← Judges (9/21) → |
1. | Авимелех, Јеровааловиот син, отиде во Сихем кај вујковците свои, и им рече ним и на целото племе од мајчиното потекло: |
2. | "Кажете им на сите сихемски жители: што е подобро за вас, да владеат со вас сите седумдесет синови Јероваалови или да владее со вас еден? И спомнете си дека јас сум ваша коска и ваше тело." |
3. | Вујковците им ги кажаа на жителите сихемски сите тие зборови за него; и срцето на тие жители се склони кон Авимелеха, бидејки си говореа: "Тој е наш брат". |
4. | И му дадоа седумдесет сикли сребро од домот на Ваалверит, за кои Авимелех најде безделници и скитници, кои тргнаа по него. |
5. | И дојде во домот на таткото свој во Ефрат и ги уби браката свои, седумдесетте Јероваалови синови, врз еден камен. Остана само Јотам, најмалиот Јероваалов син, зашто се беше сокрил. |
6. | Тогаш се собраа сите сихемски жители и целиот дом на Маалов, и отидоа, па го поставија Авимелеха за цар кај дабот, близу до Сихем. |
7. | Откако му раскажаа за тоа на Јотама, тој отиде и застана на врвот од гората Гаризим и, откако го крена гласот свој, па викна и им рече: "Чујте ме, жители Сихемски, и Бог ке ве чуе! |
8. | Едно време тргнале дрвјата да побараат цар и и рекле на маслинката: "Стани ни цар!" |
9. | Маслинката им рекла: "Зар да ја оставам маснотијата своја, со која се послужува Бог и лу ето, па да тргнам да скитам по дрвјата?" |
10. | Тогаш дрвјата и рекле на смоквата: "Дојди ти, да ни станеш цар!" |
11. | Смоквата им одговорила: "Зар да си ја оставам сладоста своја и убавиот плод и да тргнам да скитам по дрвјата?" |
12. | И кажале дрвјата на лозата: "Дојди ти, да ни станеш цар!" |
13. | Лозата им рекла: "Зар да го оставам сокот свој, што ги весели Бога и лу ето, и да тргнам да скитам по дрвјата?" |
14. | Најпосле сите дрвја му рекле на трнот: "Дојди ти, да ни станеш цар!" |
15. | Трнот им рекол на дрвјата: "Ако, навистина, ме поставите за цар над себеси, тогаш дојдете да си починете под сенката моја; ако не, ке излезе оган од трнот и ке ги изгори кедрите ливански." |
16. | И, ете, гледате, по вистина и по правда ли постапиле кога го поставиле за цар Авимелеха? И добро ли постапиле со Јероваала и домот негов, и според неговите добрини ли направиле така? |
17. | За вас сите војуваше татко ми, не го жалеше ни животот свој и ве спаси од рацете на Мадијамците; |
18. | а вие сега се кревате против домот на мојот татко и ги убивате седумдесетте синови на татко ми врз еден камен и го поставивте за цар над жителите сихемски Авимелеха, синот на робинката негова, зашто е ваш брат. |
19. | Ако денес сте постапиле според вистината и според правдата со Јероваала и со домот негов, тогаш одете и радувајте се на Авимелеха, и тој да се радува на вас; |
20. | ако, пак, не - нека излезе оган од Авимелеха и нека ги избори жителите сихемски и целиот дом Маалов, и нека излезе оган од жителите сихемски и од домот Маалов и да го изгори Авимелеха!" |
21. | И избега Јотам, избега и отиде во Веер, и живееше таму скришно од братот свој Авимелеха. |
22. | Авимелех, пак, царуваше над Израилот три години. |
23. | И испрати Бог луш дух ме у Авимелеха и жителите на Сихем, и почнаа жителите сихемски да не му се покоруваат на Авимелеха. |
24. | За да се одмазди за седумдесетте синови Јероваалови, и крвта нивна да им се сврти против братот нивни Авимелеха, кој ги уби, и против жителите сихемски, кои ја поддржаа раката негова, за да го убие братот свој, |
25. | жителите сихемски поставија по горските врвови против него заседи, кои го ограбуваа секого, што минуваше покрај нив по патот. За тоа му беше јавено на Авимелеха. |
26. | Во Сихем простигна и Гал, Еведовиот син, со браката свои, и одеа во Сихем, и жителите сихемски се потпреа врз него. |
27. | И излегоа во полето, и го береа грозјето свое, го газеа и се веселеа, па отидоа во домот на својот бог, јадеа и пиеја, и го проколнуваа Авимелеха. |
28. | А Гал, Еведовиот син, рече: "Кој е Авимелех и што е Сихем, та да му служиме? Не е ли тој Јероваалов син, и не е ли Зевул неговиот главен слуга? Подобро служете им на потомците од Емора, татко Сихемов, а нему зошто да му служиме? |
