← Judges (12/21) → |
1. | Лу ето од Ефремовото племе се собраа, дојдоа во Сефин и му рекоа на Ефтаја: "Зошто отиде да војуваш против Амонитите, а нас не не повика со себе? Ние ке го изгорима со оган домот твој со тебе." |
2. | Ефтај им рече: "Јас и народот мој имавме со Амонитите силни караници; јас ве повикав, но вие не ме спасивте од рацете нивни. |
3. | Откако увидов, дека вие нема да ме спасите, го изложив животот на опасност и отидов против Амонитите, и Господ ги предаде во рацете мои; зошто дојдовте сега да војувате против мене?" |
4. | Тогаш Ефтај ги собра сите галадски жители и удри на Ефремовците, и жителите галадски ги испотепаа Ефремовците, велејки: "Вие сте бегалци Ефремови, а Галад е среде Ефрема и среде Манасија". |
5. | И Галадците ги зазедоа бродовите јордански од Ефремовците, и кога некој од унесрекените Ефремовци ке речеше: "дозволете ми да преминам", жителите галадски му велеа: "нели си ти Ефремовец?" Тој ке одговори: "не". |
6. | Тие ке му речат: "кажи шиболет", и тој ке рече: "сиболет", и не можеше никако да го изговори. Тогаш тие го земаа и го заколуваа при бродот преку Јордан. И во тоа време од Ефремовците паднаа читириесет и две иљади. |
7. | Ефтај беше судија над Израилот шест години, и умре Ефтај, и беше погребан во еден од галагадските градови. |
8. | По него судија над Израилот беше Есевон од Витлеем. |
9. | Тој имаше триесет синови, а триесет керки од домот свој омажи, додека тириесет керки зеде однадвор за синовите свои, и беше судија над Израилот седум години. |
10. | Есевон умре и беше погребан во Витлеем. |
11. | По него судија над Израилот стана Елон од Завулон и му судеше на Израилот десет години. |
12. | Умре и Завулонецот Елон и го погребаа во Елим, во земјата Завулонова. |
13. | По него беше судија над Израилот Авдон, син на Елива Фаратонецот. |
14. | Тој имаше четириесет синови и триесет внуци, кои јаваа на седумдесет ослиња; тој му судеше на Израилот осум години. |
15. | И умре Авдон, синот на Фаратонецот Елива, и беше погребан во Фаратон, во земјата Ефремова, во гората Амаликова. |
← Judges (12/21) → |