← Judges (20/21) → |
1. | Тогаш излегоа сите синови Израилеви, и се собраа целото општество како еден човек од Дан до Вирсавија и Галадската земја пред Господа во Масифа. |
2. | Се собраа пред Господа старешините на сиот народ, сите племиња Израилеви, во собранието на народот Божји, - четиристотини иљади пешаци мечоносци. |
3. | А Венијаминовите синови слушнаа дека синовите Израилеви дошле во Масифа. И Израилевите синови запрашаа: "Кажете, како станало тоа зло?" |
4. | Левитот, мажот на убавата жена, одговори и рече: "Дојдов со наложницата своја да нокевам во Гаваон Венијаминов; |
5. | и се кренаа против мене жителите на Гаваон и преку нокта ја опколија заради мене куката; мене сакаа да ме убијат, а наложницата моја ја измачија, откако ја познаа, така што таа умре; |
6. | јас ја зедов наложницата своја, на парчиња ја исеков и ја испратив по сите области на владеењето Израилево, бидејки тие извршија назаконито и срамно дело во Израилот; |
7. | ете, сите вие, синови Израилеви, разгледајте го тоа дело и решете тука." |
8. | И се крена сиот народ како еден човек и рече: "Никој нема да отиде во шаторот свој и никој нема да се врати во домот свој. |
9. | А еве што ке направиме сега со Гаваон: да фрлиме жреб за него! |
10. | Kе земеме по десет души на сто од сите Израилеви племиња, по сто на иљада и по иљада на десет иљади, за да донесат храна за народот, кој што ке тргне против Гаваон Венијаминов, за да го казни за срамот, што го беше извршил против Израилот." |
11. | И сите Израилци се собраа против градот еднодушно, како еден човек. |
12. | И Израилиевите племиња испратија лу е да му кажат по целото Венијаминово племе: "Каква гнасотија е извршена кај вас! |
13. | А сега, предајте ги тие развратници, што се во Гаваон; ние ке ги убиеме и ке го искорениме злото од Израилот." Но синовите Венијаминови не сакаа да го послушаат гласот на браката свои, синовите Израилеви. |
14. | И синовите Венијаминови од градовите се собраа во Гаваон, за да тргнат во војна против синовите Израилеви. |
15. | А во оној ден Венијаминовите синови, што се беа собрале од градовите свои, се изброија дваесет и шест иљади души мечоносци; освен тоа од жителите на Гаваон имаше одбрани на број седумстотини. |
16. | Во сиот тој народ имаше седумстотини души одбрани, кои беа леваци, и сите тие фрлаа камења со пракки, без да погрешат. |
17. | А Израилците, без Венијаминовите синови, броеја четиристотини иљади души мечоносци; сите тие беа способни за војна. |
18. | Тогаш Израилевите синови станаа и отидоа во Божјиот дом и го запрашаа Бога: "Кој од нас прв ке тргне во бој против синовите Венијаминови?" И Господ одговори: "Јуда прв нека оди." |
19. | Утрината станаа синовите Израилеви и се распоредија на табори пред Гава; |
20. | и излегоа Израилците за борба против Венијамина и се наредија синовите Израилеви во бојни редови близу до Гава. |
21. | Тогаш излегоа од Гава и синовите Венијаминови и во тој ден убија дваесет и две иљади Израилци. |
22. | Но, народот израилски се совзеде и пак се нареди за борба на истото место, каде што беше претходниот ден. |
23. | И отидоа синовите израилеви пред Господа и плачеа до вечерта, па Го прашаа Господ: "Да влеземе ли пак во борба со синовите на нашиот брат Венијамин?" Господ им рече: "Одете против него!" |
24. | И вториот ден Израилевите синови пак настапија против синовите на Венијамина. |
25. | Во тој ден излезе и Венијамин од Гава и беа убиени од синовите Израилеви уште осумнаесет иљади души мечоносци. |
26. | Тогаш сите Израилеви синови и сиот народ тргнаа и дојдоа во Божјиот дом, па седеа таму и плачеа пред Господа, постеа целот ден до вечерта и Му принесоа на Бога сепалиници и мирни жртви. |
27. | И Го прашаа синовите Израилеви Господа (во тоа време Ковчегот на зеветот беше таму |
28. | и Финес, синот Елеазаров, син Аронов, стоеше пред него): "Дали да излеземе пак против нашиот брат Венијамин или не?" Господ им рече: "Одете! Утре ке го предадам во вашите раце." |
29. | Тогаш Израил постави заседа околу Гава. |
30. | На третиот ден излегоа синовите Израилеви против синовите на Венијамина, па, како и порано, се наредија за борба против Гава. |
31. | Венијаминовите синови излегоа против народот и се оддалечија од градот, и почнаа, како порано, да убиваа од народот по патиштата, од кои еден води за Ветил, а друг во Гаваон, преку полето, и убија до триесет души Израилци. |
32. | И Венијаминовите синови си рекоа: "Тие па аат пред нас како порано." А Израилевите синови си рекоа: "Да бегаме од нив и да ги одвлечеме од градот на патот." |
33. | Тогаш сите Израилци станаа од местото свое и се наредија во Ваал-Тамара. А Израилевата заседа се спушти од местото свое од западната страна на Гаваон. |
34. | И се собраа против Гаваон десет иљади души одбрани од сиот Израил, и почна жестока борба. Но Венијаминовите синови не знаеја дека ке ги снајде зло, |
35. | и Господ го разби Венијамина пред Израилот, и Израилците кутнаа во тој ден од синовите Венијаминови дваесет и пет иљади и сто души вооружени со мечеви. |
36. | Кога Венијаминовите синови помислија, дека ги поразиле Израилците, кои им направија место, бидејки Израилецот се надеваше на заседата, што ја беа поставле близу до Гаваон, |
37. | заседата побрза и се спушти кон Гаваон, - влезе и го порази со меч целиот град. |
38. | Израилците си беа договориле знак со заседата, да нападнат, кога ке се крене дим од градот. |
39. | И така, кога Израилците отстапија од местото на борбата, и Венијамин почна да поразува и кутна до тиесет души Израилци, велејки: "пак па аат пред нас, како и во поранешните судири", |
40. | тогаш почна да се издига од градот дим како столб. Венијамин погледна назад, и ете, од целиот град излгува дим кон небото. |
41. | И Израилците се вратија, а Венијамин се уплаши, бидејки виде дека го снашло зло. |
42. | И избегаа синовите Венијаминови од Израилците по патот кон пустињата, но беа следени со колеж, и оние, што излегуваа од градовите, таму ги убиваа; |
43. | го опколија Венијамина и го гонеа без почивка од Нуа и го поразуваа до самата источна страна на Гаваон. |
44. | И од синовите Венијаминови паднаа осумнаесет иљади души, силни мажи. |
45. | А од другите што се свртија и се спуштија спрема пустињата, кон карпата Римон, насобраа пет иљади и ги гонеа дури до Гадам, и од нив убија две иљади души. |
46. | Сите, пак, Венијаминови синови, паднати тој ден, беа дваесет и пет иљади души, вооружени со мечеви, сите беа силни мажи. |
47. | Другите се свртија и избегаа во камената пустиња, при Римон, четиристотини души и таму останаа четири месеци. |
48. | А Израилците се вратија кај синовите Венијаминови и ги поразија со меч - и лу ето од градот, и добитокот, и се, што се срекаваше во сите градови, и со оган ги изгореа сите градови што се нао аа по патот. |
← Judges (20/21) → |