← Judges (16/21) → |
1. | Потоа Самсон дојде во Газа; таму виде една блудница и влезе при неа. |
2. | Им јавија на жителите од Газа: "Самсон дојде овде". И обиколуваа, го чекаа цела нок при градските порти и се криеја цела нок, велејки: "До осамнување ке чекаме и ке го убиеме." |
3. | А Самсон спиеше до полнок; на градските порти со двата довратника, ги крена заедно со диреците, ги стави на грб и ги оденсе на врвот од гората, која е на патот за Хеврон и ги остави таму. |
4. | Потоа тој засака една, која живееше во долината Сорек; името и беше Далида. |
5. | Дојдоа кај неа филистејските кнезови и и рекоа: "Запрашај го и дознај во што му е големата сила, и како да го надмудриме, за да го врземе и да го смириме; ние, пак, ке ти дадеме за тоа секој по иљада и сто сикли сребро." |
6. | Тогаш Далида го праше Самсона: "Кажи ми, во што ти е големата сила, и со што би можеле да те врзат, за да те смират?" |
7. | Самсон и одговори: "Ако ме врзат со седум сурови тетиви, уште неисушени, јас ке станам бессилен и ке бидам како другите лу е." |
8. | И и донесоа филистејските кнезови седум сурови тетиви, уште неисушени, и таа го врза со нив. |
9. | Во тоа време еден од нив седеше сокриен во спалната нејзина; и таа рече: "Самсоне, Филистејците идат против тебе." Тој ги раскина тетивите, како што се раскинува коноп кога ке го гори оган. И не се дозна за силата негова. |
10. | И Далида му рече на Самсона: "Ете, ти ме измами и ми кажа лага; кажи ми сега, со што можат да те врзат?" |
11. | Тој и одговори: "Кога би ме врзале со нови јажиња, кои не биле употребени, јас би станал бессилен и ке бидам како другите лу е." |
12. | Далида зеде нови јажиња, го врза и му рече: "Самсоне, Филистејците доа аат против тебе." Во тоа време еден од нив седеше сокриен во спалната. И тој ги скина јажињата од рацете свои како конци. |
13. | И Далида пак му рече на Самсона: "Ти се ме мамиш и ми говориш лага; кажи ми, со што можат да те врзат?" Тој одговори: "Ако привиеш седум перчиња од косата на главата моја, на вратило и ги забиеш со колец на камен јас ке бидам бессилен како другите лу е." |
14. | И го успа Далида на колената свои. И кога тој заспа, Далида зеде седум перчиња од косата на главата негова, ги приви на вратилото и со колец ги притегна на камен и му рече: "Филистејците идат против тебе, Самсоне!" Тој се разбуди од сонот и го извлече кросното сплеткано од основата и вратилото, и пак не се дозна за силата негова. |
15. | И Далида тогаш му рече: "Зошто зборуваш ‘те сакам‘, а срцето твое не е со мене? Ете, ме измами трипати и не ми кажа, во што е твојата голема сила." |
16. | И бидејки таа го возменураваше со зборовите свои секој ден и го мачеше, душата негова му се натажи до смрт. |
17. | И тој и го откри целото свое срце, велејки и: "Бербер не се допрел до главата моја, зашто јас сум назореј Божји од мајчината си утроба: ако ме истриже некој, ке ме напушти силата моја; јас ке ослабам и ке бидам како другите лу е." |
18. | Далида, откако виде, дека тој и го откри целото срце свое, испрати и ги повика филистејските кнезови, велејки им: "Дојдете сега; тој ми го откри целото срце свое." И тие дојдоа кај неа и донесоа сребро во рацете свои. |
19. | И Далида го успа на колената свои, па повика еден човек, та му заповеда да ги истриже седумте плетенки на главата негова. И тој почна да ослабува, и силата негова го напушти. |
20. | Таа тогаш рече: "Филистејците доа аат против тебе, Самсоне!" Тој се разбуди од сонот свој и рече: "Kе отидам, како и порано, и ке се ослободам." Но не знаеше, дека Господ отстапил од него. |
21. | Филистејците го фатија и му ги извадија очите, го доведоа во Газа и го оковаа со две бакарни вериги, и тој мелеше во затворот. |
22. | Ме утоа, косата на главата негова, откако беше истрижен, почна пак да расте. |
23. | Филистејските кнезови се собраа, за да принесат голема жртва на Дагона, својот бог, и да се провеселат, па рекоа: "Нашиот бог го предаде во рацете наши нашиот непријател Самсон." |
24. | Исто така и народот, откако виде, го прославуваше својот бог, велејки: "Нашиот бог ни го предаде во рацете наши непријателот наш и опустошителот на земјата наша, кој порази многумина од нас." |
25. | А кога се развесели срцето нивно, рекоа: "Повикајте го Самсона од затворот за да не развесели. И го повикаа Самсона од затворот, и тој ги веселеше и го ставија ме у два столба. |
26. | И Самсон му рече на момчето, што го водеше за рака: "Дозволи ми да ги напипам столбовите, врз кои се крепи домот, и да се потпрам на нив. Момчето така и направи. |
27. | А домот беше полн со мажи и жени: таму беа сите филистејски кнезови, и на покривот имаше до три иљади мажи и жени, кои гледаа во Самсона како ги веселеше. |
28. | Повика Самсон кон Господа и рече: "Господи Боже, спомни си за мене и поддржи ме само сега, о Боже, за да им се одмаздам веднаш на Филистејците за двете очи мои." |
29. | И ги помести Самсон од местото двата средни столба, врз кои се крепеше домот, откако наблегна врз нив, на едниот со десната рака, а на другиот со левата. |
30. | И Самсон рече: "Умри, душо моја, со Филистејците!" И притисна со сета сила, и домот се урна врз кнезовите и врз сиот народ, што беше со него. И умрените, што ги уби при смртта своја, беа повеке, отколку тој што беше умртвил во текот на целиот живот свој. |
31. | И дојдоа браката негови и целиот негов татков дом, го зедоа, па отидоа и го погребаа ме у Сарај и Естаол, во гробот на татко му Маној. Тој беше судија над Израилот дваесет години. По Самсона се издигна Емегар, Енановиот син, и уби од другите племиња шестотини души, освен добитокот. И тој го спаси Израилот. |
← Judges (16/21) → |