← Joshua (9/24) → |
1. | Откако го чуја тоа аморејските цареви, кои беа од оваа страна на Јордан, по планината и рамнината и по целиот брег на Големото Море, и кои беа близу до Антиливан, - Хетејците, Аморејците, Гергесејците, Хананејците, Ферезејците, Евејците и Јевусејците, |
2. | се собраа сите, за да удрат заедно против Исуса и Израилот. |
3. | Но жителите гаваонски, откако чуја, што му направил Господ на Јерихон и на Гај, |
4. | употребија и тие итрина; отидоа и се снабдија со храна за пат и ставија ветви вреки на ослите свои и ветви, испокинати и закрпени мевови за вино; |
5. | и обувките на нозете им беа стари, закрпени, и облеката нивна - ветва; и сиот леб нивни за пат беше сув и мувлосан. |
6. | Тие дојдоа кај Исуса во логорот Израилев во Галгал и му рекоа нему и на сите Израилци: "Ние сме дојдени од многу далечна земја; впрочем ако сакате склучете со нас сојуз." |
7. | А Израилците им одговорија на Евејците: "Вие, можеби живеете близу до нас; како ке склучиме сојуз со вас?" |
8. | Тие му рекоа на Исуса: "Ние сме твои робови." А Исус ги праша: "Кои сте вие и од каде сте дошле?" |
9. | Тие му одговорија: "Од многу далечна земја се дојдени твоите робови во името на Господа, твојот Бог, зашто ја чувме славата Негова и за се што извршил Он во Египет, |
10. | и за се она, што им направи на двајцата аморејски цареви, кои беа од онаа страна на Јордан, на есевонскиот цар Сион и на васанскиот цар Ог, кои живееја во Астарот и во Едраин. |
11. | Кога го чуја тоа, старешините наши и сите жители на нашата земја ни рекоа: земе во рацете свои леб за пат, одете им во пресрет и кажете им: ‘Ние сме ваши робови; па, ако сакате, склучете сојуз со нас. |
12. | Овој наш леб го зедовме од куките наши топол во денот, кога тргнавме кон вас, а сега ете, тој се исушил и мувлосал; |
13. | и овие мевови со вино, кои кога ги наполнивме беа нови, ете се испокинаа; и овие наши облеки и обувките изветвеа поради многу долгиот пат." |
14. | И кнезовите го зедоа лебот нивни, а Господа не го прашаа. |
15. | Тогаш Исус склучи со нив мир и постави услов, дека ке им го зачува животот; и кнезовите на народот им се заколнаа. |
16. | А по три дена, откако склучија со нив сојуз, слушнаа дека тие биле нивни соседи и дека живеат близу до нив; |
17. | зашто синовите Израилеви кога тргнаа на пат, дојдоа до градовите нивни на третиот ден; градотиве нивни, пак, беа: Гаваон, Кефира, Вирот и уште градот Јарим. |
18. | Исус и синовите Израилеви не ги погубија, зашто сите кнезови народни им се заколнаа во Господа, Израилевиот Бог. Затоа целото општество Израилево замрмори против кнезовите. |
19. | Сите кнезови му рекоа на целиот народ: "Им се заколнавме во Господа, Израилевиот Бог, и затоа не можеме да ги допреме нив; |
20. | а, еве, што ке направиме со нив: ке ги оставиме живи, за да не не стигне гневот поради клетвата, со која им се заколнавме." |
21. | И им рекоа уште кнезовите: "Нека живеат, но ке сечат дрва и ке носат вода за целото општество." И целиот народ направи така, како што му рекоа кнезовите. |
22. | Исус ги повика и им рече: "Зошто не измамивте, кога рековта: ‘ние сме многу далеку од вас, а вие сте живееле блиску до нас?‘ |
23. | Отсега да сте проклети! Вечно ке бидете робови, ке сечете дрва и ке носите вода за мене и за домот на мојот Бог!" |
24. | Тие му одговорија на Исуса и рекоа: "Дојде до ушите на твоите робови, дека Господ, твојот Бог, му заповедал на својот слуга Мојсеј, оти ке ви ја даде цела земја, и дека ке не погуби нас и сите жители на оваа земја пред лицето ваше; затоа ние многу се уплашивме да не ни го земете животот, па го направивме тоа; |
25. | сега, ете, ние сме во твои раце: како ти се чини дека е подобро и посправедливо да постапиш со нас, така и направи." |
26. | И Исус така и постапи со нив: ги избави од рацете на синовите Израилеви, и тие не ги погубија. |
27. | И во тој ден Исус нареди тие да сечат дрва и да носат вода за целото општество и за жртвеникот на Господа; поради тоа оние што живееја во Гаваон станаа дрвари и водари за жртвеникот Божји дури и до денес, на она место, што ке го избере Господ. |
← Joshua (9/24) → |