← Judges (13/21) → |
1. | Израилевите синови пак правеа зло пред Господа, и Господ ги предаде во рацете на Филистејците за време од четириесет години. |
2. | Во тоа време имаше еден човек од Сарај, од Дановото племе, по име Маној; жена му беше неплодна и не ра аше. |
3. | И Ангел Господов и се јави на жената и и рече: "Ете, ти си неплодна и не ра аш; но ке зачнеш и ке родиш син; |
4. | затоа пази се, не пиј вино и сикер и не јади ништо нечисто; |
5. | оти, ете, ке зачнеш и ке родиш син, и брич нема да ја допре главата негова, зашто од самата мајчина утроба тоа младенче ке биде назореј Божји, и ке почне да го спасува Израилот од рацете на Филистејците." |
6. | Жената дојде и му кажа на мажот свој, велејки: "Човек Божји дојде кај мене, и лицето му беше како лице на Ангел Божји, многу страшно; јас не го прашав од каде е, и тој не ми го кажа името свое; |
7. | тој ми рече: ‘ете, ке зачнеш и ке родиш син; затоа не пиј вино и сикер и не јади ништо нечисто, бидејки младенчето од самата мајчина утроба па до смртта своја ке биде посветено на Бога.‘ |
8. | И Маној му се помоли на Господа и рече: "Господи! Нека дојде пак при нас човекот Божји, што си го испратил, и нека не научи како да постапиме со младенецот, што ке се роди." |
9. | Бог ја услиши молитвата на Маноја, и Ангелот Божји пак дојде при жената, кога таа беше во полето, а Маној, мажот нејзин, не беше со неа. |
10. | Жената во тој момент потрча и му јави на мажот свој и му рече: "Ете, ми се јави човекот, кој порано дојде при мене." |
11. | Маној стана и тргна со жена си, и дојде кај оној човек и му рече: "Ти ли си човекот, што говорел со оваа жена?" И Ангелот рече: "Јас." |
12. | И рече Маној: "И така, нека се исполни зборот твој, но како да постапуваме со тоа младенче, и што да правиме со него?" |
13. | Ангелот Господов му кажа на Маној: "Нека се чува тој од се она, за кое и говорев на жената; |
14. | нека не јаде ништо од она што лозата го ра а; нека не пие вино и сикер, да не јаде ништо нечисто и да внимава на се, што и заповедав." |
15. | А Маној му рече на Ангелот Господов: "Дозволи ми да те задржам, додека да зготвиме јаре." |
16. | Ангелот Господов му рече на Маној: "И да ме задржиш, јас нема да јадам твој леб; ако, пак, сакаш да Му принесеш жртва на Господа, принеси го." Маној не знаеше, дека е тоа Ангел Господов. |
17. | Маној пак го праша Ангелот Господов: "Како ти е името, за да те прославам, кога ке се исполни зборот твој." |
18. | Ангелот Господов му одговори: "Зошто прашуваш за името мое? Тоа е чудно." |
19. | И го зеде Маној јарето и лебниот принос и Му ги принесе на Господа врз камен. И Он изврши чудо, кое го видоа Маној и неговата жена. |
20. | Кога почна пламенот да се издига од жртвеникот кон небото, Ангелот Господов се издигна во жртвениот пламен. Откакот го видоа тоа, Маној и жената негова паднаа ничкум на земјата. |
21. | И Ангелот Господов стана невидлив за Маној и жената негова. Тогаш Маној дозна, дека тоа беше Ангел Господов. |
22. | И и рече Маној на жената своја: "Бездруго ке умреме, бидејки Го видовме Бога." |
23. | Жената му рече: "Ако Господ сакаше да не умртви, не би примил од рацете наши жртва сепаленица и лебен принос, и не би ни го покажал сето она, а сега не би ни го открил ова." |
24. | и жената роди син и го нарече со името Самсон. И младенчето растеше, и Господ го благословуваше. |
25. | И Духот Господов почна да дејствува во него во Дановиот логор, ме у Сарај и Естаол. |
← Judges (13/21) → |