев на Тебе; однадвор меч ме остави без чеда, а дома - смрт. |
21. | Слушаат како офкам, а утешител немам; за мојата невоља чуја сите мои непријатели и се зарадуваа, бидејки Ти го направи тоа; о, да беше му заповедал на претскажаниот ден да дојде, па и тие да станат како мене. |
22. | Нека се појави пред Тебе сета злоба нивна; и постапи со нив како што постапи со мене за сите мои гревови, оти тешки се офкањата мои, и срцето мое малаксува. |
Lamentations (1/5) → |