← Judges (6/21) → |
1. | А синовите Израилев пок почнаа да прват зло пред Господа, и Господ ги предаде во рацете на Мадијамците за седум години. |
2. | Тешка беше раката Мадијамска, над Израилот, и Израилевите синови поради Мадијамците си правеа прибежишта во пештери и тврдини по горите. |
3. | И кога ке посееше нешто Израилот, ке дојдеше Мадијамец или Амаликиец или жител од исток, ке нападнеше на него; |
4. | и стоеше кај нив во шаторите, и ги уништуваше земните плодови дури до Газа, и не му оставаше за исхрана на Израилот ни овца, ни вол, ни осел. |
5. | Зашто тие доа аа со добитокот свој и со шаторите свои, доа аа во големо множество - како скакулци; тие и камилите нивни број немаа, и одеа по земјата Израилева за да ја опустошуваат. |
6. | Многу осиромаше тогаш Израилот од Мадијамците, и повикаа синовите Израилиеви кон Господа. |
7. | А кога синовите Израилеви повикаа кон Господа против Мадијамците, |
8. | Господ испрати пророк при Израилевите синови и Он им рече: "Вака вели Господ, Бог Израилев - Јас ви изведов од Египет, ве изведов од домот на ропството; |
9. | ве избавив од раката на Египтјаните и од раката на сите ваши угнетувачи, ги истерав од пред вас, и ви ја дадов земјата нивна, |
10. | и ви реков: ‘Јас сум Господ, Бог ваш; не ги почитувајте боговите на Аморејците, во чија земја живеете.‘ |
11. | Тогаш дојде Ангелот Господов и седна во Ефрат под дабот, кој беше Јоасов, таткото на Авиезер; а синот негов Гедеон млатеше на гумното, за да се сокрие од Мадијамците. |
12. | И му се јави Ангелот Господов и му рече: "Со тебе е Господ, мажу силен!" |
13. | Гедеон му одговори: "Господару мој, ако е Господ со нас, зошто не снајде сета оваа мака? И каде се сите Негови чудеса, за кои ни раскажуваа нашите татковци, велејки: ‘Господ не изведе од Египет?‘ Сега Господ не остави и не предаде во рацете на Мадијамците." |
14. | Господ го погледна и рече: "Оди со таа своја сила и спаси го Израилот од раката на Мадијамците. Јас те испракам." |
15. | Гедеон Му одговори: "Господи, како ке го спасам Израилот: ете, и племето ми е најбедно во коленото Манасиево и јас сум најмал во домот на мојот татко?" |
16. | Господ му рече: "Јас ке бидам со тебе, и ти ке ги поразиш Мадијамците како еден човек." |
17. | Гедеон Му рече: "Ако сум се здобил со милот пред Тебе, дај ми доказ дека Ти говориш со мене. |
18. | Не оди си оттука, додека не дојдам кај Тебе, да ти донесам дар свој и да Ти го предадам". Он рече: "Јас ке останам, додека се вратиш." |
19. | Гедеон отиде и приготви козле и лебови пресни од една ефа брашно; месото го стави во кошница, чорбата ја налеа во грне, ги донесе при Него под дабот и Му ги поднесе. |
20. | И Ангелот Божји му рече: "Земи го месото и погачата, и стави ги на оној камен, а чорбата истури ја." Тој така и направи. |
21. | Ангелот Господов го протегна крајот на жезалот, што беше во раката негова, и го допре месото и лебовите; и вивна оган од каменот и изгореа месото и лебовите. А Ангелот Господов се сокри од очите негови. |
22. | И виде Гедеон дека тоа беше Ангел Господов и рече Гедеон: "Тешко ми е, Владико Господи, зашто видов лице на Ангел Господов." |
23. | Господ му рече: "Мир на тебе, не плаши се, нема да умреш!" |
24. | И Гедеон Му изгради таму жртвеник на Господа и го нарече: Јехова Шалом. Тој стои и до денес во Ефрат Авиезеров. |
25. | Во таа нок Господ му рече: "Земи едно теле од стадото на татка ти и едно јуне седумгодишно и разруши го жртвеникот Ваалов, кој што е кај татка ти, и исечи ги дрвцата, што се кај него, |
26. | и изгради Му како што треба жртвеник на твојот Господ Бог, Кој ти се јави на врвот од карпата, па земи го второто теле и принеси го како жртва сепаленица врз дрвцата, што ке ги исечеш." |
27. | Гедеон зеде десет души слуги свои и направи како што му рече Господ; но бидејки се плашеше од домашните на таткото свој и од жителите градски да го направи тоа дење, го направи ноке. |
28. | Кога утредента градските жители станаа, ете, жртвеникот Ваалов беше разрушен, дрвцата близу него исечени и второто теле принесено како жртва врз новоизградениот жртвеник. |
29. | И си говореа еден на друг: "Кој го направи тоа?" Бараа, распрашуваа и рекоа: "Јоасовиот син Гедеон го направи тоа." |
30. | И градските жители му рекоа на Јоаса: "Изведи го синот свој; тој треба да умре, зашто го разруши Вааловиот жртвеник и ги исече дрвцата, што беа до него." |
31. | Јоас им кажа на сите што дојдоа при него: "Вие ли ке се застапувате за Ваал, вие ли ке го заштитувате? Кој ке се застапи за него, ке биде предаден на смрт уште ова утро; ако е тој бог, сам нека се одмазди за тоа што му го срушил жртвеникот негов." |
32. | И почнаа да го нерекуваа од тој ден Јероваал, бидејки Јоас беше рекол: сам нека се одмазди Ваал со него, поради тоа што му го срушил жртвеникот негов. |
33. | И сите Мадијамци и Амаликовците и жителите од исток се собраа заедно, ја преминаа реката и се сместија во долината Израилска. |
34. | И Духот Господов го потрепи Гедеона; тој затруби со труба, и племето Авиезерово се собра да оди по него. |
35. | И испрати пратеници по сето племе Манасиево, и тоа се одзва да оди по него; тој исто така испрати пратеници до Асира, Завулона и Нефталима, и тие дојдоа таму да се сретнат. |
36. | А Гедеон Му рече на Бога: "Ако го спасиш Израил преку мојата рака, како што говореше Ти, |
37. | тогаш еве, ке положам овде на гумното едно руно - ако има роса само на руното, а по целата земја биде суво, ке знам дека Ти преку мојата рака ке го спасиш Израилот, како што ми рече." |
38. | Така и стана: утредента, откако стана рано, фати да го цеди руното и исцеди роса од руното цела чаша вода. |
39. | И Гедеон Му рече на Бога: "Не ми се гневи, ако пак кажам и ако само уште еднаш се обидам со руното - нека биде суво само на руното, а по целата земја да има роса." |
40. | Така и направи Бог во таа нок: само на руното беше суво, а по целата земја имаше роса. |
← Judges (6/21) → |