← Judges (15/21) → |
1. | По неколку дена, по жетвата на пченицата, дојде Самсон да се види со жена си, донесувајки со себе едно јаре; и кога рече: "Kе влезам при жена си во спалната", татко и не му дозволи да влезе. |
2. | И рече татко и: "Јас помислив дека ти си ја намразил, па ја дадов на пријателот твој; ете, помалата сестра е поубава од неа; таа нека биде твоја неместо неа." |
3. | Тогаш Самсон рече: "Сега ке бидам прав пред Филистејците, ако им сторам зло." |
4. | И отиде Самсон и улови триста лисици и, откако зеде свеки, врза опашка за опашка и врза една свека ме у две опашки; |
5. | ги запали свеките, и ги пушти лисиците во посевите филистејцки та ги изгоре крстините и неожнеаното жито, и лозјата и маслиновите градини. |
6. | И се прашуваа Филистејците: "Кој го направи тоа?" И рекоа: "Самсон, зетот на тимнатеецот, бидејки тој му ја одзеде жената и ја даде на другарот негов." Тогаш Филистејците отидоа и ја изгорија со оган неа и домот на татко и. |
7. | Самсон им рече: "Иако го сторивте тоа, јас пак ке ви се одмаздам и само тогаш ке се успокојам." |
8. | И тој им ги скрши колената до бедрата, и отиде па заседна во пештерата кај карпата Итам. |
9. | Тогаш станаа Филистејците и се улогорија во Јудеја, па се раширија дури до Лехи. |
10. | А жителите на Јудеја запрашаа: "Зошто излеговте против нас?" Тие одговорија: "Дојдовме да го врземе Самсона, за да постапиме со него онака како што тој постапи со нас." |
11. | И три иљади души Јудејци отидоа до пештерата кај карпата Итам и му рекоа на Самсона: "Зар не знаеш дека Филистејците владеат над нас? Што ни направи?" Тој им одговори: "Како што постапија тие со мене, така постапив и јас со нив." |
12. | Тие му рекоа: "Дојдовме да те врземе, за да те предадеме во рацете на Филистејците." А Самсон им рече: "Заколнете се дека нема да ме убиете." |
13. | Тие му одговорија: "Не, ние само ке те врземе и ке те предадеме во рацете нивни, а што се однесува до убивањето, нема да те убиеме." И го врзаа со две нови јажиња и го одведоа од пештерата. |
14. | Кога се приближи до Лехи, Филистејците го пресретнаа со радосно викање. И Духот Господов слезе врз него, и јажињата на рацете негови станаа како изгорен лен, и врските паднаа од рацете негови. |
15. | Па најде пресна ослина челуст, ја протегна раката, и ја зеде и уби со неа иљада души. |
16. | И рече Самсон: "Со ослина челуст убив толку, двапати по толку, со ослина челуст убив иљада души." |
17. | Откако го рече тоа, ја фрли челуста од раката своја и го нарече тоа место: "Рамат-Лехи." |
18. | Тогаш почувствува силна жед; викна кон Господа и рече: "Ти го изврши со раката на Твојот слуга ова големо избавување; но сега ке умрам ли од жед или ке паднам во рацете на необрезаните." |
19. | И Бог ја расцепи карпата во Лехи, и потече вода од неа. Тој се напи, духот му се поврати и оживе; затоа беше наречено тоа место: "Извор на оној што се моли", што е во Лехи и до ден денес. |
20. | И тој беше судија над Израилот во дните на Филистејците дваесет години. |
← Judges (15/21) → |