← Joshua (8/24) → |
1. | И му рече Господ на Исуса: "Не палши се и не се ужасувај; земи ги со себе сите мажи, способни за војна и оди во Гај; ете, Јас го предавам во твои раце гајскиот цар и народот негов, градот негов, и земјата негова. |
2. | Направи му на Гај и царот негов исто она што му направи на Јерихон и царот негов; само пленот и добитокот негов поделете се го; постави заседа зад градот." |
3. | Исус и сите мажи, способни за војна, се подготвија да одат во Гај; и одбра Исус триесет иљади души храбри и ги испрати во текот на нокта, |
4. | им даде заповед, велејки: "Скријте се зад градот; не се оддалечувајте од градот и бидете сите готови; |
5. | јас, пак, и сите мажи, што се со мене, ке се доближиме до градот и штом жителите галски ке излезат против нас, како и порано, ние ке избегаме од нив; |
6. | тие ке јурнат по нас, и така ние ке ги одвлечеме од градот, зашто тие ке речат: - бегаат од нас, како и порано -; откога ке избегаме од нив, |
7. | вие станете од заседата и одете во градот, и Господ, вашиот Бог, ке ви го предаде во рацете ваши. |
8. | Откога ке го преземете градот, запалете го градот со оган, постапете според заповедта моја; тоа ви го заповедам јас." |
9. | Така ги испрати Исус, и тие отидоа во заседа и заседнаа ме у Ветил и Гај, на запад, од Гај; таа нок пренокева Исус среде народот. |
10. | Откако стана утрината рано, Исус го прегледа народот и тргна тој и старешините Израилеви пред народот за Гај; |
11. | и сите мажи, способни за војна, што беа со него, тргнаа, се приближија и дојдоа до градот од спротива, од исток, додека заседата беше откај морето. |
12. | И се сместија на север од Гај, а ме у нив и Гај имаше долина. Потоа Исус зеде до пет иљади души и го постави во заседа ме у Ветил и Гај, на запад од градот. |
13. | И целиот логор, кој беше на север од градот, се распореди така, што западниот дел беше на запад од логорот. А Исус отиде таа нок среде долината. |
14. | Штом гајскиот цар го виде тоа, стана рано и излезе веднаш со жителите градски против Израилот во борба на определеното место пред рамнината; но тој не знаеше, дека против него има заседа зад градот негов. |
15. | Исус и целиот Израил, како божем се разбиени од нив, избегаа кон пустињата; |
16. | а тие го повикаа целиот народ, што беше во градот, за да ги гонат, и, гонејки го Исуса, се оддалечија од градот; |
17. | и не остана во Гај и Ветил ниту еден човек, кој не беше тргнал по Израилот; а градот свој го оставија отворен, гонејки го Израилот. |
18. | Тогаш Господ му рече на Исуса: "Спружи го копјето, што е во раката твоја, кон Гај, бидејки Јас ке го предадам во рацете твои и заседата веднаш нека стане од местото свое!" Исус ја сприжи кон градот раката своја со копјето, што беше во раката негова. |
19. | А оние што беа во заседа станаа веднаш од местото свое и јурнаа, штом ја испружи раката своја, влегоа во градот, го презедоа и за миг го запалија со оган. |
20. | Жителите гајски, кога погледнаа назад, видоа, дека од градот се крева дим кон небото. Немаше каде да бегаат - ниту натаму, ниту наваму; зашто народот, што беше во пустињата, се сврте кон гонителите. |
21. | Исус и целиот Израил, кога видоа, дека оние што беа во заседа го презеле градот и дека од градот се крева дим кон небото, се вратија и почнаа да ги убиваат Гајците. |
22. | А оние од градот излегоа против нив, така што тие се надјоа ме у Израилците, од кои едни беа на една страна, а другите на друга; така ги разбија, што не оставија од нив ниту еден жив, ниту избеган; |
23. | а гајскиот цар го фатија жив и го доведоа кај Исуса. |
24. | Откога Израилците ги убија сите жители од Гај во полето и пустињата, каде што ги гонеа, и откако тие сите до еден паднаа од сечилото на мечот, тогаш сите Израилци се вратија во Гај и го поразија со сечилото на мечот. |
25. | Загинатите од тој ден мажи и жени, сите од Гај, беа дванаесет иљади. |
26. | Исус не ја тргна раката своја, што ја беше испружил со копјето, додека не ги проколна сите од Гај; |
27. | само добитокот и пленот од тој град синовите Израилеви го поделија ме у себе, според Господовиот збор, што Господ беше му го кажал на Исуса. |
28. | Тогаш Исус го изгори Гај и го претвори во вечни урнатини, во пустињата до денес; |
29. | а гајскиот цар го обеси на дрво и го остави на дрвото до вечерта; по зајдисонце Исус пак им заповеда, и го симнаа трупот негов од дрвото, го фрлија пред градските порти во ров, и натрупаа врз него голема грамада камења, која постои до ден денешен. |
30. | Тогаш Исус му изгради жртвеник на Господа, Бога на Израилот, на гората Гевал, |
31. | како што Мојсеј, слугата Господов, им беше заповедал на синовите Израилеви, за кое беше напишано во книгата на Мојсеевиот закон, - жртвеник од цели камења, до кои не допрело железо; и принесоа врз него сепаленица на Господа и жртва за спасение. |
32. | И таму на камењата Исуа напиша препис од законот на Мојсеја, што тој го беше напишал пред синовите Израилеви. |
33. | Сиот Израил, старешините негови и управителите негови и судиите негови, застанаа од едната и од другата страна на ковчегот спроти свштениците, - левитите, кои го носеа ковчегот на заветото Господов, - како придојдените, така исто и придојдените жители, едната половина од нив кај планината Гаризим, а другата половина кај планината Гевал, како што порано Мојсеј, слугата Господов, беше заповедал да се благослови народот Израилев. |
34. | Потоа Исус го прочита сите зборови од законот, благословувањата и проклетстава, како што е напишано во книгата на законот; |
35. | од се она, што Мојсеј му беше заповедал на Исуса, немаше ни збор, што Исус не го причита пред целото Израилско собрание, пред мажите и жените и децата и придојдените, што се најдоа ме у нив. |
← Joshua (8/24) → |