← Joshua (3/24) → |
1. | Тогаш Исус стана рано утредента, и тргна од Ситим и дојде до Јордан, тој и сите синови Изриалеви, и застанаа таму пред да го минат. |
2. | По три дена тргнаа управителите низ логорот, |
3. | и им заповедаа на лу ето, велејки: "Кога ке го видите ковчегот на заветот Господов, вашиот Бог, и свештениците наши, левитите, да го носат, тргнете и вие од местото ваше и одете по нив. |
4. | Но растојанието ме у вас и нив да биде околу две иљади лакти; не се доближувајте до него, за да го знаете патот, по кој ке одите; зашто вие не сте оделе по тој пат ни вчера ни завчера." |
5. | И му рече Исус на народот: "Исчистете се утре рано, бидејки Господ ке изврши ме у вас чудеса." |
6. | На свештениците, пак, им рече Исус: "Земете го Ковчегот на заветот и одете пред народот." Свештениците го зедоа Ковчегот на заветот и тргнаа пред народот. |
7. | Тогаш Господ му кажа на Исуса: "Денес ке почнам да те издигам пред очите на сите синови Израилеви, за да дознаат дека, како што бев со Мојсеја, така ке бидам и со тебе. |
8. | А сега заповедај им на свештениците, кои го носат ковчегот на заветот, и кажи им: штом ке влезете во водите на Јордан, запрете во Јордан. |
9. | Исус им кажа на синовите Израилеви: "Дојдете ваму и чујте ги зборовите на Господа, вашиот Бог!" |
10. | Уште им рече Исус: "Од тоа ке дознаете дека ме у вас е живиот Бог, Кој ке ги изгони од вас Хананејците и Хетејците, Евејците и Ферезејците, Гергесејците, Аморејците и Јевусејците; |
11. | ете, ковчегот на заветот Господов на целата земја ке тргне пред вас преку Јордан; |
12. | и земете си дванаесетмина лу е од синовите Израилеви, по еден човек од секое племе; |
13. | и штом нозете на свештениците, кои го носат ковчегот на Господа над целата земја, ке стапнат во водите на Јордан, водата јорданска ке се прекине, а водата што тече одозгора, ке запре." |
14. | И така, кога народот тргна од шаторите свои, за да го мине Јордан, и свештениците го понесоа ковчегот на заветот Господов пред народот, |
15. | тогаш, штом оние, што го несеа ковчегот на заветот Господов влегоа во Јордан, и нозете на свештениците, кои го носеа ковчегот, се наквасија во водите на Јордан; а Јордан пак, се излива од сите свои брегови за сето време во жетвата на пченицата. |
16. | Водата, што течеше одозгора, запре и стана како карпа на многу големо растојание, од градот Адам, дури до пределот Зартан; а водата што течеше одозгора, почна да тече во морето, кое е солено море, се додека не истече. |
17. | А народот стоеше спроти Јерихон; кога пак свештениците, што го носеа ковчегот на заветот Господов, застанаа на суво среде Јордан, тогаш и сите синови Израилеви преминуваа на суво, додека целиот народ не го премина Јордан. |
← Joshua (3/24) → |