← Judges (11/21) → |
1. | А Ефтај беше од Галад, човек храбар; но беше син на една блудница, со која Гал го роди Ефтаја. |
2. | Но жената на Гал му роди синови. Кога пораснаа синовите од жената, таа го истера Ефтаја, велејки му: "Ти не си наследник на татковиот ни дом, зашто си син на друга жена." |
3. | И Ефтај избега од браката свои во земјата Тов. При Ефтајта се собраа тогаш безделниците и одеа по него. |
4. | По извесно време Амонитите влегоа во војна против Израилот. |
5. | Во времето на војната на Амонитите против Израилот отидоа галадските старешини да го доведат Ефтај од земјата Тов, |
6. | и му рекоа на Ефтаја: "Дојди, стани ни војвода и ке војуваме против Амонитите." |
7. | Ефтај им рече тогаш на галадските старешини: "Нели ме намразивте и ме истеравте од домот на така ми? Зошто дојдовте сега кај мене, кога сте во невоља?" |
8. | Галадските старешини му одговорија на Ефтаја: "За тоа дојдовме кај тебе сега, за да дојдеш со нас и да војуваш против Амонитите и да бидеш кај нас кнез на сите жители галадски." |
9. | А Ефтај им одговори на галадските старешини: "Ако ме вратите, за да се борам против Амонитите, и Господ ми ги предаде, - ке станам ли кај вас кнез?" |
10. | Галадските старешини му рекоа на Ефтај: "Господ нека биде сведок ме у нас, дека ке постапиме според зборот твој!" |
11. | Потоа Ефтај отиде со галадските старешини, и народот го постави за свој кнез и војвода. И Ефтај ги искажа сите свои зборови пред Господа, што ги беше рекол во Масифа. |
12. | И Ефтај испрати тогаш пратеници при амонитскиот цар да каже: "Што бараш од мене, та си дошол кај мене да војуваш во земјата моја?" |
13. | А амонитскиот цар им рече на Ефтаевите пратеници: "Кога Израил дојде од Египет, ја зазеде мојата земја од Арнон до Јавок и Јордан; затоа врати ми ја на мирен начин и јас ке се повлечам." |
14. | И се вратија пратениците на Ефтаја. Но Ефтај пак испрати пратеници при амонитскиот цар, |
15. | за да му кажат: "Вака вели Ефтај: Израел не ја зазеде земјата Моавска и земјата Амонитска; |
16. | зашто, кога доа аше од Египет, Израилот отиде во пустињата кај Црвеното Море и дојде во Кадес; |
17. | оттаму Израил испрати пратеници кај едомскиот цар за да кажат: ‘дозволи ми да минам низ земјата твоја‘. Но едомскиот цар не се согласи; и при моавскиот цар испрати, но и тој не се согласи. Зато Израил остана во Кадес. |
18. | И тргна преку пустињата, ја заобиколи земјата Едомска и земјата Моавска, и дојде до источната граница на Моавската земја, и се смести од онаа страна на Аронон; не не влезе во пределите моавски, бидејки Арнон е граница на Моав. |
19. | Но Израил испрати пратеници и при Сиона, царот аморејски, царот есевонски, и му рече: ‘дозволи ни да минеме преку твојата земја до нашето место.‘ |
20. | Но Сион не му дозволи на Израилот да мине преку пределите негови, и го собра Сион сиот народ свој, па се улогори во Јас и се судри со Израилот. |
21. | И Господ, Бог Израилев, го предаде Сиона и сиот негов народ во рацете на Израилот, и тој ги испотепа; и завладеа Израил со целата земја на Аморејците, кои живееја во таа земја, |
22. | и тие завладееја над сите предели на Амореја, од Арнон до Јавок и од пустињата до Јордан. |
23. | И така, Господ, Бог Израилев, ги изгони Аморејците пред народот Свој, Израилот, а ти сакаш да го завладееш? |
24. | Не владееше ли ти со тоа, што ти го дал Хамос, твојот Бог? И ние владееме со сето она, што ни го даде како наследство Господ, нашиот Бог. |
25. | Зар си ти подобар од Валак, Сепфоровиот син, царот моавски? Се карал ли тој со Израилот или војувал ли против него? |
26. | Израилот живее веке триста години во Есевон и во нему потчинетите градови, во Ароир и во потчинетите му градови, и во сите градови, што се блиску до Арнон; зошто за тоа вмреме не ги одзедовте? |
27. | Јас не сум виновен пред тебе, а ти ми правиш зло, излегуваш во војна против мене. Господ нека биде судија ме у синовите Израилеви и Амонитите." |
28. | Но амонитскиот цар не ги послуша зборовите на Ефтаја, што тој му ги испрати. |
29. | И слезе врз Ефтаја Духот Господов, и тој го премина Галад и Манасија, ја премина Масифа Галадска, и од Масифа Галаска отиде кај Амонитите. |
30. | И се заветува Ефтај пред Господа, велејки: "Ако ги предадеш Амонитите во рацете мои, |
31. | тогаш, кога ке се вратам со мир од Амонитите, се што ке ми излезе во пресрет од вратата на домот мој, нека биде за Господа, и ке го принесам за жртва сепаленица." |
32. | Па отиде Ефтај кај Амонитите, да се бори против нив, и Господ му ги предаде во рацете негови; |
33. | и им нанесе многу голем пораз, од Ароир до Менит, во дваесет градови, и до Авел - лозарски крај, и се смирија Амонитите пред синовите Израилеви. |
34. | Потоа дојде Ефтај во Масифа, во домот свој, и ете, керка му излегува во пресрет со тимпани и хор: таа му беше единица; освен неа немаше ни син ни керка. |
35. | Штом ја виде, ја раскина облеката своја и рече: "Ах, дете мое! Ти ме сосипа: и ти се ме у оние, што го нарушија спокојството мое! Јас ја отворив устата своја пред Господа и не можам да одречам." |
36. | Таа му одговори: "Татко! Ти си ја отворил устата своја пред Господа - прави го она со мене, што си го кажал со устата своја, штом Господ се одмазди преку тебе на твоите напријатели, Амонитите". |
37. | И му рече на татка си: "Направи ми уште, еве, што - пушти ме за два месеца да отидам да се искачам на гората и да го исплачам моминството свое со другарките мои!" |
38. | Тој и рече: "Оди!" И ја пушти за два месеца. Таа отиде со другарките свои и го оплакуваше моминството свое во гората. |
39. | По два месеца таа се врати при татка си, и тој го изврши над неа заветот свој, што го даде, и таа не позна маж. И стана обичај кај Израилот, |
40. | така што од година до година керките Израилеви да одат и ја оплакуваат керката на Галадецот Ефтаја, по четири дена секоја година. |
← Judges (11/21) → |