← Judges (2/21) → |
1. | Дојде Ангел Господов од Галгал во Вохим и рече: "Јас ве изведов од Египет и ве воведов во земјата, за која им се заколнав на татковците ваши; и реков: - нема да ги нарушам Мојот завет со вас засекогаш; |
2. | вие, пак, не влегувајте во сојуз со жителите на оваа земја; на боговите нивни не им се клањајте, идолите нивни скршете ги, жртвениците нивни урнете ги". Но вие не го послушавте гласот Мој. Зошто постапивте така? |
3. | Затоа велам: нема повеке да ги преселувам тие лу е, што сакав да ги истерам, нема да ги истерам од вас, и тие ке бидат трње за вас, а боговите нивни ке ви бидат соблазна." |
4. | Кога Ангелот Господов ги кажа тие зборови пред сите синови Израилеви, народот крена голем пискот и заплака. |
5. | Поради тоа и го нарекуваат тоа место Вохим. Таму тие принесоа жртва на Господа. |
6. | Откако Исус го распушти народот, и синовите Израилеви заминаа, секој во домот свој и секој во својот дел, за да добие во наследство земја. |
7. | Народот Му служеше на Господа преку сите денови на Исуса и преку сите денови на старешините, чиј живот продолжи по Исуса, и кога ги беа виделе сите големи дела на Господа, какви што Он му направи на Израилот. |
8. | А кога умре Исус, синот Навинов, раб Господов, на сто и десет години, |
9. | го погребаа во пределите на неговиот дел во Тамнатарес, во Ефремовата гора, на север од гората Гаас; |
10. | и кога целиот тој народ се прибра кај татковците свои, и настана по нив друг род, кој не Го знаеше Господа и делата Негови, какви што му беше направил на Израилот, - |
11. | тогаш Израилевите синови почнаа да прават зло пред Господа и да му служат на Ваал; |
12. | го оставија Господа, Бога на татковците нивни, Кој ги беше извел од земјата Египетска, и се обрнаа кон други богови, кон боговите на тамошните околини, и почнаа да им се клањаат, и Го разгневија Господа; |
13. | Го отравија Господа и почнаа да му служат на Ваал и на разни Астарти. |
14. | Тогаш Господ силно се разгневи против Израилците и ги предаде во рацете на грабачи, кои ги ограбуваа; и ги предаде во рацете на околните непријатели таму, и не можеа повеке да одолеат пред непријателите свои. |
15. | Насекаде, каде и да отидеа тие, раката Господова беше против нив на зло, како што им беше говорел Господ и како што им се беше заколнал Господ. И тие беа на голема мака. |
16. | Тогаш Господ им постави судии, кои ги спасуваа од рацете на оние што ги пленеа. |
17. | Но тие и нив не ги слушаа, туку блудствуваа со други богови и ним им се клањаа, па Го разгневија Господа, а потоа скршнаа од патот, по кој одеа таквците нивни, покорувајки им се на заповедите од Гопода. Тие не правеа така. |
18. | Но кога Господ им поставуваше судии, Сам Господ беше со судијата и ги спасуваше од непријателите нивни преку сите дни на судијата, зашто Господ ги сожалуваше, слушајки ги офкањата нивни од оние, што ги угнетуваа и потискаа. |
19. | Но штом ке умреше судијата, тие одново почнуваа да живеат полошо од татковците свои, одејки по други богови, да им служат и да им се клањаат. И не отстапуваа од делата свои жестоки и од лошиот пат свој. |
20. | Тогаш Господ силно се разгневи против Израилот и рече: "Поради тоа што овој народ отстапи од заветот Мој, што го поставив со татковците нивни, и не го послушаа гласот Мој, |
21. | ни Јас нема повеке да протерувам пред нив ниеден од народите, што ги остави Исус, кога умираше, - |
22. | за да го испитам Израилот; ке почнат ли да се држат до патот Господов и да одат по него, како што се држеа татковците нивни, или не?" |
23. | И Господ ги остави тие народи и не ги протера веднаш и не ги предаде во рацете на Исуса. |
← Judges (2/21) → |