← Judges (5/21) → |
1. | Во тој ден запеаја Девора и Варак, синот Авинеемов со овие зборови: |
2. | "Благословувајте Го Господа зашто се одмазди за Израилот, народот покажа сесрдност. |
3. | Слушајте, цареви, внимавајте, кнезови; јас ке Му пеам и ке Му свирам на Господа, на Господа, Бога Израилев! |
4. | Кога излегуваше Ти, Господи, од Сир, кога доа аше од селото Едомово, земјата се тресеше, небото капеше и облаците вода пролеваа; |
5. | горите се топеа од лицето на Господа, дури и Синај затрепери пред Господа, Бога Израилев. |
6. | Во дните на Самегара, синот Анатов, во дните на Јаил, патиштата опустеа и кои порано одеа по правите патишта, тогаш одеа по околните патеки. |
7. | Во Израилот немаше жител во селата, немаше, додека јас, Девора, не станав, дедека не востанав јас, мајката Израилева. |
8. | Избраа нови богови, затоа војната беше пред вратата. Се виде ли штит и копје во четириесет иљади од Израилот? |
9. | Срцето ми е кон вас, началници Израилеви, кон ревнителите во народот; прославувајте Го Господа! |
10. | Вие, кои јавате на бели ослици, што седите во судовите и одите по патот, проповедајте! |
11. | Среде гласовите на оние што плескаат, таму нека покажат правда, Господи, зацврсти ја правдата во Израилот! Тогаш народот Господв се разотиде по своите градови. |
12. | Стани, стани! Деворо! Стани, стани, па запеј песна! Стани, Варак и води ги своите платеници, сине Авинеемов! |
13. | Тогаш се возвеличи силата негова; Господ мене ми ги потчини храбрите. |
14. | Од Ефрема дојдоа оние, кои беа фатиле корен во долините; по тебе е братот твој Венијамин, според народот твој; од Махир доа аа началници, а од Завулона оние што се занимаваат со пишување. |
15. | И кнезовите Исахарови со Девора, и Исахар исто така како Варак, се спуштија пеш во долината. Во Рувимовите племиња - големо разногласие. |
16. | Зошто си ми седнал ме у кошарите и го слушаш блеењето на стадата? Во Рувимовите племиња - долемо несогласие. |
17. | Галад си живее спокојно од онаа страна на Јордан, и зошто Дан да се занимава со корабите, а Асир да седи на морскиот брег и се весели при своите пристаништа. |
18. | Завулон е народ, кој ја даде душата своја на смртта, и Нефталим - на полските височини. |
19. | Дојдоа цареви, тогаш се судрија царевите ханански во Тахан, при водите Мегидонски, но ни парче сребро не добија. |
20. | Од небото се војуваше, се биеја sвездите од своите патишта против Сисара. |
21. | Потокот Кисон ги одвлече, потокот Кадимин, потокот Кисон. Гази ги, душо моја, силните! |
22. | Тогаш отпа аа копитата на коњите од топотење, од терање на јавачите нивни. |
23. | Проколнете го Мазор, рече Ангелот Господов, проколнете ги жителите негови, затоа што не дојдоа на помош на Господа со храбрите. |
24. | Нека е благословена ме у жените Јаил, жената на Кенеецот Хевер, ме у жените во шаторите нека е благословена! |
25. | Тој побара вода: таа млеко му даде, во војводска чаша му донесе кравја павлака. |
26. | Левата рака своја таа ја протегна кон колецот, а десната - кон чеканот ковачки; го удри Сисара, му ја смрска главата, го прободе и му ги проби слепоочниците негови. |
27. | Ме у нозете нејзини падна, истоштен се испружи и умре, ме у нозете незини падна веднаш. |
28. | Погледна низ прозорецот Сисаровата мајка, низ решетката и си помисли: зошто не доа а уште колата негова, зошто се забавуваат тркалата на колите негови? |
29. | Мудрите нејзини дворјани и одговараат, а и самата таа си одговара на зборовите свои: |
30. | можеби нашле плен, па го делат: кому по една мома, кому по две на војник. Плен шарен за Сисара, плен шарен, везен; шарен и везен од обете страни, симнат од рамениците на пленикот. |
31. | Така да загинат сите Твои непријатели, Господи! А оние, кои Го сакаат, да бидат како сонце кога изгрева во сета своја сила! - И мирна беше земјата четириесет години. |
← Judges (5/21) → |