← Joshua (22/24) → |
1. | Тогаш Исус го повика Рувимовото и Гадовото племе и Манасиевото полуплеме и им рече: |
2. | "Вие чувте се, што ви беше заповедано од Мојсеја, слугата Господов, и ги послушавте сите мои зборови во се, што ви заповедав; |
3. | вие не ги напуштавте браката свои во текот на многуте денови и ги запазивте заповедите на Господа, вашиот Бог. |
4. | Сега Господ, вашиот Бог, ги успокои вашите брака, како што им беше говорел; и така, вратете се и одете во домовите ваши, во земјата на вашето наследство, што ви ја даде Мојсеј, слугата Господов, од онаа страна на Јордан; |
5. | само пазете грижливо да ги исполнувате заповедите и законот, што ви го даде Мојсеј, слугата Господов: да Го сакате Господа, вашиот Бог, да одите по сите Негови патишта, да ги пазите заповедите Негови, да се приврзувате кон Него и да Му служите со сето срце ваши и со сета душа ваша." |
6. | Потоа Исус ги благослови и ги отпушти и тие се разотидоа по домовите свои. |
7. | На едната половина од Манасиевото племе Мојсеј и даде во Васан, а на другата половина Исус и даде дел со браката нивни во Јордан кон морето. И кога Исус ги отпушти во домовите нивни и ги благослови, |
8. | со големото богатство се вратија во домовите свои, со многу многу добиток, со сребро, со злато, со бакар и со железо, и со големо множество облека; и го разделија пленот земен од непријателите со браката свои. |
9. | Тогаш синовите Рувимови и синовите Гадови и полуплемето Манасиево се вратија и тргнаа од синовите Израилеви од Силом, кој што е во Хананската земја, за да си одат во земјата Галад, во земјата на наследството свое, што го добија по заповед на Господа, дадена преку Мојсеја. |
10. | Кога дојдоа во околината на Јордан, во Хананската земја, синовите Рувимови и синовите Гадови, и полуплемето Манасиево изградија таму, крај Јордан, еден жртвеник, жртвеник голем на изглед. |
11. | И слушнаа Израилевите синови дека се зборува: ‘Ете, синовите Рувимови и синовите Гадови и полуплемето Манасиево изградиле жртвеник во Хананската земја, во Галилот крај Јордан, наспроти Израилевите синови.‘ |
12. | Штом го чуја тоа Израилевите синови, со собра целото општество на синовите Израилеви во Силом за да одат во војна против нив. |
13. | Најнапред синовите Израилеви го испратија кај синовите Рувимови и кај синовите Гадови и кај полуплемето Манасиево во Галадската земја Финес, синот на свештеникот Елеазар, |
14. | и со него десет кнезови, по еден кнез од домовите на татковците од сите Израилеви племиња; секој од нив беше војвода во иљадниците Израилеви. |
15. | И тие дојдоа кај синовите Рувимови и кај синовите Гадови и кај полуплемето Манасиево во земјата Галад и им рекоа, велејки: |
16. | "Еве што вели целото општество Господово: каков престап сте направиле пред Господа, Израилевиот Бог, со тоа што сте отстапиле сега од Господа, Израилевиот Бог, сте си подигнале жртвеник и отстапивте сега од Господа? |
17. | Зар мал ви беше гревот Фогоров, од кого не сме се очистиле ни до ден денес и поради него дојде пораз врз општеството Господово? |
18. | А вие денес отстапувате од Господа! Денес станувате против Господа, а утре Господ ке се разгневи на целото општество Израилево. |
19. | Ако, пак, земјата на вашето наследство ви е мала, поминете сите во земјата Господова, во која се нао а скинијата Господова, земете дел ме у нас, но не станувајте против Господа, нити против нас станувајте, градејки си друг жртвеник, освен жтвеникот на Господа, нашиот Бог; |
20. | зар Ахан, синот Зарин, не изврши ли самиот престап, земајки од заколнатото, а гневот падна врз целото општество Израилево? Не умре само тој поради беззаконието свое." |
21. | И одговорија на тоа синовите Рувимови и синовите Гадови и полуплемето Манасиево и им рекоа на војводите Израилеви: |
22. | "Господ Бог на боговите, Господ е Бог Господ, Он знае, и Израилот нека знае! Ако отстапуваме од Господа, Господ нека не не поштеди овој ден! |
23. | Ако сме изградиле жртвеник, за да отстапиме од Господа, нашиот Бог, или за да принесуваме на него сепалиници или да принесуваме на него жртви за спасение, самиот Господ нека суди! |
24. | Но за добро го направивме ние тоа, за да не им речат утре вашите синови на нашите синови: ‘Што имате вие со Господа, Израилевиот Бог?‘ |
25. | Господ го одреди Јордан за граница ме у нас и вас, синовите Рувимови и синовите Гадови, вие немате дел во Господа. Така синовите ваши ке ги оту ат нашите синови да не Му служат на Господа. |
26. | Затоа рековме: да си подигнеме жртвеник не заради приноси ниту заради жртви, |
27. | туку за да биде тој ме у вас и нас, ме у нашите родови по нас, сведок, дека ние можеме да Му служиме на Господа пред нив со наши приноси, и со наши жртви и со наши жртви за спасение и за да ни им речат утре вашите синови на нашите синови: ‘вие немате дел во Господа.‘ |
28. | Па си рековме: ако така ни кажат нам и на нашите родови по нас, ние ке им речеме: ‘Видете ја сличноста на жртвеникот Господов, што го направиле нашите татковци, на заради приноси ниту заради жртви, туку за да биде сведок ме у вас и нас и ме у синовите наши. |
29. | Далеку сме од мислата, да отстапиме од Господа, и да се одвратиме од Господа, и да sидаме жртвеник за приноси, жртви за грев и жртви за спасение, освен пред жртвеникот на Господа, нашиот Бог, кој е пред скинијата Негова." |
30. | Свештеникот Финес, сите кнезови на општеството и војводите на иљадниците Израилеви, што беа со нив, кога ги ислушаа зборовите, што ги рекоа Рувимовите синови, Гадовите синови и Манасиевите синови ги одобрија. |
31. | И Елеазаровиот син, свештеникот Финес, им рече на синовите Рувимови, на синовите Гадови, и на полуплемето Манасиево: "Денес познавме, дека Господ е со нас, дека вие со тоа не сте извршиле пред Господ престап, но дека сте ги избавиле синовите Израилеви од раката Господова." |
32. | Тогаш Елеазаровиот син, свештеникот Финес, и кнезовите народни се вратија од синовите Рувимови и од синовите Гадови и од племето Манасиево во Хананската земја кај синовите Израилеви и им донесоа одговор. |
33. | И на Израилевите синови тоа им беше угодно, па Го благословија синовите Израилеви Бога и рекоа дека нема да војуваат против нив, и да ја разорат земјата, во која живеат синовите Рувимови и синовите Гадови и полуплемето Манасиево. |
34. | И Рувимовите синови и Гадовите синови и полуплемето Манасиево го нарекоа тој жртвеник Ед, зашто, рекоа тие, тој е сведок ме у нив, дека Господ Бог е нивни Бог. |
← Joshua (22/24) → |