← Judges (10/21) → |
1. | По Авимелеха се крена да го спаси Израилот Тола, синот на Фуј, син Додов, од Исахарово племе. Тој живееше во Самир, на гората Ефремова. |
2. | Тој беше судија над Израилот дваесет и три години, и умре, и беше погребан во Самир. |
3. | По него се крена Јаир од Галад, кој беше судија над Израилот дваесет и две години. |
4. | Тој имаше триесет и два сина, кој јаваа на триесет и две ослиња, и тие имаа триесет и два града, кои и до денес се нарекуваат Јаирови селишта, а се во Галадската земја. |
5. | Умре Јаир и беше погребан во Камон. |
6. | А Израилевите синови пак почнаа да вршат зло пред Господа и им служеа на разни Вааловци и Астарти, на боговите сириски, на боговите сидонски, на боговите моавски, на боговите амонитски и на боговите филистејски, а Господа Го оставија и не Му служеа. |
7. | И се разгори гневот на Господа против Израилот, и Он ги предаде во рацете на Амонитите. |
8. | Оттогаш тие ги угнетуваа и ги мачеа Израилевите синови осумнаесет години по ред, сите Израилеви синови од онаа страна на Јордан во Аморејската земја, кој е во Галад. |
9. | Најпосле Амонитите го преминаа Јордан, за да војуваат против Јуда и Венијамина и против домот Ефремов. И синовите Израилеви беа на големи маки. |
10. | Па повикаа синовите Израилеви кон Господа и рекоа: "Згрешивме пред Тебе, зашто го оставивме нашиот Бог и им служиме на Вааловци." |
11. | И Господ им рече на Израилевите синови: "Не ве угнетуваа ли Египтјаните и Аморејците, Амонитите и Филистејците, |
12. | Сидонците, Амаликијците и Моавците и кога повикавте кон Мене, не ве спасив ли од рацете нивни? |
13. | А вие Ме оставивте и почнавте да им служите да други богови; затоа нема повеке да ве спасувам; |
14. | одете, повикајте ги боговите, што сте ги избрале, нека ве спасат тие во ова за вас тешко време." |
15. | Тогаш синовите Израилеви Му рекоа на Господа: "Згрешивме; прави со нас се што Ти е угодно, само спаси не сега." |
16. | И ги отфрлија од себе ту ите богови и почнаа да Му служат само на Господа. И не ги истрпе душата Негова страдањата Израилеви. |
17. | Амонитите, пак, се собраа и се сместија, се улогорија во Галад; исто така се собраа и Израилевите синови и се улогорија во Масифа. |
18. | Народот и началниците галадски се рекоа еден на друг: "Кој ке почна војна против Амонитите, тој нека биде началник на сите галадски жители." |
← Judges (10/21) → |