← Judges (19/21) → |
1. | Во она време, кога Израил немаше цар, живееше еден левит, кој како придојден живееше во гората Ефремова. Тој си зеде наложница од Витлеем Јудејски. |
2. | Но наложницата негова се скара со него и си отиде во татковиот си дом, во Витлеем Јудејски, и остана таму четири месеци. |
3. | Мажот и стана и отиде при неа, за да ја замоли и да ја врати назад. Со него беше слугата негов и две ослиња. Таа го воведе во татковиот дом. |
4. | Тестот негов, татко на таа млада жена, откако го виде, го пресретна радосно и го задржа. И тој престојуваше кај него три дне: јадеа, пиеја и нокеваа таму. |
5. | На четвртиот ден станаа рано, стана и тој, за да си оди. И таткото на младата жена му рече на зетот свој: "Поткрепи го срцето свое со залак леб, и потоа ке тргнете." |
6. | Тие останаа, и двајцата заедно јадеа и пиеја. И таткото на таа млада жена му рече на тој човек: "Остани уште една нок, и нека се повесели срцето твое!" |
7. | Човекот беше станал за да си оди, но тестот го наговори и тој пак нокеваше таму. |
8. | На петтиот ден изутрината тој стана, за да си оди. А таткото на младата жена рече: "Поткрепи си го срцето свое со леб, и почекајте, додека да измине денот." И јадеа двајцата и пиеја. |
9. | И стана човекот да си оди, тој, наложницата негова и слугата негов. И тестот негов, таткото на младата жена, му рече: "Еве, почна да се стемнува, нокевајте, ве молам, денот е на свршување, нокевај тука, нека се повесели срцето твое; утре рано ке тргнете на пат, и ке си одиш во домот свој!" |
10. | Но мажот не се согласи да нокева, стана и тргна; и наближи до Евус, кој е сега Ерусалим; со него двете натоверени ослиња и наложницата со него. |
11. | Кога беа близу до Евус, денот веке беше изминал. И слугата му рече на господарот свој: "Да навратиме во овој евусејски град и да нокеваме во него." |
12. | Господарот му одговори: "Не, нема да одиме во град на други племиња, кое не се од синовите Израилеви, а ке појдеме во Гаваон." |
13. | И му рече на слугата свој: "Оди да стигнеме до едно од Гаваонските места и ке нокеваме во Гаваон или во Рама." |
14. | Па тргнаа, и одеа, а сонцето зајде близу до Гаваон Ванијаминов. |
15. | И тие навратија таму, за да одат да нокеваат во Гива. Откако влезе, тој седна на градскиот плоштад, но никој не ги покани во домот свој да нокеваат. |
16. | И ете, еден старец се вракаше вечерта од полска работа; тој беше родум од Ефремовата гора и живееше како придојден во Гаваон. Жителите, пак, од тоа место беа Венијаминоти синови. |
17. | Кога ги грена очите, тој виде на градскиот плоштад патник. И старецот запраша: "Каде одиш и од каде доа аш?" |
18. | Тој му одговори: "Од Витлеем Јудејски одиме за Ефремовата гора, од каде што сум јас; отидов во Витлеем Јудејски, а сега одам кон домот Господов; и никој не ме поканува во домот свој; |
19. | си имаме и слама и храна за ослите свои; исто така и леб и вино за мене и за твојата робинка и за овој слуга има кај твоите слуги, од ништо немаме потреба." |
20. | Старецот му рече: "Биди спокоен; каква потреба и да имаш, јас ке се погрижам, само на улица не нокевај." |
21. | И го одведе во домот свој и им даде храна на ослите негови, а самите тие се измија нозете свои, јадеа и пиеја. |
22. | Откако го развеселија срцето свое, ете, градските жители, развратници, ја опколија куката, зачукаа на вратата и му говореа на старецот, стопанот на куката: "Изведи го човекот, кој влезе во куката твоја, за да го запознаеме." |
23. | Стопанот на куката излезе пред нив и им рече: "Не, брака мои, не правете зло, кога тој човек влегол во куката моја, не правете го тоа безумие; |
24. | еве, јас имам керка мома, а тој има наложница ке ги изведам осраметете ги и правете со нив, се што ви е угодно; а со тој човек не правете го тоа безумие." |
25. | Но тие на сакаа да го слушаат. Тогаш мажот ја зеде наложницата своја и ја изведе при нив на улица. Тие ја познаа и ја злоставуваа цела нок до утрината. И ја пуштија во зората. |
26. | И во зората дојде жената, падна пред кукната врата на човекот, кај кого беше господарот нејзин, и лежеше до осамнување. |
27. | Господарот нејзин стана утрината, ја отвори кукната врата и излезе, за да тргне на пат; и ете, наложницата негова лежи пред кукната врата, со рацете на прагот. |
28. | Тој и рече: "Стани, ке одиме!" Но одговор немаше зашто таа беше умрела. Тој ја стави на ослето, стана и замина за местото свое. |
29. | Кога дојде во домот свој, зеде нож, ја фати наложницата своја, ја пресече по деловите на телото нејзино на дванаесет делови и испрати по сите предели Израилеви. |
30. | Секој, што го виде тоа, велеше: "Не станало и не се видело такво нешто од денот, кога Израилевите синови изегоа од Египетската земја до денес. И им рече на лу ето што ги испрати: "Така зборувајте по сиот Израил: станало ли такво нешто? Размислете за тоа, посоветувајте се и кажете!" |
← Judges (19/21) → |