← Judges (14/21) → |
1. | И отиде Самсон во Тамната и виде во Тамната мома од филистејските керки. |
2. | Тој отиде и им јави на татка си и на мајка си и рече: "Видов во Тамната девојка од филистејските керки; земете ми ја за жена". |
3. | Татко му и мајка му рекоа: "Зар нема мома ме у керките на браката твои и во сиот народ, па одиш да земеш жена од необрезаните Филестејци?" А Самсон му одговори на татка си: "Неа земи ја за жена, бидејки таа ми се свиде." |
4. | Тако му и мајка му на знаеја дека тоа е од Господа, и дека тој бара случај да им се одмазди на Филистејците. Во тоа време Филистејците владееја над Израилот. |
5. | И отиде Самсон со татка си и мајка си во Тамната, и кога се приближуваа до Тамнатските лозја, ете еден млад лав, рикајку му доа а во пресрет. |
6. | И Духот Господов слезе врз него, и тој го раскина лавот како јаре; а во раката негова немаше ништо. И не им кажа на татка си и мајка си, што направи. |
7. | И дојде и поразговара со девојката, и таа му се допадна на Самсона. |
8. | По неколку дена, тој пак отиде, за да ја земе, и наврати да го види трупот на лавот, и ете, рој пчели на трупот од лавот и мед. |
9. | Тој зеде од медот во рацете свои, тргна и јадеше по патот; и кога дојде кај татка си и мајка си, им даде и ним, и тие јадеа; не ни им кажа дека тој мед го зел од трупот на лавот. |
10. | Дојде и татко му кај девојката, и таму Самсон приреди седумдневна гозба, како што обично прават младоженците. |
11. | И штом го видоа таму, избраа триесет брачни другари, кои ке бидат при него. |
12. | И им рече Самсон: "Kе ви поставам една гатанка: ако ми ја одгатнете во текот на седумте дена на гозбава и ја погодите точно, ке ви дадам триесет кошули и триесет промени; |
13. | ако, пак, не можете да ја одгатнете, вие ке ми дадете триесет кошули и триесет промени." Тие му рекоа: "Постави ја гатанката, да ја чуеме." |
14. | И им рече: "Од јадачот излезе јадење, и од силниот излезе слатко." И три дена не можеа да ја одгатнат гатанката. |
15. | На седмиот ден тие и рекоа на Самсоновата жена: "Потсети го мажот твој, да ни ја одгатне гатанката; инаку ке те изгориме со оган тебе и домот на таткото твој; зар не поканивте да не оберете." |
16. | И плачеше пред Самсона жената негова, велејки: "Ти ме мразиш и не ме сакаш; ти им зададе гатанка на синовите на мојот народ, а мене не ми ја одгатнуваш." Тој и рече: "На татко ми и на мајка ми јас не им ја одгатнав, на тебе ли да ти ја кажам?" |
17. | И плачеше таа пред него седум дена, додека траеше гоштевањето нивно. Најпосле на седмиот ден тој и ја одгатна, бидејки таа упорно го молеше. А таа им ја кажа гатанката на синовите на својот народ. |
18. | И на седмиот ден пред зајдисонце му рекоа гра аните: "Што е послатко од мед, и што е посилно од лав?" Тој им рече: "Да не бевте орале со мојата јунечка, немаше да ја одгатнете гатанката моја." |
19. | И Духот Господов слезе врз него, и тој отиде во Аскалон, каде што уби триесет души, ги соблече од нив алиштата, им ги даде промените на оние, што ја беа одгатнале гатанката; и се расрди многу, па отиде во куката на таткото свој. |
20. | А жената на Самсон се омажи за неговиот свадбен другар, кој му беше пријател. |
← Judges (14/21) → |