Judges (8/21)  

1. И му рекоа Ефремовците: "Зошто направи така, та не повика, кога замина да војуваш против Мадијамците?" И многу се караа со него.
2. Гедеон им одговори: "Па што направив така, како вие сега? Нели се пабирките на Ефрема подобри од гроздоберот на Авиезер?
3. Во ваши раце Бог ги предаде мадијамските кнезови Орива и Зива, и како можев јас да сторам такво нешто, како вие?" Тогаш духот нивни спрема него се смири штом тој им ги кажа тие зборови.
4. А кога дојде Гедеон кај Јордан, го премина тој и тристоте души, што беа со него. Тие беа уморни поради гонењето на непријателот.
5. И им рече тој на жителите на Сокхот: "Дајте им леб на овие мажи што се со мене, зашто се гладни; јас ги гонам мадијамските цареви Зевеја и Салмана."
6. Сокхотските началници рекоа: "Зар раката на Зевеја и Салмана е веке во твои раце, та да и даваме леб на војската твоја?"
7. Гедеон одговори: "Не така, туку кога Господ ке ги предаде Зевеја и Салмана во рацете мои, јас ке ги уништам телата ваши со трње од пустињата и со боцки."
8. Оттука отиде во Фануил и им го рече истото на неговите жители, и фануилските жители му одговорија, како што одговорија жителите на Сокхот.
9. Тој им кажа и на фануилските жители: "Кога ке се вратам во мир, ке ја растурам таа кула."
10. А Зевеј и Салман беа во Каркара и војските нивни со нив до петнаесет иљади, се што беше останало од сета војска на жителите од исток; а паднаа сто и дваесет иљади души мечоносци.
11. И отиде Гедеон при оние што живееја во шатори на исток од Нов и Јегвал и го разби логорот, кога логорот стоеше безгрижно.
12. Зевеј и Салман избегаа; тој се спушти по нив и ги фати двајцата цареви - Зевеја и Салмана, и го доведе во збрка целиот логор.
13. Тогаш Гедеон, синот на Јоаса, се врати од војната пред изгревот на сонцето.
14. И фати едно момче од жителите сокхотски и го распраша; и тој му ги напиша имињата на началниците и старешните сокхотски - седумдесет и седум души.
15. Потоа дојде кај жителите сокхотски и рече: "Ете, Зевеј и Салман, за кои ми се потсмевавте, велејки: ‘Зар раката на Зевеја и Салмана е веке во твои раце, та да им даваме леб на твоите изморени ду е?‘"
16. И зеде трње од пустињата и боцки, па ги казни со нив градските старешини, жители на Сокхот.
17. и ја сруши фануилската кула и ги уби градските жители.
18. И му рече на Зевеја и Салмана: "Какви беа оние, што ги убивте на Тавор?" Тие одговорија: "Беа како тебе - секој прилегаше на царски син."
19. Гедеон рече: "Тие беа мои брака, синови на мајка ми! Господ нека ми е сведок: да бевте ги оставиле живи, не би ве убил ни јас."
20. И му рече на Јетера, својот првороден син: "Стани, убиј ги!" Но момчето не го извади мечот свој; се плашеше, бидејки беше уште млад.
21. Тогаш Зевеј и Салман рекоа: "Стани сам и порази не, зашто според човекот е и силата негова." И стана Гедеон, и ги уби Зевеја и Салмана, и ги зеде веришките, што беа околу вратовите на камилите нивни.
22. И му рекоа Израилците на Гедеона: "Владеј со нас ти и син ти и внук ти, бидејки ти не спаси од рацете на Мадијамците."
23. Гедеон им одговори: "Ниту јас ке владеам со вас, ниту мојот син ке владее со вас; Господ нека владее со вас."
24. И им рече уште Гедеон: "Ве молам за едно, дајте ми секој по еден накит од пленот свој. Зашто непријателите, бидејки беа Исмаилци, имаа многу златен накит."
25. Тие одговорија: "Kе дадеме." И послаа една облека и фрлаше таму секој по еден накит од пленот свој.
26. Златните накити, што тој ги измоли, тежеа иљада и седумстотини сикли, освен веришките, копчињата и пурпурните одежди, што ги носеа мадијамските цареви, и освен златните веришки што беа на вратовите од камилите нивни.
27. Од тоа Гедеон направи Ефод и го стави во својот град, во Ефрат; и почнаа сите Израилци блудно да одат таму, по ефодот, кој беше замка за Гедеона и целиот дом негов.
28. Така се смирија Мадијамците пред синовите Израилеви и повеке не кренаа глава, и земјата беше спокојна четириесет години во деновите на Гедеона.
29. И отиде Јераваал, Јоасовиот син, и живееше во својот дом.
30. Гедеон имаше седумдесет сина, произлезени од бедрата негови, бидејки имаше многу жени.
31. А и наложницата, која живееше во Сихем, му роди син, и нему му даде име Авимелех.
32. И умре Гедеон, синот Јоасов, во длабока старост, и беше погребан во гробот на таткото свој, Јоас, во Ефрат Авиезеров.
33. Откако умре Гедеон, Израилевите синови пак почнаа да одат блудно по Вааловци и го поставуја за свој бог Ваалверита.
34. Израилевите синови не се сетија на Господа, својот Бог, Кој ги беше спасувал од рацете на сите околни непријатели,
35. и кон домот на Јероваала, односно на Гедеона, не покажаа благодарност за сите добрини што му ги направи Тој на Израилот.

  Judges (8/21)