← Judges (21/21) |
1. | И се заколнаа Израилците во Масифа, велејки: "Никој од нас да не ја дава керка си на Ванијаминовите синови за жена!" |
2. | И народот дојде во Божјиот дом, седеа таму до вечерта пред Бога, кренаа голем писок, силно плачеа |
3. | и велеа: "Господи, Боже Израилев, зошто се случи ова во Израилот, па сега изчезна едно племе во Израилот." |
4. | На другиот ден народот порани, и подигна таму жртвеник и принесоа жртви сепаленици, и мирни жртви. |
5. | И рекоа синовите Изарилеви: "Кој уште од сите Израилеви племиња не дошал на собранието пред Господа?" Зашто голама клетва беше изречена пред оние, што не беа дошле пред Господа во Масифа, и беше речено, дека тие ке бидат предадени на смрт. |
6. | И синовите Израилеви се смилија над братот свој Венијамина и рекоа: "Денес се истреби едно племе од Израилот; |
7. | што да направиме за жени на другите од нив, кога се заколнавме во Господа дека нема да им ги даваме керките свои за жени?" |
8. | И рекоа: "Нема ли некое од племињата Израилеви, кое не е дојдено пред Господа во Масифа?" И се покажа дека од Јавис Галадски никој не дошол на собранието пред Господа. |
9. | Го прегледаа народот, и ете, немаше ни еден од жителите на Јавис Галадски. |
10. | И општеството испрати таму дванаесет иљади души, и им дадоа заповед, велејки: "Одете и поразете ги со меч жителите на Јавис Галадски, и жените и децата; |
11. | и еве што ке направите: "Секој маж и секоја жена, што познава машко легло, убијте ги, а момите оставете ги живи." Така и направија. |
12. | И најдоа ме у жителите на Јавис Галадски четиристотини моми, што не познале машко легло, и ги доведоа во логорот при Силом, кој е во Хананската земја. |
13. | Тогаш целото општество испрати лу е да разговараат со синовите Венијаминови, кои беа кај карпата Римон, и им објави мир. |
14. | И така Венијаминовите синови се вратија и им дадоа жени, што беа останале живи од жените на Јавис Галадски; но излезе, дека тие на стасуваат. |
15. | А на народот, пак, му беше жал за Венијамина, поради тоа што Господ не ја зачува целината на Израилевите племиња. |
16. | И си рекоа старешините народни: "Што да направиме за жени на другите синови, бидејки жените кај Венијамина се истребени?" |
17. | И рекоа: "Наследството на Венијамина нека остане, за да не се сотре едно племе од Израилот. |
18. | Но ние не можеме да им дадеме жени од нашите керки, зашто синовите Израилеви се заколнаа, велејки: "Проклет да биде оној, што ке му даде жена на Венијамина!" |
19. | И рекоа: "Ете, секоја година е празник Господов во Силом, на север од Ветил и на исток од патот, кој води од Ветил за Сихем, и на југ од Левона." |
20. | И им заповедаа на синовите Венијаминови, велејки: "Одете и сокријте се во лозјата, |
21. | и гледајте, кога ке излезат силомските моми да играат оро, излезете од лозјата и грабнете си секој жена за себе од силомските моми, па одете си во земјата Венијаминова; |
22. | а кога ке дојдат татковците, или браката нивни да се поплачат кај нас, ние ке им речеме: "Простете ни за нив, бидејки ние не зедовме за секого од нив жена во време на војната, и вие не им дадовте; сега вие сте виновни." |
23. | Така и направија синовите Венијаминови, и зедоа според бројот свој жени од оние, што беа во орото и кои ги одзедоа, па тргнаа и се вратија во делот свој, и изградија градови и заживееја во нив. |
24. | Во исто време Израилците се разотидоа оттаму секој во родот свој и во племето свое, а оттаму отиде секој во делот свој. |
25. | Во тие денови Израил немаше цар: секој го правеше она, што му се чинеше дека е право. |
← Judges (21/21) |