← Judges (3/21) → |
1. | Еве ги народите, кои не знаеја за сите ханански војни, |
2. | само за да знаат и да се учат на војна подоцнежните поколенија на Израилевите синови, кои порано не ја знаеја: |
3. | шест филистејски војводства, сите Хананејци, Сидонци и Евејци, кои живееја во горатао Вал-Ермон до Емат. |
4. | Тие беа оставени, за да биде преку нив искушан Израилот, и да се дознае, дали се покоруваат на заповедите Господови, кои Он ги беше заповедал на татковците нивни преку Мојсеја. |
5. | И живееја Израилевите синови ме у Хананејците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците, Гергесејците и Јевусејците, |
6. | и ги земаа керките нивни за жени, и им ги даваа керките свои на синовите нивни, и им служеа на нивните богови. |
7. | Синовите Израилеви извршија зло пред очите на Господа, и Го заборавија својот Господ Бог, и им служеа на Ваал и на Дубрави. |
8. | Тогаш Господ се разгневи силно против Израилот, и ги предаде во рацете н Хусарсатем, царот на Сириска Месопотамија, и синовите Израилеви му робуваа на Хусарсатем осум години. |
9. | Потоа синовите Израилеви повикаа кон Господа, и издигнаа за синовите Израилеви спасител, кој ги избави, - Кенезовиот син Готониил, помалиот брат на Халев. |
10. | Врз него беше Духот Господов, и тој беше судија на Израилот. Тој објави војна против Хусарсатем, и Господ го предаде во рацете негови сирискиот цар Хусарсатем и раката негов се зацврсти над Хусарсатема. |
11. | И земјата беше спокојна четириесет години, Потоа умре Готониил, Кенезовиот син. |
12. | Синовите Израилеви почнаа пак да вршат зло пред Господа, и Господ му даде сила на моавскиот цар Еглон против Израилот, поради тоа што тие правеа зло пред Господа. |
13. | Тој ги собра при себеси синовите Амонитски и Амаликови, па тргна и го порази Израилот, и го завладеја градот на палмите. |
14. | И синовите Израилеви му робуваа на моавскиот цар Еглон осумнаесет години. |
15. | Тогаш синовите Израилеви пак повикаа кон Господа, и Господ им го избра за спасител Аода, синовт на Гира, Еминиев син, кој беше левак. И синовите Израилеви му испратија по него дарови на моавскиот цар Еглон. |
16. | Аод си направи меч со две сечила, долг еден лакот, и го препаша под облеката своја на десното бедро, |
17. | и однесе дарови на моавскиот цар Еглон, а Еглон беше човек многу дебел. |
18. | Кога Аод ги поднесе сите дарови и ги испрати лу ето, што ги донесоа даровите, |
19. | сам се врати од идолите, што се во Галгал, и рече: "Царе, имам тајна за тебе." Тој рече: "Потивко!" И излегоа сите, што стоеја при него. |
20. | Аод влезе при него: тој седеше во летната горна соба, што ја имаше одделено. И рече Аод: "Имам Божја порака за тебе." Еглон стана од престолот. |
21. | Кога тој стана, Аод ја подаде својата лева рака, и го зеде мечот од десното бедро и го заби во стомахот негов, |
22. | така што сечилото влезе и дршката, и дебелината го покри сечилото; бидејки Аод не го извади мечот од трбухот негов и излезе нечистотија. |
23. | Аод потоа излезе од собата, ја затвори вратата и ја заклучи. |
24. | Откако излезе, слугите на Еглон дојдоа и гледаа, ете, вратата на собата е заклучена, и си рекоа: - сигурно е тој надвор по потреба до летната соба |
25. | Чекаа доста долго, но откако видоа дека никој не ја отвора вратата од собата, зедоа клуч и отклучија, а таму господарот нивни лежи на земјата мртов. |
26. | Додека се чудеа, Аод избега, и никој на него не мислеше, мина покрај идолите и се спаси во Сетирот. |
27. | А штом пристигна во земјата Израилева, Аод затруби со труба во Ефремовата гора, и слегоа со него синовите Израилеви од гората, и тој тргна пред нив. |
28. | И им рече: "Одете по мене, зашто Господ Бог ги предаде непријателите ваши, Моавците, во ваши раце." И тргнаа по него, презедоа моавски бродови на Јордан, и не пуштија никон да премине. |
29. | Тогаш убија околу десет иљади Моавци, се здрави и силни, и никој не избега. |
30. | Така се смирија во оној ден Моавците пред Израилот, и земјата беше спокојна осумдесет години. И Аод беше нивни судија до својата смрт. |
31. | По него дојде Семегар, син Анатов, кој уби шестотини души Филистејци со воловски остен; и тој исто така го избави Израилот. |
← Judges (3/21) → |