29. | Ако некој ми го дадеше тој народ во рацете мои, јас ке го изгонев Авимелеха." И му беше речено на Авимелеха: "Зголеми ја војската своја и излегувај. |
30. | Зевул, управителот на градот, гу чу зборовите на Гал, Еведовиот син, и силно се разгневи. |
31. | Тој испрати тајно пратеници кај Авимелеха да му кажат: "Ете, Гал, Еведовиот син, и браката негови дојдоа во Сихем, и го бунтуваат градот против тебе; |
32. | затоа стани нокеска, ти и народот, што се нао а со тебе, и постави заседа во полето; |
33. | а изутрина, по изгревање на сонцето, стани и пристапи кон градот; и кога тој и народот, кој е со него, ке излезат спроти тебе, тогаш прави го со нив она, што раката твоја може." |
34. | Авимелех стана нокта, и сиот народ, што се нао аше се него, и поставија во заседа кај Сихем четири дружини. |
35. | Утредента Гал, Еведовиот син, излезе и застана кај градските порти; а излезе и Авимелех и народот, што беше со него, од заседата. |
36. | Гас, откако го виде народот му рече на Зевула: "Еве, народот слегува од врвот на гората." Зевул му одговори: "Сенките од дрвјата ти се причинуваат лу е." |
37. | Гал пак проговори и рече: "Ене, народот се спушта од височините, и една дружина доа а откај патот на дубравата Меоним." |
38. | И му рече Зевул: "Каде ти е устата, која велеше: ‘кој е Авимелех, та да му служиме?‘ Ова е народ, што ти го презираше; излегувај сега и бори се со него." |
39. | И тргна Гал пред жителите сихемски и се судри со Авимелеха. |
40. | Но Авимелех се спушти по него, и тој избега од него; а паднаа многу убиени до самите градски порти. |
41. | И Авимелех остана во Арум, а Зевул го истера Гала и браката негови, за да не живее во Сихем. |
42. | На другиот ден народот излезе во полето, и му јавија за тоа на Авимелеха. |
43. | Тој го зеде народот свој и го раздели на три дружини и ги постави во заседа по полето. И, откако виде, дека народот излезе од градот, се крена против нив и ги уби. |
44. | Додека Авимелех и дружините, што беа со него, пристапија и застанаа кај градските порти, другите две дружини ги нападнаа сите, што беа во полето, и ги испотепаа. |
45. | И Авимелех водеше борба со градот, целиот тој ден, го презеде градот, го порази народот, што беше во него, го разруши градот и го посипа со сол. |
46. | Откако го слушнаа тоа сите, што беа кај кулата Сихемска, влегоа во куката на богот Валверит. |
47. | Му јавија на Авимелеха дека таму се собрале сите, што беа во кулата Сихемска. |
48. | Тогаш Авимелех отие на гората Салмон, тој и сиот народ, кој беше со него, и зеде Авимелех секира со себеси, отсече гранка од дрвјата, ја стави на рамото свое и му рече на народот, што беше со него: "Вие видовте што направив; поскоро направете го и вие она што го направив и јас." |
49. | И секој од сиот народ пресече гранка, па тргнаа по Авимелеха, ги натрупаа гранките околу кулата и запалија оган со нив, и изгинаа сите, што беа во кулата Сихемска, околу иљада души мажи и жени. |
50. | Потоа Авимелех отиде во Тевес и го опседна и го презеде. |
51. | Среде градот имаше јака кула; таму избегаа сите мажи и жени и сите градски жители, се затворија и се качија на покривот од кулата. |
52. | Авимелех дојде до кулата, удри на неа и се приближи до вратата од кулата, за да ја изгори со оган. |
53. | Тогаш една жена фрли парче од воденичен камен врз главата на Авимелеха и му го скрши черепот. |
54. | Авимелех веднаш го повика слугата, оруженосецот свој, и му рече: извади го мечот свој и убиј ме, за да не се рече за мене: "го уби жена". И слугата го прободе и тој умре. |
55. | Израилците, откако видоа дека Авимелех умре, отидоа секој во местото свое. |
56. | Така му даде Бог на Авимелеха за злочинот што го направи против таткото свој, убивајки ги седумдесетте брака свои. |
57. | И сите злодела на сихемските жители Бог ги сврти против главите нивни; и ги стигна клетва од Јотам, Јеровааловиот син. |
← Judges (9/21) → |