← Joshua (6/24) → |
1. | А Јерихон беше утврден и затворен поради страв од синовите Израилеви; никој не излегуваше и не влегуваше во него. |
2. | Тогаш му рече Господ на Исуса: "Еве, Јас го предавам Јерихон во рацете твои и царот негов и силните лу е во него; |
3. | опколете го градот сите вие, способни за војна, и обиколувајте го градот по еднаш секој ден, така правете шест дена; |
4. | и седум свештеници нека носат пред ковчегот седум труби од рогови; а седмиот ден обиколете го градот седумпати и свештениците нека трубат со трубите од рогови. |
5. | И штом ке затрубат со трубниот рог, па го чуете гласот трубен, целиот народ нека воскликне, и градските sидишта ке паднат сами до основата своја пред оние што викаат; и тогаш целиот народ да навлезе во градот, тргнувајки секој од своето место." |
6. | Тогаш дојде Исус, синот Навинов, кај свештениците Израилеви и им рече: "Земете го ковчегот на заветот Господов и седум свештеници нека носат седум рожени труби пред ковчегот Господов!" |
7. | И им рече, велејки: "Заповедајте му на народот да го обиколат и да го опкружат градот; а вооружените нека одат пред ковчегот Господов." |
8. | Штом Исус му го кажа тоа на народот, рече и седумте свештеници, што ги имаа седумте свештени труби, да појдат и да затрубат громогласно со трубите, и ковчегот на заветот Господов да оди по нив. |
9. | Вооружените, пак, одеа пред свештениците, кои трубеа со трубите; и оние што одеа по нив, по кочегот на заветот Господов, трубеа со трубите. |
10. | На народот, пак, Исус му заповеда и рече: "Не викајте и да не се чуе глас од вас, и да не излегува збор од устата ваша до оној ден, додека не ви заповедам: викајте! - и тогаш ке викнете." |
11. | Така ковчегот на заветот Господов тргна околу градот и еднаш го обиколи; и дојдоа во логорот и нокеваа во него. |
12. | На вториот ден Исус стана утрината рано, и свештениците го понесоа ковчегот на заветот Господов; |
13. | и седумте свештеници, што ги носеа седумте труби пред ковчегот Господов, одеа и трубеа со трубите; вооружените, пак, одеа пред нив, а другите одеа по ковчегот на заветот Господов и свештениците затрубија со рожените труби. |
14. | И вториот дена го обиколија градот еднаш и се вратија во логорот. Така правеа шест дена. |
15. | На седмиот ден станаа рано и го обиколија градот седумпати; само тој ден го обиколија градот седумпати. |
16. | И при седмото заобиколување свештениците затрубија во трубите. Тогаш Исус му рече на народот: "Викајте, бидејки Господ ви го предаде градот! |
17. | И градот нека биде проколнат, и се што е во него, од силата Господова; само блудницата Раав запазете ја, неа и секој што е во домот нејзин; зашто таа ги сокри извидниците што ги пративме. |
18. | Но вие пазете се од клетвата, за да не паднете и самите по клетва, ако земете нешто од заколнатото, и со тоа на логорот и на синовте Израилеви да им нанесете клетва, и нас да не истребите. |
19. | Златото, пак, среброто и бакарот и железото се за Господа и да се внесат во сокровиштето Господово!" |
20. | И затрубија свештениците со трубите. Штом го чу народот гласот на трубите, сите заедно извикаа со висок и силен глас, и сите градски sидишта паднаа, и целиот народ влезе во градот, секој од своето место, и го презедоа градот. |
21. | И проколна Исус се што беше во градот, - мажите и жените, младите и старите, овците и ослите; се се истреби со меч. |
22. | А на двајцата младичи што ја беа разгледале земјата, Исус им рече: "Влезете во домот на жената блудница и изведете ја оттаму неа и сите што се кај неа, бидејки вие и се заколнавте." |
23. | Тогаш влегоа младичите, што го разгледуваа градот, во домот на жената и ја изведоа блудницата Раав и таткото нејзин, мајката нејзина, браката нејзини и сите нејзини роднини и сите, што беа кај неа, ги изведоа и ги ставија надвор од логорот на Израилот. |
24. | А градот и се што беше во него, го изгореа со оган; само среброто и златото, бакарот и железото ги предадоа, за да се внесат во сокровишницата Господова. |
25. | Блудницата, пак, Раав и целиот нејзин татков дом, Исус ги остави живи, и таа живее ме у Израилот до денес, зашто ги сокри извидниците, што ги испрати Исус за да го разгледаат Јерохон. |
26. | Во тој ден Исус проколна и рече: "Проклет да биде пред Господа оној, што ке го издигне и изгради овој град Јерихон; врз првородениот син свој тој ке ги положи основите негови и врз најмалиот син свој ке ги постави портите негови!" А тоа го направи Азан, родум од Ветил; тој го основа врз првородениот син свој Авирон и врз најмалиот, Спасен, ги постави портите негови. |
27. | И Господ беше со Исус, и славата Негова се разнесуваше по целата земја. |
← Joshua (6/24) → |